Дома памучно боди по долги со хеланки и чорапчиња, поладно ни е дома отколку надвор (20 степени од прилика). За надвор овие денови боди по кратки, хеланки и тенки чорапчиња. За надвор носам само тетра да ја покријам ако седиме во сенка.
Иста температура ни е дома, боди на кратки и шпикозни најчесто, или подебело боди на долги со хеланчиња. За надвор зависи секогаш различно ама во главно секогаш има боди на кратки одоздола дека дува и е променливо, па ако се затопли и го соблакам јакничето (шушкавче)
Мојот саклетчија е со боди на кратки и тенки панталони, чорапи дома не носи. Околу 22 степена е. Надвор кога шетаме ако дува малце носи тенки чорапчиња. Исто така и спие, на кратки со пижами без чорапи. Инаку, се мислам дали викендот да му облечам куси панталонки? 30 степени дава. Горен дел секако е куси ракави.
Ние сме 3ипол месеци, буден е саат ипол и заспива кенка и сам си бара да спие. Дремките обично му се по 40-40-50мин и има една подолга спие 2 - 2.5часа. Заспива во раце кај мене со цуцла на рамо потпрен кога ќе заспие убаво го спуштам во креветче.
Na moeto mu izlegoa prviot mesec koga se rodi stavavme mirobakt po preporaka na pedijatar se povlekoa za 3,4dena
Мене ми препорача BIODERMA Atoderm Интензивен смирувачки емолиентен балсам ама гледам со кортико е а бебево 1 месец па некако ми е инванзивно
Моево на 1 месец од прилика фати и цело беше од лице тело раце за грев беше да го гледаш. Дури го мачкав се само нови му излегуваа, од кога престанав за 4 5 дена се исчисти . Дали само по себе толку му беше или па имаше врска што веќе не го мачкам искрено нзз.
Може да пуштиш слика да видам како изгледаат на моево му се појавија како црвени ситни точки само нс лице ама нз дали е тоа ...
Тоа е, како црвени точки се низ цело лице. Прво беа на чело па сега на образите, гревче ми е.. ама ако поминуваат сами да не го плескам со креми
Кај виде дека е со кортико биодерма атодерм лосионот? Лосион за секојдневна нега е. Кај нас беше многу лошо, не минуваа и дерматолог исто миробакт ни даде таа е антибиотска крема за 3/4дена се повлекоа. А Биодерма користев и пред акните.
Нема кортико во Биодерма. И јас се залетав за бебешки акни да и купам, ама тие сами по себе се средуваат.