Да, ние сме 4 месеци. Обично ако ептен е падната во длабок сон и се разбуди тогаш плаче, додека не се свести каде е што е хаха
Мајки споделете искуства кои активности ги прават вашите бебиња на почеток на четврти месец? Дали држеа предмети со рачињата?
Некако оваа тема ми е поактивна па да прашам и овде. Бебе го почна 4ти скок. Едвај спие преку ден и тоа само во раце и ако го нишам и свири музика (читај одбрани песни инаку плаче). Се буди многу често со неутешно вриштење. Исто многу ги чеша непцата и му се воспалени, рацете му се цело време во уста и премногу се лигави, па не знам дали е нешто од скокот или стварно ќе вади запчиња. Што мислите? Му ставав гелче на фризидерм, како да се потсмирува па ќе земе да цица инакуодбива, и за јадење по цел ден се молиме... Апдејт па денес па не му беа многу црвени непцата и не му беа толку надувани. Не ми е јасно што се случува ни како ќе го протераме скоков, хаос е а тек е почеток...
Од скокот е, плус орална фаза. Исто правеше и мојата, јас ја отворив летната количка да можам да одморам, зашто вело време во раце спиеше. Па ја ставав во нејзе и видов живот. А тоа со рацете е скроз нормално, истражува си ги сознава рацете и selfsoothing им е. Чекај ќе почне и со нозете.
Еве од завчера и јас ја отворив летната количка, раце ме болат, тежок е веќе ама пак нема нема нешто му дојде и почне да вришти. Сабајле се ижали сред плоштад. Душичка, цело време се бори да не заспие
Регресија има и тој период, ќе пројде, мачно е ама кога ќе фати мора да издржиме. Нас не пројде, сеа чекаме 5ти скок.. моментално не сака да заспие без да не држи за рака со татко и
Одма кога се кака така ги ставам во ладна вода и ги прскам после во машина за перење па за сушење... се дешава некогаш да поседат 5 до 10 мин .. дур ја наместам ама лом ми се сите.... на почеток ги фрлав ама кај ми е крајот да ги фрлам така сите Гледам сите ми пишат дека излагаат со фрош или јас нешто не правам како треба или каката и е таква
Леле душичка.. а влијае ли скоков и на апетитот или друго му е нешто? Некако ептен слабо ми цица или бара церемонии.. некој нозе да му масира он да гледа во некоја слика или надвор од прозор за да се нацица убаво инаку или се врти и плаче и рипа од раце.. страв ми е дека многу слабо има качено на килажа. Понеделник е на системтски па со господ напред..
Од скокот е исто и мојава беше така се како што опиша . Јас спас само количката дома и фенот пуштен така поспиваше некој 20 30 мин ... Си велев заби еве ги ете ги ништо уште ги нема
И кај мене исто се ми е лом, кога имам време или кога ќе покака некој поубав аутфит треба да се утепам рибајќи и по неколку пати да повторам цел процес за скроз да излезе. Ќе да е до каката
Јас одма ги поминувам на чешма со ладна вода и тријам со тврд сапун (искрено појма неам каков е, некој рандом за миење раце по дома), и не ги ни перам одма, ги оставам за кога ќе соберам машина, ама со сапунот одма ми излага флеката, ретко да не успее. ако не успева, тогаш веднаш после триењето со сапун прскам со фрош и ставам на перење. и откако почнав така да правам се ми се чисти. ова со сапунот ми го пиша некој тука, алал нека му е
Во четврти посегаше по играчките што му висеа од подлогата. Ама, за држење малце понатака. И се сврте од грб на меше почеток на 4. Си играше така врз водена подлога.
Исто и кај мене после неколку перења и после неколку рибања ќе излези .... голо ќе го пуштам нека шетат Ај ќе пробам и со сапун . Порано знам имаше од ДМ некој сапун за флеки неможам да го најдам сега, го кажуваа за ефикасен .