Денес бебе веќе какаше 3 пати, што е необично за неа, ама ај тоа пеки, туку сите 3 пати беше зелено. Совет околу ова? 3 месеци сме и дамо на доење
@gwenst Ми спомна дека имаш пилешко домашно, претпоставувам дека имаш цело земено и замрзнато. Исто планирам, па да те прашам, го имаш исецкано и замрзнато, по колку грама од оброк? Педијатарот ми спомна да почнам со 30 гр, и да продолжам со 50 гр. Дали така да направам.
Исецкано, сварено и замрзнато го имам на коцкички. Околу 50гр ставам, од око, треба да е толку, по една коцкичка одмрзнувам
Погоре пишав, истото. Некоја страна поназад, ми вратија и членките. Многу нови работи. Ама 300 на саат е мојава
Ај хелп за кашиве што ми остануваат можам да ги чувам во фрижидер па нареден ден да давам? Овие дома што ги правам ги фрлам повеќе фрлам него што јади
Мојава исто, само во раце да биде. Станува цела вечер и си гуга. А мислев ред со спиењето да и направам.....
Мајки имате ли користено swaddle blanket во првите месеци и совет како се одвикнавте од него? Многу мирно спие со него и не се штрека навечер во сон, ама сакам да ја одвикнам со време и заспивањето навечер без него тешко ни оди. Пробав со вреќичка, меѓутоа рацете се кај нејзе проблем што постојано прета со нив и е речиси невозможно да се успие. Со дневните дремки пак немаме проблем, без проблем спие во гнездо и неповиена.
Ако е купечка каша на секоја има пишано колку време може да стои во фрижидер најчесто 2 или 3 дена се. Со тоа што пример со чисто лажиче префрлаш дел во чинија и остатокот го затвораш и ставаш со фрижидер. Да не јаде дете директно од тегличка и да не е затоплувана таа што ќе ја чуваш. Јас пример за овошните кога воведував вкусови, колку една третина ставав во чинија, другото затворено во фрижидер. Следен ден исто 1/3 чиста или ако правев комбинација со веќе пробан вкус пак мешав настрана.
О јас планирав свежо да го замрзнам. А колку време може сварено и замрзнато да стои во фрижидер? Како го одмрзнуваш, на собна температура па го загреваш или?
Не знам и јас колку, ама мислам дека нема гајле. Оти полесно е веќе сварено и само да го додадеш во кашата. Јас го ставам во водата кај што сум варела нешто од зеленчукот, на крајот откако ќе сварам се, и одма се одмрзнува
Јас користев, невозможно беше да спие без тоа, и дневните дремки така ги теравме. Потоа кај 3 и пол месеци почнавме само една рака повиена на една дремка, па пауза еден ден, и на преку еден ден пробувавме по една дремка без тоа да ја спие...и не дека спиеше убаво цврсто, но мораше од некаде да се почне. Кога почна дневните дремки да ги спие без тоа, пробавме и за навечер. Мора да пробате некој период, додека се навикне. Се надевам ќе ти биде од корист ова.