Исто тотално, може да се сврти само настрана уште на меше не. Се става во уста се трља се нервира. И се сака да фаќа со раце по дома и одма го става у уста и ние почнавме со вкусови исто не покажува голем интерес на морковот се мршти и најважно сега сме во 5 скок навечер се буди секој саат
Жени ...Имам проблем со малово ...Имаме запек давам ваја пробиотик кај 11 ч... после навечер еспумисан ..Храна алтамил комфорт и пак запек...Лек некаков што ви помогнало ..Пробав и со топломер и со масажи со термофор со се немаме резултат...И ако има алергија на храната како ќе знаам дека е алергија од храната?
Јас тука што читам искуства многу мајки се жалеа дека ваја им прави запек, така да пробај не го давај ден, два да видиш што ќе се случи
И мојава ништо не сака да јади освен тиква . Ама па неможам тиква секој ден пробувам да ја мешам со др не ја јади .... иначе да имаше период каде што ме фати паника од толку што ги триеше нозете ама еве ја гледам сега намалува скоро па ич не ги трие.
Хаха вчера направивме полни 5 месеци. Истото го прави. Се врти и на меше веќе. Кога заспива, мора или да е гушната или со двете раце да ни ја држи раката. Преку ден кога се буди од дремките и ако нема до неа никој на видик, почнува тажно да цимоли. Толку ми е слатка со устето надоле, ја оставам некогаш за да ја гледам само. А во уста сѐ апсолутно пика, брчи, плунки насекаде. Нозете ги крева нагоре и ги треска од душек кога станува насабајле, се дури не ја осетиме дека е разбудена и да отидеме до неа. Не престанува да гука и збори.
Каков кенгур имате, сакам да купам некој да споделите искуства од што сте задоволни. Овој го видов ама некако многу ефтино ми изгледа, а и немам ориентација колку се цените општо
Истото сакав да го пишам. Само 2 пати дадов ваја и синчето имаше запек, а си какаше по 4-5 пати на ден. Почнав со биогаја и немаме проблем
Хах македонски синдром, кога е ефтино зошто е ефтино, кога е скапо зошто е скапо Се шалам, океј е овој, само е до 9 кг и многу малку ќе го користиш. Барај да биде до 15 кг и ергономски, да ги држи нозете во форма на буквата М и да биде од квалитетен материјал, да не ја поти. Ги фалат најмногу на ергобејби, дека не боли грб од нив, но цените им се лудило од 7000 па нагоре до 12, 13.000 ден. Јас ќе земам некој но искрено од 3000, 4000 ден не би дала повеќе, за нешто што многу малку се користи.
Од кога почнавте во спортскиот дел да ги возите? 4 полни сме, педијатар ми рече може на 45 степени ама шознам шубе ми е. Се крева инаку сама да седне. 45 степени ќе му дојде тоа првото поткренување така?
Од 4ри, на 45 ја ставав. Се крева и мојата, и сега на 60 ја возам, пак се крева. Вчера така крената заспа
Леле пробав, многу ми се губи во количкава ми е страв да ја возам така, а и плус дека нанапред свртена. Хахаха не знам дали ќе сака да седи