Колку пати шмукнала од се по малце… Сега како седната ја бањаме, ама тоа е борбааа. Тоа е влечење, плескање во вода, се е вода околу. Радости е во вода. Сама шанси нема да ја избањам. Додека да земам да и исплакнам раката, веќе е во уста.
Мајки, дали може да користам обична вода за да направам аптамил? Не сум моментално дома и не можам да купам флаширана. Дали може да ја превриам обичната и после да ја искористам?
Мајки примивме вакцина и сме кенкави и лачивме температура.Ми кажаа само ефералган сируп да давам и туширање.Нешто друго совет од вас што да направам
Кога е спремна за ручек? За доручек повеќето вкусови ги дадов, остана уште, ориз, пченка и просо, но кога седнуваме да ручаме ние кенка, како да сака и она. Па ме интересира дали тоа значи дека може полека и ручек да и воведам?
Давај сирупче, ако и тогаш не се спушти, а не верувам дека нема. Каде мериш, во газе? Пошо во газе повисока е секогаш.
Јас ручек воведов со 6 полни. Имаше пробано скоро се од тие почетните зеленчуци и почнавме. По некое време и со пилешко и телешко.
Мајки на 5 месеци бебиња, што ви прават бебињата периодов? Мојава се утепа од прдење со уста, балони, меури, што сакаш прави хаха, плука дури масакар напраи со нозете од триење, шутирање, чорап не остаи на нејзе. Се врти на страна, ама не сака на меше да се сврти. Почна да сака да спие на страна и да не држи за рака, ако не не држи нема спиење… Уста не затвара од гугање и ммкање. Се во уста, ама се во уста пика. Кај вас како е?
Истово што го наброја само моево се врти уште пред некое време почна(и почна онака низ спална да шетат со главата надолу и со нозете се турка како да ќе почни со лазење)ама па со гугањево послабо . Сама да ја остам или на сабаље кога станува ќе си поправи муабет и толку. А ова со чорапиве ми е сега најинтересно чорап нема што не го има пикнато во уста. Почнавте вие со вкусови ?
Да, почнавме ама ништо не сака, се плука. Ќе направам пауза, не е спремна изгледа. Ги трие стапалцата едно од друго? Мојава сега почна веќе недела дена, поготово кога ќе се возбуди.