Впрочем корпата од сликата е од travel system, само јас не се доизразив добро. Е сега членки ми пишуваа дека не било дозволено таква корпа во кола, и тоа ме збуни.
Може ќе звучам смешно ама малку се опседнав со држење глава на бебето и самостојно потстанување (4 месеци има бебето). Ја држи главата ама не најдобро и сепак му паѓа малку… на вакцини сега втори и на педијатар ми кажаа дека требало само да потстанува бла бла и сега сум опседната бидејќи не потстанува само сеуште. Го шетам цело време во корпа… дали влијае многу лежењето на грб ама па како инаку да лежи дома? Дали да почнам во транспортер да го возам и дали позицијата во транспортер помага за бебето да почне да се исправува само?
Моето ја креваше главата од 1 месец. На 4 уште не ја држеше самостојно. Некаде околу 5ипол почна сам да се држи. Без гајле, се во свое време. А за какво потстанување мислиш?
Дали има некој во слична ситуација, утешете ме... Бебе е 3 и пол месеци, немаме примено прва вакцина во советувалиште сеуште, јер 1 месец уназад не можеме да се оправиме сите дома од вируси и настинки и мрсули во нос, вклучувајќи го и бебуш сеуште со мрсули. Звонам никој жив не ми крева телефон, не можам да мрднам да отидам и да прашам дали има врска освен за рота за другите вакцини да не има временска рамка до кога може да се примат? Почнувам да се грижам и веќе да се нервирам цел месец се удавивме во мрсули, до тука ми е веќе др. цело време вика нема ништо чистете носе, 3 пати ја носам и истото. Немам ум што да правам веќе...
Е моево уште не ја крева… потстанување мислам на кога лежи и кога ќе го фатиш за рачиња да се крева, да се поткренело само и да покажувало иницијатива за кревање. Моево кога го фаќам така му виси назад главата хаха не се поткрева само
А за такво потстанување мислиш. Моето се креваше така на првата контрола на 2 месеци. Сега не знам до кога се толерира да не ја крене главата така? Вежбај го, дома кревај го и ти, ставај го на меше, играј го, нека не биде во легната положба цело време,за да ги зацврсти мускулите малку
Вежби мора да се прават за да се зацврсти, и педијатарот ми кажа како да го држиме напред исправено за да ја држи главата и да ја спушти кога ќе се умори. Оваа што ми е кажано ама син ми уште немаше месец кога ја држеше главата цврсто исправена и ден денес е така, ако го легнам на подисправена перница се крева за станување и се нервира ако го фатиш за раце крева во секунди нозе и глава, го возам во транспортер и неделава почна и од овде да крева глава за станување Ама сите деца не се исти, мислам дека не треба да споредуваме и да правиме паники, се во свое време
Јас мојата не ја форсирав ич со вежби, сама почна да се дига како што викаш од негде 3 полни месеци, ама тоа е индивидуално и различно за секое бебе. А еве уште ја возам во корпа некогаш и по 2 саати на ден сме излезени. Можеш да му помогнеш со вежби за главата и вратот, ставај го почесто на меше на тврда подлога и занимавај го играчки лево и десно да ја врти по нив. Прави му вежби за асистирано вртење. Се врти ли било како кога ти е на земја на пример? Од грб на страна? Мојава се врти од грб на страна и понекогаш ако е расположена на меше, за да го направи ова дава ептен напор со нозете, со глава со се. И тука се јакнат исто мускулите. Ставај го врз тебе исто со меше збори му, и така ќе ја јакне главата.
Мајки со женски деца, немам искуство, нормално ли е секрет вагинален да имаат? Сабајле имаше на пелената како лигавко, мислев нешто од кремата да не е, но не е лепливо е. 7 месеци сме.
Мојата кога се вративме од болница, првата недела-две имаше исто такво, педијатарот ми рече дека се уште се чисти, може и кај вас е истото само малку подоцна. Прашај педијатар ама мислам не е ништо страшно.
Да секако ќе прашам, но ме интересираше дали е нормално и зошто се појавува. До сега немав приметено, денес прв пат.
4 meseca I 8 dena. Kje pocnam da davam kasicki pa me intersira po koj redosled odete. Koga davate po kolku. Za pocetok kje kupuvam gotovi bidejkji sekako kje probuva sto e dozvoleno za 4 meseci od zelencuk sto od ovosje ovosje. Dali da davam primer prvite 3 dena morkov da probuva pa posle jabuka ili da teram cela nedela zelencuk vi blagodaram Ve molam odminete me so komentarite deka ee rano od 4 meseci I prvoto go porasnav taka i imam odobrenie od pedijatar samo me intersira od koj da pocnam vi blagodaram
Дали на новороденче може да се даде спреј за носе Изомар? 16 дена е малата, приметив дека носето и е затнато. На мм во аптека му го дале тоа, дали некоја има користено на толку мало бебе?
Може, солена вода е тоа. Јас на син ми почнав да му прскам со тоа 3 недели кога направи. Му се затна носето и само тоа ми рече педијатар дека можам да користам.
Ти благодарам за одговорот. Мојава е 16 дена ама ја гледам едната ноздра и е затната па беше мм во аптека му ги дале овие ама на упатството пишува од 6 месеци, а подолу пишува за доенчиња и ме збуни дали може дека мала е.
Јас ставам од синомарин, солените капки монодоза што се. И капнувам по две три капки во носето и чистам со носко.
Мајки едно прашање, малава ми е сега 3 недели, пред два дена ја зедовме беше на неонатологија, многу ми се штрекнува, ајде тој моро рефлекс со рачињата, ама онака ќе мрдне нога, вратот како желче малку ако ја допрам по главичка, и во сон и будна кога е се штрекнува. До кога трае тоа и дали е нормално? . Мм сабајле ја ранел вика шмука млеко и погласно малку беше шмукањето и од него се сецнува. Сега гестикациски е 34+ 6, скоро 35та недела и знам дека таму било тивко во инкубатор три недели све тоа ама ме става во мисла
Мајки кенгур порачав од ПиКи ако барате и се мислите овој е добар и ефтин ми го пофалија па го нарачав, и подлогата им е добра. Прашував пред некое време па ако има некој што се двоуми да знаете