Здраво мајки бебето е старо 2 месеци пред скоро месец дена му се појави белег кој е светол го немаше од почетокот уште не сум прашала педијатар мислев брзо ќе се изгуби бидејќи е светол но не си стои дали има некој слично искуство само тука на едно место го има позз
4 ипол месеци и уште се штрекнува. Моро рефлексот до кај 6 месеци трае и јас едвај чекам да го снема на заспивање сто пати од него ќе ми се сецне додека не се заспие ептен цврсто.
И јас почнав на 4 и 1 недела. Јаболко, круша, модра слива, кајсија, банана, авокадо за почеток. Компир, батат, морков, тиква, тиквичка. По 3 дена, таман додека проба се, со полни 5 воведов доручек, во комбинација со палента или просо ( поретко). Јас имав замрзнато овошје. Пази со готовите каши, не е баш така. Еве сабајле јадеше на Хип, од 4 месеци пише. А во неа има спелта, глутен. Рано е за тоа. Или чисти да земаш или прави сама. Кај мене овошје прифати без проблем, од зеленчук 1 ден морков чист, ама нејќеше баш, па 2 и 3 ден мешав со тиква или јаболко.
Здраво да се придружам и јас на темава, се породив со царски во болница немав млеко ама сепак го редев за да се стимулират, таму му даваа вештачко holle па такво зедов и за дома, искуства со млекава немам првото ми беше цело време на доење, ја ставам и да цицат башка се молзам излегуват 40 мл и после тоа и давам 30 мл вештачко дали се дава на 2 часа или 3 и дали давам доволно,денеска дома си дојдовме и така почнав да давам извинете на долгиот пост
До кај 6ти медец треба да исчезне рефлексот, после 3ти веќе и е драстично намален. Нормално е скроз, не се секирај, да малку така језиво изгледа, ама ги штити рефлексот.
@MariaBouli мајка после колку време имаше резултат со сирупот? 3 ден веќе, скоро па никакво подобрување. Очајна сум и за саглам сон и да не пресоблекувам бебе 8 пати на ден. И друго, дали навечер им се затнуваат носињата? Мислев од клима е, ама не работеше деновиве, влажност е околу 50%, а секоја вечер околу 3 до 5 сабајле му се затнува и тешко дише… можно е од рефлуксот да е?
Мајки дали некоја го има Чико 3 во 1 стерилизаторот и се соочила со проблем да нов стерилизатор се гаси сам по неколку секунди а треба да трае 5 минути? Го вративме во продавница и демек го поправиле ама еве пак е истото не знам дали грешам нешто или ме зафркаваат од Енци Менци
оф леле мајка, ние уште прв ден видовме подобрување, и тоа големо. не знам зошто така кај вас. а кажи ми, дали е отстранета можноста од алергија? јас тогаш забегав со читање, па една од најчестите причини исто било алергија на кравји протеин што го има во млекото ако мајката јаде млеко и млечни производи. малку небитен момент, ама почни да користиш лигавчиња за да не мораш да го соблакаш целото цело време. инаку и ние стануваме со затнато носе, и верувам дека е од тоа, затоа што јас ја хранам 2 пати лежејќи низ ноќта без да ја исправам, па сабајле кога ќе стане знае да блуцне, а штом ја исправам за 5 мин и се чисти носето.
Сестрами стерилизираше шише до годинка. Во стерилизатор и сега навечер еднаш пушта дека не пие толку млеко внукава. Јас го купив истиот на твистшејк 5 во 1 што е, имам 4 медела шишиња и 3 стаклени, едно бибс и две бејби лов и на две јадења стерилизираме. Имам греач нип одржува вода на 40 степени, секогаш е спремна ставам само формула и млекото ми е готово. Уште даваме 40 мл и по 5 мл треба да зголемуваме па подготвувам 60 мл и префрлам во др шише... и се собираат за стерилизирање
Адаптирано млеко се дава на 3 часа, ние прашавме, таму и давале аптамил приматур, и дома видовме дека столицата и беше мн тврда, брбушки буквално, пробиотик биогаја и давале ... и исфрлив денеска биогаја само колиеф и дадов на моја рака и гледам столицата е мн подобра. На преглед сме ремедика во вторник ќе видиме како ќе биде без пробиотик. Млеко Адаптирано пресметуваат килажа во килограми *150 мл и добиената вредност се дели на 8 пати, така ми рече патронажната.
Никој ништо не спомнал за алергија… ќе прашам баш. Користиме лигавчиња ама џабе кога цел утоп е, ако лежи е позади кај вратот, ако е исправен обавезно е на ракави, ноџиња…ништо не помага. Мене ме чуди баш после цицање, значи 30 секунди одма млаз повраќа, се плашам дека веќе ништо не ни задржува, ќе чекам контрола за тежина.
I sin mi isto. Nemase mesec koga ja drzese glavata ispravena. Na pedijatar go sednuvaa na gaz I go drzea za racinja a toj si sedese ispraven. Sto jas ne bi od sega da go sednuvam na minutka kako tie Moze link?
Zdravo majki ne e za tuka prasanjeto no barav takva tema nemozev da najdam .. Pa da prasam dali ima nekoja majka sto ima bebe so sindrom na kratko crevo ili nekoj slicen problem so crevata i hidrocefalus?
Еве Лејди, па таму на неонатологија зголемува секој ден по милилитар два, ние еве после 4 дена одкако дојдовме и денеска првите 5мл и ги додадовме. Обично со килажата како што пишав треба да се додава ама и самата после шишето кога и го вадевме уште шмукаше.
Мајки дали и вашите бебиња де потат во количка? Одобено главчето врстот и рамењата. На третиот дел од количката сме веќе 7м ама пак она се поти на кратки облечена
Додека и даваа на болница тие неколку дена holle какаше нон стоп и тоа по неколку пати, затоа и за дома зедов такво затоа што добро го прифати,така и давам на три часа, баш и на три часа се буди за млеко,само што не знам колку да давам не ми кажаа, на кутијата пишува првата недела по препорака на педијатар, јас давам 30 мл ама зависи колку ке имам измолзено од моето млеко, ако имам на пример 20мл измолзено и давам 50мл вештачко, утре ќе идат патронажните сестри па ќе прашам све детално, јас дека бев царски немав млеко па малку ми надојде малата нон стоп на гради и пупките ми се рани цели и затоа се молзам