Здраво мајки, бебе ќе прави 3 месеци на 8 ми април и претходно касно заспиваше околу 23:30 ама спиеше цела ноќ дури ка видев сабајле во 6,7 за јадење. Пред една недела ја прими рота и почна уште покасно да заспива 1,2,3 сабајле. Дали исто ви се случило? И почна исто рацете во уста нели и да се лигави па се закашлува дали од плунката не знам пошто се беше во ред на прегледот.
За спиењето не знам, моето продолжи исто да спие како порано, во 20ч заспива. Само првите два дена беше поспана повеќе преку ден, сакаше во раце. За раце во уста, уште пред ротата ги буташе и продолжи и сега да ги бута. Од плунката се закашлуваат, тоа и педијатар ми го кажа. Вика ќе приметиш ако кашла поинаку како да е болна. Во орална фаза се сега, повеќе плунка лачат. Кога лежи на грб се закашлува често моето. Инаку исто сме, на 7 прави 3 месеци.
Да на грб се закашлува повеќе исто. А во 8 заспиваше првите недели после смени покасно ама ова сега е многу касно веќе не можам да го регулирам порано спиењето…
Мајки дали на некоја и се има случено бебето да не ја сака цуцлата? 3 месеци сме до пред неколку дена ја користеше само за заспивање. Последниве 2 дена не сака никако ја плука и се гади… не заспива без неа но ја одбива..Пробав и со други но залудо
Не му ги вади рацете, јас ја оставам преку ден да ги става, така се смирува кога е нервозна и си го осознава телото и околината. Од тоа ти се закашлува, некогаш цела шака ја бута и и се згадува. За спиење, гледај што порано да го/ја заспиваш, направи рутина, секоја вечер истото.
Мајки бебе скоро 5 месеци како ги возите во количка? Скроз рамно или може веќе во полуседечка положба под агол 45 стрпени?
Бебе се врти на подлогата нагло од стомак на грб и буквално му мава силно главата и почнува да плаче. Се случува од подлогата на паркет да удри. Може ли да се повреди?
Заспива порано ама кратко трае тоа вистинското спиење многу касно го премести ама ќе пробуваме што да правиме
И кај мене едното близначе си беше на чева страна во матка,и сшиењето му беше главчето на чева страна.Истото и на мене Талевски ми кажа само по себе ќе се среди ама и мене ми е стрв дали ќе се среди.Инаку со страната се навикна веќе повеќе сега е на грб и на другата страна исто има подобрување ама не е дкроз исправено
Здраво мајки бебето е старо месец дена и сме на дохрана бебелан пие по 90мл на оброк на 2 ипол часа мое млеко имам мн малку и нема оброк родено е 4 кг после 2 нед се поправи 800 гр сега не ми е мерено па сакав да видим ваше мислење ми е страв да не е некако многу а нз што да правам пишти плачки со ништо не се се смирува ни нишање ни цицка освен со шишето кога ќе се најаде е мирно
Женски ми треба совет и мислење за барем каде да се обратам. Не е толку сериозна работава колку што не можам да пофатам ред и се фрустрирам зошто не сакам да му наштетам никако на бебе. Се роди 3700г и од тогаш сме на доење + АД. Првата недела примаше 45мл дохрана ама беше нон стоп гладен па ние на наша рака му дававме 90мл два пати во денот. И така добро си напредуваше, па втората ставија 75 дохрана и на контрола видовме дека слабо напреднал и дека веројатно му е малку па качија 90мл секоја дохрана и вчера излезе дека тоа му е многу бидејќи имаше ептен накачено килажа за неколку дена. Па сега рекоа дохрана на 6 часа. Друга работа е доењето. На почетокот имав многу малку млеко и користев силиконска брадавица, така што претпоставувам дека не се најадувал многу од мене ама затоа знаев дека ќе се најаде од АД. Пред една недела веќе почна да ми надоаѓа многу повеќе млеко и ја тргнав силиконската и сега гледам и дека многу повеќе и поубаво си цица. Ама како да знам дали и колку му е доволно? Колку пати дневно да цица? Се измолзив неколку пати и имам од 40-60мл ама педијатарот ми кажа дека со цицање тој си влече повеќе. И како сега да знам колку да го оставам да цица и дали е најаден без АД после секој подој? Најголемиот проблем сега ми е што почнаа грчевите, веќе два дена е хорор и не знам дали плаче од нив или од глад. Ако имате и за тоа некоја препорака би била благодарна, почна до еспумисан ама не гледам некое подобрување, а исто сме и на колиф, тие си ги прима од почетокот.
За грчеви има специјални млека anticolic ние конкретно го користевме на Novalac AC. Ако не си сигурна колку цица измолзувај се ако не ти е малтрерирање. Колкаво е бебето?
Колку време го пиете тоа млеко? И мене ми дадоа ама од аптамил ама не ми кажаа колку време да го пиеме
Мајка, штом сте и на доење, многу му е 90мл па макар и 75мл ад. Гледаш многу напреднал, така да според мене немаш потреба од толку. Штом ти дошло повеќе млеко, оти не го пробаш како ќе реагира само на доење? Неможеш да знаеш колку цица, ама ќе го пратиш како ќе се понаша после доење. Ако си е мирно и си заспие, значи доволно му е. Верувај гладно бебе неможе да не препознаеш, врескаат колку што можат. Нас за грчеви ни помогнаа инфакол капки и бекутан чајче. Што не пробавме и оваа беше конечно добитна комбинација. Ако има кој да ти ги донесе капкиве, не е лошо да пробате мајка.