Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    209
    Јас многу се плашам да не ја настинам и кога ќе видам да кива ми се плаче. Исто ме плаши и со каката сега жолта и е викам мн е жолта сигурно е настината а и плус стомак цело време и врие кога цица одма кака и затоа се си мислам дека сум ја разболела. Јас се трудам да не ја облекувам премногу за да не направам контра ефект и наместо да ја стоплам јас ќе ја препотам и потоа ќе ја разболам. Бабицата ми вика на помала темп само боди на долги, ѕиврички со ногавичкии плус чорапи и нагоре плус уште шпикозни. Се ми е ново и хаос ми е во глава.

    Незнам веќе што да речам де ја облекувам де ја соблекувам, само попуштам и намалувам парно. Инаку не сме во Мк, а тука времето е од 10-15 степени.


    Исто сакам да ве прашам како ви се одвиваше еден ден на почетокот, оти ова нашево е безредие :) Нонстоп кенка за во раце и зинува за цицање и ја ставам да цица, макс. 10 мин и заспива, спие 10мин па пак од почеток. Не е нормално тоа се преморив не сум спиена:sweat:
     
    Последна измена: 22 април 2025 во 14:03
  2. silvana4

    silvana4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2017
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Ај помош.... со што вадите флеки на облека. Мн често и се дешава кога ќе се искака од позади кај грбче да и пропушти и скоро сите бодиња се со флека. Со од Фрош за флеки пробувам ама ништо не излага. :(
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    9.733
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе кажам по не знам кој пат, знам дека сум досадна:D. Не постои медицински разболување од ладно време, само од вируси и бактерии и несоодветно облечено дете на минусни температури на кое од ладното може да му падне имунитетот па така да биде поподложно на разболување.
    Ќерка ми беше две-три недели во месец јануари, во скафандер и ќебе спиеше во количка на тераса на -2 степени. Ниеднаш досега се нема разболено.
    Жолти каки се правилна боја на каки.
    Не можеш да ја настинеш никако, особено не на 23 степени дома. Поголема е можноста да се разболи ако се меша со секакви луѓе што може да и пренесат нешто отколку од времето.
     
    На Aschenputtel, Noemi, Batterfly93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Не е баш така, по мене си знам, а и педијатар со првото дете ми има кажано. Од ладно точно не се разболува, но ако настинеш има добра подлога да развиеш било вирусна било бактериска инфекција. Првото дете обавезно се разболуваше при промени на времето и кога несоодветно ќе беше облечено, на есен и на пролет кога утринските температури се минусни, а дневните идат до 20 стопени.
     
  5. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Јас ги ставав во стерилизатор.
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, бебето има 5 месеци, многу често се удира со рачињата по стомаче, дали е нормално тоа?
     
  7. Mimka123

    Mimka123 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mimka123

    Mimka123 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Јас со Фрош ги мијам одма ми излага, првин ги покиснувам малце па ги исплакнувам и на крај во машина. Нема ниту една флека
     
    На silvana4 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Да прашам колку ви беа тешки малите на 1 месец ? Следнава недела ќе одам на педијатар ама ме интересира многу да не е само на доење е и има околу 5 кг се роди 3.600
     
  10. Jora

    Jora Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво се породив на 32+3 недела и бебушот седеше во болница 3 недели. Немаше проблем со дишење дека примив инекции за зреење ама пред 1 недела ми кажаа дека бебето на мозокот имат како мали цисти и после еден месец да одиме на контрола ама бааш се загрижив ве молам многуу да ми споделите некое искуство
     
  11. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Не оставај да се исуши, веднаш покисни и пери кај што се какани.
     
    На silvana4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Може да кажеш на кое место бевте каде ви откријаја дека има цисти и колку месеци беше малото на таа контрола?
     
  13. Jora

    Jora Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Во ГАК , Бадева ни откри. Таму е бебето сега 36 пред една недела ни откриа недели а се породи на 32+3.
     
  14. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Дали е можно мали бебиња да реагираат на алергија на полен? Веќе два дена има нов момент онака дува и диши со носот брзо како нешто да и смета внатре, и мижи кога тоа го прави, го чеша од време на време и има момент како да гребе со грлото не знам како да ви го опишам тој звук . 7 месеци сме инаку
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.294
    Допаѓања:
    181.836
    Пол:
    Женски
    @Batterfly93 немој да се плашиш. Сите сме биле изгубени па сме научиле со тек на време. Ќе си фатиш и ти ред без гајле. Прашај си се што те интересира и ќе си добиеш совети. Бебињата си киваат, прдкаат, гртат и какаат често. Каката им е жолто златна, некогаш зелена и кашеста. Ќе им се формира и ќе стане кафена кога ќе почнат со цврста храна.

    Бебињата немаат терморегулација првите месеци. Затоа е битно да не покриваш главче со капчиња ако нема потреба ( а под тоа се мисли ако е многу ладно или дува ветер) оти преку главчето ја регулираат температурата. Бебињата подобро реагираат на ладно, а не трпат топло. Лабаво облечено, дома ти е таман и рачињата секогаш над ќебенцето. Рачиња и ноџиња ќе им бидат ладни уште некое време, нормално е. Не се потат, затоа и не треба да се наоблекуваат оти сеуште соодветно не реагираат на топло, па лесно може да се претоплат и да им се појават вруќици по тело. Тоа се ситни црвени мозолчиња. И тоа да се случи не се секирај, само рассоблечи. Сите сме претоплиле бебе. :)
    Исто, хормоните не ти се средени. Може да ти биде топло цело време и да се потиш, а може како мене со првото бебе, да чувствуваш морници и ладничко па да мислиш дека на бебето му е ладно. Поради тоа што хормоните не се средени не се потпирај на она како си ти облечена така и бебе, туку следи си препораки како треба бебето да се облака на која температура. Како ќе си расте, самото ќе ти дава знаци дали му е удобно или не. :)



    Девојки дали некоја има искуство со продолжување на киселините и по пораѓај? Прв пат ова ми се случува, се давам во киселини ноќе..
    Колку време ви траеле? Кога ви се повлекле?
     
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    9.002
    Јас со Фрош само. Ако е многу измацено, одма на рака го поминувам прво, со поладна вода. После пак прскам, и во перална. До сега нема флека што не е остранета. А јаки експлозии има често. :D
     
    На silvana4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mimka123

    Mimka123 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Мајки дали вашите бебиња кога ке станат од спиење плачат? Мојата обавезно на секоја дремка се буди до плачење…
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Тоа се случуваше до кај 3 месеци, после тоа знае да се случи кога има скок.
     
  19. Mimka123

    Mimka123 Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2025
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Ние сме 4м, 18 недела
     
  20. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    209
    @Yowannty, Дојди да те гушнам :inlove:

    Ти благодарам за секој збор, навистина во вакви моменти вреди многуу секој кажан збор, а јас вакви прашања ќе имам уште безброј. Само се надевам дека што побрзо ќе се справам со хаосов, бидејќи јас не сум човек кој обожава да биде во такви непознати ситуации. |(
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.