@thinkerbell дали и на косата има исти вакви? И мојата се нафрли исто ваква и не знам што се кај нас фактички цела глава е вака нафрлена... Не знам каде да ја носам да ни дадат нешто ...
Не, само лицето и еве денес кај веѓите. Се исфрли после месец од раѓање, сега е два месеци и само се засилуваат. На сликата не се гледа убаво, ама баш е црвенило и рапаво со ситни брунчиња. Ќе пробам со биодермава што ќе биде. Не сакам да и ставам кортико масти одма, тие сигурно ќе средат, ама ако не морам ги избегнувам.
@Bubish26 не се бебешки акни ова дефинитивно. Имаше големата, лошо изгледаа, ама брзо се изгубија. Ова ми е баш како атопична кожа, ја чеша се нервира и целото кожиче на образите и брадата и поцрвенува и рапаво е.
Еспумисанот прават запек, ние сме трет месец и го сменив со nurse harvey сирупот многу е ефикасен за грчевите, исфрли го еспумисанот, и чај и давам
Дали ќе можи да ми кажите како се подготвува бекутан чајот за новороденче, 10 дена и по колку мл во текот на денот. Навечер и почнуваат грчевите, па во краен случај да почнам дс и давам.
На упатството пишува 100мл вода со една кесичка чајче. Ама дека многу сте малецки, можеш да направиш 50мл со пола кесичка и да даваш по малку во текот на денот. Има шеќер да, ама еве нас многу ни помогна чајчето за грчеви. Му давав некое време додека не му прекинаа скроз и веќе не давам.
Јас давав од сладок анасон, од тој рефус што е, не во кесички. На него пишува 5 гр во 100 мл вода, ама јас давав најчесто 3 гр во 60 мл вода, по потреба, не секој ден.
Мајки да ве прашам, вие што користите кенгур, дали пред употреба сте го переле во машина и на колку степени?
Да, јас вчера баш го перев. На него пишуваше само рачно перење, ама за мене не е перено ако не е во машина и го ставив. Ништо не му беше. Го перев на 40 , со бебешкиот прашок.
Во машина на 30 степени со 800 вртежи го пуштив. Моево многу го лиже од страна, морам да перам. Ништо не му е од машината.
Доктор има видено? Да не се од жешко од склет и син ми имаше кога беше можеби 2 месеца или пред тоа значи цело лице, обравчињата му беа исфрлњни и црвено, педијатар ми кажа дека бебешки акни се ќе поминат сами од себе по некое време, а јас осетив дека се засилуваат од жешко. Ставав мустела стелатопија кратко ама на крај мислам сами од себе се повлекоа. Кажа дека до 6 месеци се е нормално
Некоја мајка да дава Апрамил без лактоза да ми пише искуство… Почнавме од пред некој ден зошто тестот покажа интолеранција на лактоза и првата кака темно зелена. И едвај се искака цвикаше овие два дена дека немаше какано.
Мајки што може да и е на малава, два дена само кенка ништо не и е погодено, бара да цица на саат ипол а инаку цицаше на 3, 4 саати. 4ти ден денес е на антибиотик ама веќе не кашла, не верувам да и е од болеста. Температура нема. Се плашам да не ја боли нешто. Јас циклус имам, ама си викам нели од тоа одбиваат да цицаат а мојава обратно. И бара да спие на секој саат, не ми правеше вака. Ме фаќа паника она наместо да зголеми прозор на будност го намалува. Едвај саат време и кома е, по 5 пати во ден спие. Не сме во скок..