Нормална е таква кака првите денови. Се чисти бебе. Ќе се нормализира за некој ден. А и тотхемата може да има влијание, ама без грижи.
Три четри дена пред да ни заврши скокот иста беше како ти што опиша , последните денови како јагода на шлаг беа . И наеднаш после преку ноќ како друго бебе дома
Може да се заби. Син ми сега тоа го праве со нозете трескање, се врти по 100 пати, нервозен е, лигави, малце и нос му тече и црвени образи. Нема отечени непца, ама се осеќа дека треба да пробие кај и да е. Кога е на подлога се наведнува кон играчките да ги гриза.
кога се дефинира бојата на очите как бебе? Ќерками се роди со тегет очи. ме интересира какви ќе бидат. ама мислам дека сите се раѓаат со такви тегет ако не грешам? после менуваат. и првата ќерка имаше тегет после кафени и станаа полека. Две Недели вчера направивме . Ја приметувам и покрај тоа што е најадена почна да си го цуца палецот. Немам цуцла пробано досега. Незнам вака ако продолжи со прстов да го цуца дали да ја пробам со цуцла. Искуство со цуцање прсти? поарно цуцла да цуца од колку прст
Леле дај боже. Се пика во уста, ама се. Дури а ја држиме во раце не тегне и ке не закаса и не шмука и мене и татко и. Педијатарот мисли дека се заби. Вика не мора да значи дека ќе и отечат непцата.
Бевме на педијатар. Има намалено 30/40 грама од петок наваму, рече дека не е ништо страшно и дека е најверојатно заради тоа што на устичката и јазичето има белко и го боли при доење и затоа и се лути и ми даде Нистатин да ставам за да се повлече. Некое искуство со ова? Мораше се нас да не снајде...
епа баш такви и се тегет сиви. мислам дека ќе и бидат плави. другиве две деца немаат плави . кафени и зелени темни маслинесто нз како да ги кажам хахаха hazel на англиски јас имам такви а мажотми плави има.
Мамички, дали се добри коритата, за капење на бебе, што се на расклопување? Имам читано, а и во некои продавници велат дека пластиката пукала, таа гумата се кинела и слично. Дали имате искуства?
јас имам вангличе такво исто и приметив дека гумичката почна да се кине а два пати дали е употребено . мислам дека не се добри земи си класично коритце а и мали се тие брзо ќе ти го одрасне бебето па ќе треба друго да купуваш.
Мене педијатарот ми рече никако ама никако прстот, ќе имаме проблем голем понатаму. Кај нас орална фаза почна и цела рака ја глода па затоа ми напомена. Цуцла да му давам.
Бебе има 4 месеци, си пика цела рака во уста, се лигави толку многу што осип и се направи на образите и брада. Одбива да цица у континуитет, има епизоди на урлање. Е сега, како да и гледам двете точки на долна вилица или пак сакам да ги видам…. Некое слично искуство да не се навистина заби?
И двете раце ги бута, да може целите ќе ги стави. Ама забче не гледам, ниту отечени непца. А се врти нервозно, се лигави, удира со нозе.
Го имам јас целиот комплет. Кофата беше наполнета со вода и наеднаш гумата се собра и цела вода ни истече на паркетот. Не би ти препорачала да земеш такво.