Ништо не и е. Јас на 0 степени ја шетав со памучна капа само, не со плетена. Уште помала беше тогаш па еве ништо не и е. Сега на 20+ со топло ветре не ставам капа да ме убиеш. Траки не сака никакви, така ми стојат. Спакувани се и кренати капите.
Од Локо Кроко е кој го интересира Само ќере не ја интересираше Да се надоврзам и за капи, стегачи. Зимско дете, декемвриско е. Никогаш не прифати капа и стегач и ништо и се нема случено. Сеа не викам да Не ставате нормално, секој за своето си знае, само сакав да споделам дека и така знаат да израснат децава
Не за кого е речено, за кого е печено. Ќе ти пратам слика после на вибер да ја видиш госпожа како тера дремка во него на сред пазар во Бисер завчера.
Нема опис на производот, до колку кг е? Ова гледам на ергобејби е, ги фалат ама солени бе со цениве се, ептен се мислам дали да плеснам пари за ова
До 11 кг. Скапички се да, ама материјалот не се споредува со ова што го имам веќе. И некако сакав и за бебево да купам нешто само за него, се од поголемото сирото си носи. Баш кенгурите се до 20, ама тоа ми е премногу, детево на 6 години ми има 20 кг.
До 20кг се на Ергобејби кенгурите, јас сум презадоволна од тоа како се осеќа на грбот, пошо си имам проблем со него. Omni Breeze го имам со надеж дека дише материјалот и ќе го трпи и летово.
Како би се манифестирала алергија околу устата при проба на вкусови? Денес и дадов ориз инстант, од оној на хипп и гледам како мали неколку точкички околу устата. Не верувам дека од тоа, дај боже да не, зошто се пика во уста па нормално е да се изиритира. Исто ми поврати денес, што не е својствено за неа, дали ја прејадов или некако лошо ја стиснав за стомакот. Некако ми се поклопија некои работи, па да ве прашам
Исто и моево, се става во уста, дури и рацете ми ги влече и сака да ги стави. Се врти на страна на подлога, лежи и на стомаче повеќе сега, ама со вртењето е скаран. Испушта звуци, како брчење, се лигави, бљуцка, се прави.
Не, чист само ориз, а го правиш со што сакаш, вода, ад. Јас со вода го направив и го помешав со зеленчук, а утре со овошје ќе го направам.
Мајки ...овде темава е поактивна ... да прашам за првата вакцина што е на 12 недели ...Како поминавте со реакции...Дали правевте крвна слика? Дали само еднаш боцкаат ? Рота примнивте?
Ние ги примивме на 10 полни недели. Немаше никакви реакции, дури мојата ни поспана не беше тој ден, не одморив Не правевме крвна слика, педијатар мене ми рече нема потреба за пред вакцината освен ако не се покаже друга потреба, ама секој различно препорачува. Еднаш боцкаат во нога, а ротата е течност во уста што им ја даваат па затоа се препорачува да е гладно бебето за да не ја плука (мојата мртва гладна беше зошто ги фативме на пауза и не не примија иако бевме само ние таму туку чекавме паузата да заврши, ја испи ко да не видела )
За какви корпи зборите и степени за седнување, за делот од количката мислите? Ние го возиме во транспортерот уште ама кај и да е ќе мора другиот дел да го користиме оти тесно му станува во транспортерот. За кенгур кажав немам ориентација ни за цена ни за ништо затоа прашав, ќе гледам што предлагате па ќе изберам нешто. Една другарка на шала купила од Кипер за 400денари мислам па го искинале од носење.
За третиот, спортски дел од количката. Ние имаме корпа, транспортер и спортски дел. Спортскиот дел, го местиме на степени.
Правевме крвна слика, 3 дена пред вакцина. Реакција неколку дена течна столица, првиот ден голема поспаност, третиот ден малку грчеви и толку. После си се врати во нормала.
Корпа е големиот дел од количка 3 во 1, оној што е само за лежење за максимум до 6 месеци. Спортско седиште е класично седиште што се мести на 45 и 60 степени. Тој се препорачува од минимум 4 месеци возраст на бебето.
Уф добро велам каква корпа е сега оваа, не сум упатена вистина ама па до толку да не знам. Среќа многу учам овде од вас Нашата е со два дела, транспортер и корпа што се поместува на три нивоа, мислам така беше, дека не ја користиме сеуште и заборавив
Ние кратко го користевме транспортерот, одма на корпата се префрливме, се изнаужива ќере во нејзе. Ама многу долга е, па од 4 месеци сме во спортскиот, на 45, па сега веќе на 60 степени, одвај чекам да ја седнам веќе, зашто и она сама само сака да седи.