Циклус кога ви дојде , за тие што дојат ? Денес беба ми прави 5 месеци и ми дојде , незнам сега со доење као се намалува млеко нешто има врска со млекото или .... ????
Мене на 3ипол месеци ми дојде. Мислам дека немаше нешто разлика кај мене, ма да кога ќе ми текне се тргаше од града еден период ама се поклопи и со скок и со тргање на силиконски брадавици така да не сум сигурна од што беше тоа.
Ништо не мора. Потруди се, ако не подригне никому ништо. И јас се мачев, како потпорасна сама си ждригнува било како и да ја фатам само да е исправена. Дали на рамо дали нанапред сеедно. Можеш да пробаш како во скут да го потседнеш, со едната рака држи го кај брадичето и нежно нишни прво наназад да подлегне после исправи нанапред. Мене некогаш ова ми успеваше
Јас добив после 40дена ама не беше ич обилно и траеше неколку дена, тоа беше на 1ви март месецов пред некој ден имав како за добивање некој секрет и ништо... се случило така на некој? Сигурно не се нормализира одма, само се канам за на гинеколог и никако да закажам
Мене така ми беше и на 3 и пол месеци како кафенко имав 7 дена, и после 34дена пак исто 6 дена. Значи воопшто не е како добиено, само исто ко добиено го осеќам, ама не крварам, како кафено е само, а добивав од 24-26 дена. Сега 34, кога ќе биде нормлано не знам, на гинеколог ми рече дека е сосем нормално, дека дојам а и царски.
Моево понормално не можеше да биде. Скроз исто како пред бременоста, и количина и траење, се исто. Е сега еден месец пред да добијам имав како крвави конци еден ден, веројатно се спремаше уште од тогаш хаха
И мене така ми е кафеаво воопшто не личи на менструација ... само претходниве дена некако без енергија,нервозна препотување незнаев што е ама најверојатно од ова е
Mene na 4 meseci mu dojde, mi se namali mlekoto ama se vrati posle vo normala. Od nareden mesec pocnavme so vkusovi i nadoknaduvav so kashi
Исто и моево има вакви ама само на грбот, некои се вака со точки некои само црвенила. Педијатарот ме убедува од жешкото дека е или од што се трие. Рече од храна не е сигурно. Се губат на кратко и после пак се појавуваат. Ми рече нема потреба ништо да ја мачкаш,. Еве слика од утрово, се мислам дали на кожен да ја носам или да не паничам, ама веќе некое време и е вака, месец и повеќе.
Епа јас веќе почнав со вкусови , али негде прочитав се намалувало млеко , а незнам да осетам јас. Вака си цица ја слушам голта , ама па ми е нервозна два дена вејќе и незнам сега дали има врска со тоа или па влегува во 5ти скок
Па некако осеќале дека имане добиено, одбивале да цицаат така знам јас ама ќе помине неколку дена се во прашање
Мајки од што може да е зелена кака освен од гладна? Не е гладна сигурно, си цица редовно како и претходно, не плаче, нема ни некој изразени грчеви, беба е скоро 2 месеци, од вчера е така со зелена кака.. а баш завчера на контрола бевме 600гр си е поправена за 2ипол недели ми рече др дека е супер.. Можно е нешто вирусче стомачно? Пошто големиот ми се жалеше 2-3 дена од стомакот дека го боли и два пати имаше дијареа..
Здраво мајки, треба да почниме со вкусови и сега ме интерсира кој дел од денот да почнам да давам, дали насабајле и колку време после цицање да биде? По колку лажички дававте на почеток?
Во тек на денот кога е разположено, немора одма после цицање нека помине некое време пошто нема да е заинтересирано