Бетер беше мојата, ренде лицето, атодерм има мислам и за лице, од две мачкања стакло и се направи. Ако не можеш да си ја земеш големата и после ќе си ја искористиш, трае многу. И ние на Мустела бевме и сменив, ене ми стои Мустелата.
Ставам Пурелан цело време ако сум само со пумпа. Ставај и додека доиш ќе заздрават. Па види најубаво на педијатар ќе ти кажат како е килажата ако качува значи добро даваш. Ако не ќе ти зголеми адаптирано млеко.
Планирам да почнам со вкусови една недела пред 6 месеци. Дали штом почнеме мора секој ден да давам? Или може 4 дена пауза заради шетање, да не ми пројави реакција се плашам.
Мајки, од што може бебе да е кенкав 2 дена по ред? А обично е многу смешко и весело бебе? Мерев температура нема. Си јаде најнормално. Уште носето не му е убаво одзатнато ама тоа не беше никаков проблем за неговото расположение. Многу сака да го држам свртен напред и да разгледува, а овие 2 дена кога го носам надвор така само мижи и кенка.
Може пауза. Деновите кога сте на пат ако веќе имаш воведен оброк ќе даваш само од веќе пробани вкусови.
Скок има трет, и баш вака е некако. Нас не не дирна нешто, ама тоа е. Недела дена трае, не е страшно.
Бебињата ни се тука негде, ние сме малце пред вас, скок е дефинитивно, исто бевме и ние ама не траеше многу. Сега се спремам психички за 4 скок
Дај Боже да е скок. Инаку да ве прашам, како успевате да не паничите вака кога се кенкави? Цело време мислам да не го боли нешто. Само туку го чепкам да не е жежок. На моменти ми е претешко.
Од 14 до 20, раздразнето бебе вика во 17 недела. Јас еднаш и го свиткав малку ноџето, а внук ми и го завлече рачето, и сфатив како вришти ако е од болка плус, ако успевам да ја смирам дали со нишкање, менување атмосфера, или како и да е за релативно брзо време јасно ми е дека е кенкава поради некоја нестрашна причина. Плус ги следам и скоковите
Хахаха душа Тука сме ќе си помогнеме. Веројатно веќе е во скок, по неделите. Дај боже да не сетиш некои големи промени, оти 4ти е луууудило. Ми се крева косата кога ќе помислам на него
Кај моето имаше вака, земав биодерма цицабио и и се смири одма. Предходно веледа користев и не помагаше.
Каде ги следите овие скокови? Мислам дали има некоја апликација нешто такво за следење скокови и фази на развој на бебето?