Здраво мамички Моето бебе има 9 недели машко, ме загрижува тоа што кратко следи играчки и му е поинтересно да гледа во таван . Ретко се смее и кога го ставам на стомаче воопшто не ја следи играчката. Педијатарот ми рече да му правам вежби за хипотонија зошто не ја крева главата кога го крена за рачиња од лежечка позиција. Исто така кога е гладен или нервозен цело тело му се вкочанува ги исправа и нозете не можам да го свиткам и ова ме плаши доста многу но најтешко ми паѓа зошто никогаш не ме гледа во очи додека го хранам од шише или одкако ќе го земам од креветче. Не е заинтересиран за играчки дали е упте мал не знам прво дете ми е… има некоја мамичка во слична состојба како мојава со хипотонија на бебче ? извинете на долгиот пост
Ќе може да му кажиш каков имаш и дали си задоволна . Сега баш гледаме и ние и врска немам каков да земам . За жива глава веќе во транспортер не седи , па да видам дали е до транспортерот или несака в кола . Ти го седнуваш бебуш во него или има некој опции
На Кикабоо имаме, оке е вака, има делови за од 0+. Разгледај имаш и во Енци Менци попусти, за фина сума се наоѓа. Мојата некогаш не сака, ако не ја занимаваш, пу пу во глобала сака секогаш да се вози во кола. Не е седната скроз, си има наслон.
Мало е мајка. И јас прашував овде, и моето не беше заинтересирано, не следеше играчки и тропки, рачињата цело време ги држеше затворени. Викај по него, не се врти. На меше по 5-10 секунди издржуваше. Со полни три месеци веќе почна да гледа и да се врти по играчки, сега веќе и се пружа да ги фати. Се врти кога го викаме. Глодалките сам си ги држи и си ги става во уста. Почна и да се врти од грб на меше. Од меше на грб сеуште не знае, ама се учиме. Најчесто го ставам на под и седнувам до него и така се врти, го занимавам со играчки, со меки книги со контрастни бои. Некогаш цел се подига до седнување кога ќе го фатам за рачињата, некогаш само со газето се дига. Вежбаме со раце и нозе, му ги кревам и спуштам и двете и наизменично. Се смее на глас, си гугаме демек муабетиме Без гајле, мало е сеуште. За еден месец ќе имаш друго бебе, преку ноќ ќе смени Моево сега дури и се закачка ако не му обрнуваме внимание, вика, рита со ножињата.
Ние сме на седиште уште од прв ден, од болница до дома во седиште ја возевме. Транспортер имаме, ама ич не го користевме. Едно дека е со ограничено време на седење, максимум 2 часа а ние цело време одиме до нашите, до Грција или на др место на шетање и се возиме и повеќе од два часа. Друго што во транспортер ми е жалче, ич комфорен не ми изгледа. Во седиштето си има многу повеќе место за да си мрда, позгодно и е. И се навиква ептен некако, убаво и е. Се возиме милион пати и сами двете, јас возам и она позади си седи, нема мака.
Како со ограничено време за седење не ми е јасно И нашиот транспортер како дел од количката што го имам некако гледам дека му е тесно веќе, како да е скроз за мало бебе а пишува дека е до 12кг има дел за новороденче како за потпирање на глава ама тоа се вади,плус некако ми е многу седнат па под газе му ставам перниче за да е легнат Вие што веќе имате седишта може ли да споделите какви имате и колку сте задоволни
Максимум 1.5-2 часа смее за седи во транспортерот, и потоа му е потребно пауза на бебето и да легне на широка подлога и да се истегне убаво.
Мајки, на екслузивно доење сме. Сега измолзев од полна града 60мл. Ќе го чувам тоа во фрижидер. Утре наутро дали може да се измолзам пак и да ги спојам тие две (ќе го изладам и новото). До кога може да стои во фрижидер обичен? И исто, 3ипол месеци ми е бебето. Како да знам отприлика колку би и било доволно за оброк во случај да и дава некој друг од измолзеното. Колку мл?
Да, можеш да ги споиш, ама да се иста температура. Иначе 100-120мл. Јас така и давав, сега и 150 мава. До 4 дена во фрижидер може.
Значи да си одмрзнам јас повеќе, да не остане гладна ми е. Ако одмрзнам 150 може и да не го испие и да се фрли ама подобро така штознам..