Пиши си слободно, сите сме го поминале истото. Пред се сте 40 дена, цело време е пред вас за шетање. Бебе уште незнае каде се наоѓа. Повиј го, гушкајте се, кожа на кожс и трпени, многууу трпение. За два месеци, ова ќе го заборавиш и ќе пишуваш како сте шеткале цел ден.
Колку време треба да биде разбудено бебе од 1 месец?? Разбуден е од 19 ч. После капење секогаш заспиваше вечерва не ...Еве 12ч. е не е заспан уште ...
Ама спие, ни завршува веќе скокот, уште некој ден. Не сака да заспие со никој освен мене, тоа е проблемот.. само навечер е. Јас ја успивам без проблем.. не можам да излезам никаде. Не заспива со никој друг.
Ние немавме никакви правила на 1м. Секој ден беше различен. А се случуваше и ова. Гушкајте се, можеби е престимулирано.
Имавме и ние сличен период кај што така беше беба. Има некој shadow leap као мини сепарациска анксиозност. Можда ви е поклопено. Бебе секако ќе менува, нема никакви правила. Едит: може е до деновиве. Иста е и мојава. Станав до тоалет. Врескаше.
Веќе месец дена трае… имам купено карти уште од декември за 12 преставата, сега април треба да одиме, како ќе одам… не знам.
Исто така почна да прави кога имаше месец, првите три недели скоро само спиеше и јадеше, ја будевме на секои 2 и пол,3 часа за да јаде и после почна да намалува со спиењето. Преку ден почна помалку да спие а навечер исто знаеше да не фати 12,1,2. Преку ден како сте со спиењето?
Пробав но прекратко ,јас не можам да стигнам до тоалет да отидам.Не знам мене нереално ми личи на голема молитва како ќе отидеме а не да шетаме.Не знае да се разбуди весело секогаш е со плачење и вриштење а јаде редовно на 3 саати без разлика дали јас ќе го будам ,најчесто сам се буди на 3 саати.Трчам да направам веднаш млеко мењај пелена за да не плаче.
Го повивам некогаш успева тоа најчесто не уште толку му пречи од грчевите.Правам масажа со кремичката на фезидерм уште толку плаче.Ако го допреш за стомаче вришти.Вежбите исто правам не му помагаат ни малце
Купивме аптамил комфорт но не ми го допива млекото ,не сакам веднаш да му менувам многу различни млека.Колиеф исто пробав но во лажичка со мајчино.За во шише не можам да стигнам да чекам половина час да стојат зошто рика за јадење.Плус споро јаде додека да почне ќе помине времето од кога е направено 1 час.
Не знам еве со другарка зборам нејзиното 2 месеци и грчеви прекинале и шетаат уште од пред 1 месец да има.Ние сме невозможна мисија најтешко ми е што се буди со плачење.Како ќе тргнам некаде ќе вришти,не заспива.Во кола пробавме додека вози колата заспива застани на семафор плаче.Вртам кругови со количката низ дома попусто не заспива ќе поседи 5 минути и пак плачење.Грчевите не ни се периодични туку цел ден ни траат зарем е возможно да го мачат цел ден.
Пробав и со топло како да не сум ставила ништо,и чајче му давам ќе се смири го пие со сласт и по 10 мин иста приказна.Се плашам што не спие преку ден ,дали 15 20 минути и тоа со думкање во раце.И повторно дошло време за јадење и се така во круг.Преуморно е а не заспива.
Си има мака бебенцето мајка. Освен да ти кажеме дека сѐ ќе помине и да бидеш силна, друго нема. И јас поминав низ истото и многу други членки. Дури сега на 2 месеци почна да е малку повеќе весел и да се смее, инаку беше вечито нерасположен и расплакан. Грчевите си го прават своето, тоа е. Некои бебиња полесно ги поднесуваат, некои не. Не знам дали си ме читала, може и досадна сум со ова, ама сакам да ви сум од помош. Нас за грчеви најмногу ни помогна бекутан чајче и инфакол капки. А уште што не пробавме и ние, колиеф, бејбитол коли, еспумисан, сирупот нурсе и џабе. Еве ако има кој да ти ги донеси капките пробај, можеби ќе има промена и кај вас.
Мене ми звучи нереално секој нов ден ми е како бетер да е.Душа ми плаче веќе .Повивам го ставам да лежи на мене,за трпение не знам од кај сила наоѓам сум станала од 3 сабајле до 1 сабајле следниот ден будна.1 одвај јадам.И помош да дојде а доаѓаат бебуш не и не кога не се смирува и не заспива.
Уште тие останаа да ги земам.Се осеќам како да го отрув бебево од препарати за џабе.И млеко сменивме и страв ми е дека ќе се поремети уште толку малово
Знам , и јас така помислив многу пати. Едвај гледа а јас го сотрев со капки и чуда. Ама еве најдов решение, се смири и сега е друго бебе. Не дека не плаче да не ме разбериш грешка, ама повеќе се смее неголи што плаче, а тогаш беше хистерија цел ден. Земи, пробај уште ова. Чајчето се спрема 100мл вода со една кесичка. Ако ти е шубе да даваш толку дека има шеќери, прави по 50мл и давај го по малку цел ден.