Како да ја одвикнам од white noises? Значи до сабајле ни свири, пробав да ставам тајмер да се изгаси, ма јок бе, одма станува чим се изгаси
Дома ни е претопло... Мојата спие навечер на долги боди, шпикозна на долги и вреќичка. Не паѓа под 24 степени температурата, иако не вклучуваме греење. Не е ладна кога се буди, што знам. Јас сум цела вечер откриена.
Јас имам Ергобејби Омни 360. Јас некое време пред два месеци да наполни почнав да ја ставам. Сега секој ден прошетките ми се со кенгурот, веќе нанапред е свртена. Ако заспие, накај мене ја вртам, има како за на вратчето за потпирање и напред се клизат нагоре-надолу за положба на нозете зависно како е свртено бебето. Дека по саат време пешачам со неа, дремка од 30 минути секако истерува во кенгурот.
Па 4 кг беше пред една недела, Пред една недела беше 4 кг , сега сигурно има плус ставено не сме мерени од тогаш …А тоа зависи колку кг има бебето ? Јас мислев од возраст оти нели викаат дали го држи главчето , па за колкчињата нешто …
Јас пуштам за дневни дремки. Ако изгасам од еднаш знае да се разбуди, затоа пробав да намалувам глас постепено и така не ми се буди.
Колку време трае 5ти скок? Се буди навечер на саат, два а дента ја нишкам 40 минути за да поспие 20 и во тие 20 мин пак се буди со плачење
Леле истото сакав да прашам Цела ноќ спијам со тоа. Пред некој ден бев кај моите, го зедоја бебето кога стана утрото, и јас реков таман ќе поспијам малце. Дека немаше White noise пуштено ми беше чудно и не успеав да заспијам хахаххахс
Ако е веќе успана со звукот, кога ќе престане се буди, го слуша додека спие, ама ако заспие во тишина, тогаш не се буди. Пробај заспи го бебе без звук. Така веќе сме некое време, со музика бебешка за заспивање сме само преку ден, навечер веќе во тишина спие.
Кажете ми од кога ќе се воведе месо за ручек, дали секој ден давате? Исто ме интересира од кога се даваа сирови овошки, ќе почне сега сезоната на кајсии, праски па да знам дали треба да ги сварам.
Мајки користам авент пластични шишиња.На колку време менувате шише и цуцли.Цуцли гледам штом почнат да пожолтуваат купувам нови.Како правите вие
Еве сега на муабетот, интернетот сецна на телефонот и се паузира шумот, одма очи отвори Која е таа музика ако може да ми кажеш? Да пробам така. А во тишина нема шанси да заспие. Не знам колку пати имам пробувано. А и многу лесен сон има, мува да прелета, ќе ја слушне и ќе се разбуди
Преку ден немам проблем, си заспива без звуци. Ќе пробам со намалување. Ја веќе не можам да го слишам, значи… мозок ме боли од тоа. Мислам три пати неделно се дава месо, а иначе до година треба да е термички обработено, е сега, кој како си мисли најдобро за свое дете. На месец менувам јас, на месец до два пишува на сите цуцли, јас на месец менувам.
Мајки на бебиња од 2 ипол месеци , кога ви заспиваат навечер? Ние фативме рутина конечно и сега ми заспива 19:00/19:30ч , евентуално некогаш знае и до 20:00ч ама ретко. Па прашањето ми е, нели е многу рано во 19:00ч да заспива или таман е?
Одлично е, од 19-21 викаат дека е најидеално. Е сега, секое бебе за себе. Ама одлично време ти заспива.
Зависи од возраста, јас и ги користам 1 и 2..само многу ми се нервира со 1 дека послабо тече и појке и давам со 2.Ги користам 4месеци и уште не ми се пожолтени