Преку ден си ги продолжи дремките оттогаш, скрати на 3 дремки. Едната му е 2 сати. Не беше многу расположен за млеко.
Ние според термин на раѓање веќе сме во скоков и се има според него, по 3 пати станува да цица, што не се десило никогаш, ни ко новороденче. Преку ден па не знам едната може е подолга, ама да не се 20минути, 40-45 се. Цицањето ужас, не знам што и е. Вчера со маж ми ја осетивме дека е многу полесна некако ко да е ослабена. Почнувам да се загрижувам дека паѓа на килажа.
Леле дај утешете ме дека ќе научи пак да си презаспива бебево. Значи на саат ипол ми станува навечер, од 10 како ќе заспие до 8, 9 сабајле станува 5 6 пати. Никако не успевам да ја презаспијам освен на цицка. Не сака со цуцла, не сака со нишање. На цицка ја ставам цицнува 3 мин и шак заспива значи не е гладна. Не ја успивам веќе со цицање, цица па ја легнувам и со цуцла заспива сама. Регресија да беше ќе завршеше до сега ваљда, скок да е и тој ќе завршеше не знам. Колку мирен период има меѓу четврти и петти скок?
Две недели е мирен период, ама регресијата може и до 6 недели да трае. Ама ќе врати, не се секирај. Ние во 5ти влеговме еве ја не знам ни дали спиење да го наречам, прета се врти, клоца, лупа со нозете, и станува три пати да цица… Едноставно премногу вештини учат и сега се им е интересно па така и навечер, ама ќе смени. За жал ќе мора да издржите.
Јас сум ненаспана со денови, само мрда не спие ич мирно, се буди почнува со рацете да се трла на лице и кај устата, ќе задреме правејќи го тоа и рацете ќе почнат да и паѓаат и од рефлексот се буди и пак истото во круг, малку ќе испие млеко и ќе заспие после некое време пак истото, немам појма ни дали спијам или дремам само
Лелеле истоо ќе заспие со дигнати ноџиња и како ќе и паднат надоле се штрецнува. Кој што праи јас и ги држам рацете и нозете. Иста е скроз, само трие лице и лево десно со глава. Туку дај кажете како да ја научам денскиве дремки да не ги спие во раце..
И мене така ми спиеше во раце ама од пред два три дена на спална со млеко заспива, или ја заспивам во раце па ја спуштам и држам рачиња некое време и продолжува ама пак кратки и се дремките
Супер ако сме таа среќа 6 недели да трае. Што учат после четврти скок? Мојава веќе се смее на глас, се врти од стомак на грб, фаќа со двете рачиња, става играчки во уста.
Јас во количка ја префрлив, иначе раце ми паднаа, да пробаш во количка? Или на спална до тебе, ја така и цице и давав легната и заспиваше.
Оо машала, од меше на грб, баш напредна, обично прво обратно учат. Мојава ни на меше се нема свртено, само на страна и така си седи, така сака и да спие сеа си ги префрла од рака во рака играчките и урла само се дере нешто. Нозете ги откриваат па затоа лупаат со нив цело време, сега и го уста ги става.
Мојава терминско бебе, според календарот веќе 2 недели треба да е во 4 скок, ама јас ништо не осеќам. Расположена е и си спие навечер (уште со залепени раце сме though). А сите вештини што ги читав дека се учат во 4 скок она веќе ги прави… Се надевам ќе не прерипа ама има време уште 3 недели, може тогаш ќе ја фати јакото. Трет скок исто не осетив.
Ти жено кажувај како спиете навечер, што е облечена и дали ја покриваш, значи не дава ни со тетра да ја покријам… урла и додека не се открие, нозе ќе искрши, и само откриена и по шпикозни спие… и влера имавме паник атак, пошо сонце ја фати на нозете…
Само памучни шпикозни без ништо одоздола, без боди, и боси нозе, а спие во вреќа од 1 тог. Вреќата не може да ја избутка пошо е со патент. А инаку навечер ни е 19 степени дома, ама нејзе и е секогаш жешко. Црвена е ко пиперка пошо многу е бела, одма ја познавам кога и е топло. Иста татко и оригинал. Паник атак со сонце на нозе имавме и ние завчера, па морав да влезам во мол да шетам со количката за да не урла. Таму беше климатизирано и се смири. По кратки ракави и боса ја шетав, пекол беше.
Оххх, мене малку страв ми е по кратки да ја соблечам… по боди и хеланки ја шетам… А исто само по шпикозни најтенки на свет и пак и е топло, не знам што да правам, ако ја покријам мислиш којзнае што сум и направила и откриена спие…