Интересното што тука не е муабетот дека бебе ќе си каже, туку дека малку ја виделе како сеа она ќе спие. А доаѓаат еднаш во неделата
6та недела сме и од пред некој ден почна по цел ден само во раце да сака да седи. Не можеш да го спуштиш, значи ќе ми заспие во раце, ќе го префрлам во креветче или гнездо и за буквално 2 минути се буди и урла. И ајде пак во раце, така одма се смирува и или си дреме си гледа наоколу или ќе си заспие. До пред 3 дена често знаеше да си лежи во гнездо, сега нејќе ни да го погледне. За спиење навечер некако успеваме да се снајдеме ама преку ден не можам до вц да отидам. Што е со рацеве форава, проаѓа ли фазава?
Исто и ние само што е три недели.. До пред некој ден си спиеше сам, сега само во рака или на цицка сака
Мајки маслената купка на биодерма како ја користите, ја ставате во водата или директно по телцето на бебето?
Што да правам по цел ден цица и пак на вечер ова време е гладна значи не останува време да надојди млеко сега после цицање реков да се измолзам едвај 30мл излезе од двете гради а кога се молзам полни кога се од едната излегува околу 130мл
Тука многу често зборуваме за тоа дека измолзаната количина не е репер за тоа колку млеко има, плус спомна дека е и после цицање. А друго, зошто се молзиш ако бебе цица?
Па цел ден да ми виси на цицка ни еден милилитар не молзам. 30 мл е баш многу после такво кластер цицање. Добро кој ве учи ова со пумпава и имање/ немање млеко? Дај фрлете тоа пумпата ако бебе цица убаво. Океј е да измолзиш, да собираш кога можеш за ете да се најде, ама не си ја оптеретувајте душичката ако бебе цица убаво. По 100ти пат, пумпа никогаш нема да извлече како бебе што ќе исцица. Следи мочани пелени (6 и повеќе во 24 часа), боја на кака да е златно жолта (иако тоа не е баш репер, доени бебиња и по една недела може да не какаат)
Ептен се нервирам за црвенилава што и се појавуваат на грб. Веќе некое време и стојат, многу малку ќе се изгубат, па ќе се зголемат, но скроз да ги снема не. Два пати го прашувам педијатарот, ми вика од жешкото е, плус нежна кожа, бела е на се реагира. Но не сум мирна, ај кога беше жешко океј, сега е посвежо, само по боди по долги е дома, навечер спие по боди и летна вреќичка на прерамки. Само на грб ги има, на друг дел не. Кажете што може да е, дали да барам да одам на дерматолог или да не ја малтретирам? И кажете добар дерматолог? Еве слика какви се, овде се малку посмирени.
Мајки треба да примиме втора вакцина рота,дитапер и стрептокока ми кажаа овој пат.Искуство некој на крвна слика денес и на двајцата хемоглобинот ин е над граница и едниот има покачени тромбоцити.
Директно на телото, мала ми е да седи во кадичка толку време за да има ефект, а и не е мирна, ќе ја испие водата Можеш и растворена во кадичка ако имаш услови.
Ќе ти каже педијатарот дали смеат или не. Син ми имаше еднаш покачени, не за вакцина, онака контрола, може да е од појако стискање на прстот па брзо да се распаднат. Како ти каже педијатарот, така.
И пишав сеуште неми одговорила на порака.Валда и докторката за вакцина што ги прегледуваат ке знае дали треба или нетреба да примат