Probav i toa mila go budev rano stanuvase sedese piese mleko i odma zaspiva ako ne go stavam da spie place se nervira neznam vekje sto da probam
Може бебе е преладено, а може пребрзо го исфрлило млекцето и не се доварило. Ова се плус две причини од тие што ги наведе ти.
Ако е до забите додека не извади изгледа така ќе биде. Ништо не останува освен да издржиме. Ние сме во трет скок и многу е нервозна ни во раце, ни легната ни никако не сака освен кога јаде е мирна а тоа кратко трае хаха
Моево станува кај 6 и 30 рано ми е да му давам тогаш ,после првата дремка му е кај 8 8 и30 до кј 9и 30 или 10 па кога ќе стани не го цицам прво му давам да јади па после цицање. Ако е цицано нема да го интересира јадењето .
Моето едно време исто имаше зелена кака, а си беше ок цицање како и секогаш, немаше настинка, педијатарот ми кажа дека нормално било да ја менува бојата на изметот некогаш а и дека има влијание тоа што јас го јадам, тогаш имав јадено спанаќ ама бидејќи беше можеби една недела толку зелена сигурно не беше од тоа После некое време се среди
Јас му давам после прва дремка, некаде околу 10.30, 11, подобро е да се даде претпладне во случај да не појави некоја алергиска реакција.
Мајки користите ли аспиратор за носе и од колку месеци и колку често? Некако цело време си има за влечење, па викам да не претерувам. Му ставам спреј марис.
Мајки, бебе 5 месеци навечер почна да ми се буди секој саат-два, што може да е работата. Не верувам да е гладна ја ставам да цица и за кратко вееме ќе заспие, ќе ја ставам у креветче и за саат пак ке се разбуди плачејки. Порано си завлечуваше по 5-6 саати сега од што може да е ова, не се издржува ова станување. Дента следам прозори на будност
Колку за утеха моето од 2ри месец, а сега е 6++ е така, некогаш ни 1h не сврзува Нахрането, наспано, следење прозори на будност, ама едноставно така си функционира...
Дали сум само јас или и вие на почеток сте мислеле дека никогаш нема да научите да го пресоблекувате и да му менувате пампрес?
Дали купивте седиште за во автомобил? Не знам дали сега да купам или да почекам, зошто транспортерот од раѓање што го земавме имаше внатре додаток за новороденче, а кога ќе се извади тоа вика до 12 месеци може да се користи. Вака ја собира, малку само нозете и висат и склет и е во него многу.
Кај мене едниот близнак веќе месец дена е со зелена маслинеста боја на кака,матичната нежи кажа ништо во врска со бојата
Уште од втор месец сме во седиште. И нашиот транспортер имаше за новороденче, сите имаат, само како кифли се во нив, барем мојата така беше, зашто многу долга е, па во седиште ја возиме од два месеци.
Ако секогаш ѝ е склет само во него, тогаш е до транспортерот, ама ако е склетлива и во количка, тогаш не е само до него. Нашиот е до 87 см. должина (отприлика 15 месеци пишува), сега нормално е после 3-4 месеци да им висат нозете, ама ѝ во седиште висат, нема како да не висат. Е сега, ние 2-3 пати неделно го возиме во него и на релација до 30-45 мин. Да тргнеме на долг пат би зеле веднаш, вака уште е ок. Орентационо, бебе мое е 8+ месеци, 8,5 кг. со 73 должина.
Мајки, од каде купувате електрична/на батерии турпија за бебиња? Нигде не најдов низ град. Гледам на тему се ефтини, сте земале од таму?