Мислам дека на мојава количка нема таква опција ама ај ќе пробам утре, може сум грешка. Едит: грешка сум била хахаха топ накај мене ќе ја свртам, ај ќе преживеам најверојатно
Има има, јас и ти иста имаме количка. Едвај чекам и јас да почнам на 45 степени, досадно и е во корпата плаче и деновиве само со кенгур ја шетам. Мислам дека ќе го сака спортското.
Мајки има скок почеток на 4месец? Можно е од рота после 3 дена рекација? Цела ноќ плаче,1 саат не сме спиени..сака само во раце да ја нишкам
Сака, на шетање и ми заспива во кенгур. Јакна јас не облакам, боди по долги и тенко елече. Има жени уште во скафандери гледам ги облакаат вчера, завчера. Лудило.
Па реално е жешко надвор. Јас по кратки ракави излегувам. Нема потреба бебе да се трпа алишта, па и капа кога ќе видам на 25 степени на бебе… Правилно тераш мајка, доста му е на бебе лесен слој. Земи си кенгур, мене за до продавница или блиска релација за шетање ми е спас. Завчера на пазар бев со кенгур.
Капа нас ни рекоа обавезно на времево ама, ако дува. Како завчера. И мене ми е лудница ама кога ќе видиш стварно многу дува ептен е променливо. Како ја носиш во кенгур накај тебе свртена така?
Абе капа ај ако е во раце/кенгур и дува до негде да разберам, ама во корпа, вчера со познаничка се видов и ракавици му имаше ставено и капа плетена Мојава ако и ставам капа до влез нема да стасаме од нервоза не да искочам.
Вчера ми праќа слика една блиска роднина, искочиле со бебе да се шетаат. Големиот во кратки шорц и маица, бебетоооо . Капа, замотано во ќебе. Знаејќи ја , одоздола којзнае колку било наоблечено. И вечерта ми праќа слики, во лице и врат, партали нафрлана.
Мајче каков кенгур имаш и дали си задоволна? И ние сме во потрага по кенгур, ми изгледа многу практично.
Накај мене свртена, да. Капа немам ставено од крајот на февруари и не планирам искрено. Од траки се нервира, ни тоа не и ставам. 100 пати ја има дувнато ветре, ништо не и е. Здрава дрен. Ич не се потресувам.
https://www.babycenter.mk/ergobaby-embrace-soft-air-mesh-nosilka-sage-1101458.html Ние ова го земавме, не е класика кенгур, ама ептен ми се бендиса дури два пати за проба што го искористивме. Јас многу амбициозно го земав за на Водно искрено, па за неколку дена ќе го пробам натака. Инаку многу убаво е поставено бебе во него, баш во м позиција. А за облакањево тоа му викам на маж ми само нашево бебе голо. Ги гледам во скафандери па дебели ќебиња, капи плетени. Греотка се
Еден ладен ветер во уши треба, кревки се малецки не се заебавај. Слушај ја @BellaBibi И мојата е склетџика, ништо не трпи ама имаме една премек памучен стегач. Тој на ветер и го ставам.