Се надевам навистина,одвај чекам и јас да пишам поминува и се е добро.Не сакам неблагодарна да звучам ама аман навистина е претешко.
Во која позиција ви спијат бебушите? На почетокот спиеше на грб со главата на страната, па почна да сака на страна и сега гледам секоја вечер се врти на стомак да спие, така и е убаво, ама гледам се пика со носот во душек и некако страв ми е па ја вртам.
Колку ви се активни бебињата на 5 месеци? Не знам што стана со бебево, абе не запира, почна и навечер да се фрла во спиење со нозете, ги удира од душек, не знам дали е нормално ова? Уста не затвара и цело време прета рацете ги утепа од пипкање и нозете од клоцање и триење.
Мислам дека тоа фрлање со нозете навечер е self soothing, така како,да прочитав негде хаха. А за другово мојава уште од сега не застанува со нозете, можам да замислам што ме чека.
И мојата спие на стомак на почеток и јас ја вртев ама многу почесто се разбудуваше, а сега ја оставам така да си спие и обие неколку дена се разбудува еднаш за цицање
Мајки што го поминавте 4ти скок, дали сакаат во раце да ви спијат за денски дремки? Не можам да мрднам по 2 саати спие во раце, ако ја оставам одма се буди, а ја спуштам едно 5 минути миц по миц хахаах и џабе. Не ми е проблем, само да не се научи вака нонстоп ми е страв
Да, така правеше, и на крај ја отворив летната количка и воскреснав, иначе не можев да мрднам никаде. @gwenst ама се буди, не можам да ја заспијам, како нервозна е, а не се заби, нема ништо.
Пренервозна, се лигави и рацете до грклан ги става, ама нема отечени непца, нит мрсули. Не знам образиве, нормални и се. Некогаш ко на нос да ми звучи.
Сите бебиња различно ги вадат. Еве ние немавме мрсули течни ама затнат нос. Малце покачена тт. Малце лиги... 'ржеше многу често. И главата у перница или кревет трескање обавезно исто ко твојата со нозете што прави за смирување.
Ама ни непцата ништо нема, најнормални се. Од саботата почна, навечер се случува само. Скокот ни завршува, не знам што да мислам.
Моето е така од кога е родено 3 месеци еве. Спие само врз мене преку ден и никако другачије. Замисли мене како ми е, не само во скок туку ЦЕЛО ВРЕМЕ.
Здраво! Бебето е родено на 2ри април, си дојдовме дома петокот, саботата наутро кога го пресоблеков имаше какано како црно и густо, потоа не какаше се до утрово, редовно си мочкаше. Утринава изметот му беше пак темен, но не како тој во саботата, не така темен и не така густ. Се обидувсме со доење, некогаш се 5 мин на 1 час, некогаш 10 мин, некогаш 20. Пиам и тотхема за крвта со вит Ц заедно, дс не е нешто од тоа или некое искуство?
И на моето му беше потемен изметот првите денови потоа стана како сенф боја. И ја се замарав со бојата барав што значат боите ама ке се нормализира. Ако многу ти е страв прашај педијатар за секој случај.