Новороденчињата спијат доста бучно и немирно. Памтам моево негде до 12 недели само мрдаше раце и нозе, испушташе звуци.
Не, мојата има долги дремки постојано и сега има период на немирно спиење, или ноќе или на некоја дремка, се фрла од едната на другата страна со глава, цица раце, се фаќа за уши. Според мене сега откриваат начини да се смируваат и така се манифестира.
Утре точно 3 Оваа мојата после 12 почна И до сега мрдаше не дека не, ама последниве 2 дена од 4 кога цица до дур да стане во 8-9 не застанува. Чудно ми е зошто до вчера најдолгата дремка и беше првата од сабајле и тоа саат саат и пол макс. Сега ем сабајле ја има таа ем попладне толку долга. А еве вака сите да ве прашам, како што пишав погоре утре сме точно 3 месеци. Да ја оставам да спие и ако нема долго јадено? еве на пример сега уште спие а јадеше пред 4 саати и го чепкам мешето вака заспана, пропаднато е, што значи празно е, ама она гајле нема
@MariaBouli не будам за јадење никогаш после првиот месец. Качува 30грама во просек на ден, нема сила што ќе ме натера да ја будам Навечер спие повеќе ама преку ден највеќе 3 саати да нема јадено.
Навечер не ја будам ни јас, ама ова денски еднаш ми се има десно кога се роди толку долго да спие и да нема јадено и не знам што да правам
Моментално се и е инетересно и затоа е така, веќе повеќе разбира, и поактивна ќе станува. Сосем нормална појава е.
Кај нас беше така, био гаја воопшто не и одговараше, вриштеше и се виткаше и грчеше цела. Сменивме на Ваја и супер и е, нема никаква реакција и супер си кака.
На неполни два месеца бевме. Генерално викаат после два, ама нашата матична така не прати нас Не, не носевме широк повој. Од болница рекоа дека нема потреба, а дали ќе треба за понатака дека ќе ни кажат на тој преглед, ни рекоа дека нема потреба
Како да се справам со повраќање.. 8 дена сме, нормално е знам но премногу е само што ќе заврши со цицање изригнува ја држам во раце.. кога ќе ја оставам цели млазови млеко, зедов и руфлекс перничка но не помага ...
Нормално. Се вика моро рефлекс. Се развива уште во додека се во стомак, а се губи до 6 месеци. Ако се буди после тоа, ако тоа е причина да се разбуди, можеш со една тетра да го повиеш, ама само во раце, не мора нозете. Или да го легнеш на стомаче, а главче обавезно само на страна. На стомаче исклучиво дење кога ќе можеш да го следиш цело време. Моево само така спие иначе шанса нема.
Која би можела да е причината за повраќање? Му давам Аптамил како дохрана и доење, прво го дојам 10тина мин, па поради недоволна колочина на млеко му додавам 30мл Аптамил. До вчера единствено после дохрана ќе повратеше, а од утрово и додека го доев поврати и потоа во неколку наврати.