Мајки дај кажете што да земам за малава полесно да ги исфрла гасовите страшно е дури навечер кога ќе списка
Јас му слекувам чорапи, свекрвица одма: ете сакаш да го настинеш детето. Или кога ќе ми текни еднаш дека го имаше скроз покриено со кебенце, само очите му се гледаа. Свеста ми се зеде. Ама ако, да не му било ладно. А мојот топло не трпи ич
Или обраќање на бебето: “Тебе ладно ти ееее? Не те облака оваа мајка ти. “ Е тоа мислам ми удара по нерви најјако.
Е овааа или ако плаче и одма коментарот е дека е за јадење. Ситуација од пред некој ден цицаше бебе и дојдоа свекор и свекрва помина саат ипол (обично цица на 2ипол-3 часа) и почна да кенка оти не го занимаваат и свекрвата : ама му се јаде изгледа јас: не, не му се јаде по некое време пак му се обраќа еве баба мајка ти вели не ти е време за јадење, по неколку минути не плачи бабе мајка ти ќе каже кога треба да јадиш. Леле луѓе каква нервоза осеќам во момент а со муабетите се осеќам како да не сакам да му дадам да јаде
Вие младите мислите се знаете. Бебе до 40 дена со марамче на лице да сум ја покривала. Зошто викам? Да не ја гледаат. Ааа важи викам. Ееее вие па не давате ништо да се каже. После друг ви е крив што не слушате
Или : амаан мислиш ние мајки не бевме, и вода пиеше од бебе и цуцлата во мед му ја ставав па еве порасна
Јас колку се смеев да знаеш. И дете ич не сум пазела на почеток, сум ја шетала. Значи пазење е строго чување по дома.
На нецели 3 недели кога беше ќерка првпат почнав да ја шетам, јануари беше, трауми имаат уште сите од тоа и мои и од маж ми роднини.
Аааа плачењето е обавезно за јадење. И кога им викам дека е за спиење затоа што толку и е будниот прозор на 2 месеца викаат "Ааа не, нема сега спиење, баба и дедо се дојдени"
Абе исто, џабе нема како да се објасни и докаже, само да правиме нас како што ни одговара и како мислиме што треба а тие од страна нека зборат што сакаат. Гледај во мене доста гледаш во мајка ти, е исто реченица што не можам да ја поднесам а тоа душиче само се вртка и со очињата и не бара низ соба
А чекај кога ќе потпорасне , па кога ќе плаче по тебе. И тогаш ќе имаш, ајде мама искочи, тргни се , плаче кога те гледа, сака во тебе. Епа ај кај Ружа комшиката да сака де.