Исто беше и кај мене дента ко напрај 5 месеци ми дојде и имав помалце млеко ги осејќав градиве празни и само на града беше .
Па не ми течеше млеко како претходно. Маичките не ми се правеа со млеко. Баш како празни ги осекав дојките
Бебе научи да се врти од грб на стомак, ама не знае обратно и плаче. Цел ден на подлога она се врти на меше, плаче, јас ја вртам назад и така во круг. Ништо друго не и е интересно освен да се врти. До кога трае оваа фаза? Како да и помогнам да се заврти сама обратно? Не можам до вц да мрднам цел ден само ја вртам обратно.
Мајки од кога почнаа вашите малечки да држат предмети со рачињата? Моето е 3.5 месеци не е почнало сеуште да држи, и тоа што ќе го фати одма во уста го става
Тука сме и ние, 3 месеци и 1 недела (и по термин и дата на раѓање). Почна преку ноќ да фаќа пред околу 10тина дена. Сега ги држи убаво подолго време (рачунај ако го фати убаво), и исто одма во уста, тоа е нормално
Значи психички ќе се пореметам веќе со соблекувањето. Значи кога и да ја соблекувам вришти како мислиш дека ја колам особено ако ја фатам за рацете или за главата. Некогаш кога треба пелена да и сменам и нема да ми реагира, затоа што нели само доле тогаш ја соблекувам, ама ако морам да ја соблечам цела, луѓе не можам да ви објаснам колку вришти, и во моментот кога ќе ја фатам во раце одма се смирува. Не тропкалки, не шушкања, не татко и да и стои на главата и зборува, значи ништо ништо ништо не функционира за она да не плаче и веќе, да не звучам лошо, ама ми здосади. Си мислев демек како ќе потпораснува така ќе се научи, ама жими се мислам дека бетер вришти.
Исто бебе е и моето. Дури е гол, ужива. Што му ставам пелена, почнува да вришти, знае дека ќе го облекувам
Еве и ние со облекувањето сме исти кога ќе го соблечам за менување пелена прете се смее вика а почнам да го облекувам плаче, посебно после бањање кога треба горен дел да облечеме абе заоѓа 3 месеци и 18дена држи играчки во рака, и директ во уста што ќе дофати тоа става, и рацете му се цело време во уста се лигави нон стоп
Ем ме утешивте, ем ме разочаравте хахаха искрено се надевав дека кога ќе пораснат ќе сфатат дека мора да се соблекуваат и облекуваат леле не ми спомнувај облекување после бањање најголема ноќна мора ми е. кога читам тука дека мајки си имаат ноќна рутина со бањање, масирање, облекување пижами, а јас ако и се доволно чисти шпикозните со истите ја легнувам за да не ми се изнаплаче пред спиење туку да си заспие убаво раце во уста константно, најјака ми е кога ќе си бљуцне ипак си ги држи во уста
И јас го вртев, ама не знае уште и не ни пробува. 10 ипол е. Од грб на меше се сврти точно кога наполни 4. Обратно само 2 пати, ама случајно и тресна, се исплаши. И само на десно се врте. Така научи и така сака.
Zdravo mamickii. Zabelezav kaj bebceto gore od ocite ima nesto na kozata kako iritacija neznam sto moze da e.. ima i na liceto malku crveni mali akni
Мајки на колку денови растојание примивте втора вакцина? Сега ми кажуваат инфо као демек требало на 40дена да се прими втората доза а мене закажана/запишана во книшка ми е за два месеци од кога примил прва. Кое е вашето искуство ило да одам дорект во болница да се распрашам со време.
Втората после 36 дена, и за трета исто ми закажаа после 36 дена од втората. Прашај пак, да не имаат помешано
Какви седишта за во кола имате ? Јас се мислам помеѓу овие две, дали можеби некој има, и како сте задоволни ?
Мајки дајте совет малата е 19 дена има грчеви, и ставам топло на стомакот се смирува малку. Дали може да и дадам чајче и ако може какво давате и по колку мл? Дури по 10 дена имам контрола на педијатар не знам што да правам
Секогаш викам не за чај на бебе. Пиј ти, доиш мислам. Лактамиксот е одличен, има ким и анасон, се лачи преку млеко и смирува. Ама не филтер, туку за процедување земи. Пробиотик давај, некои капки на база на симетикон (еспумисан, саб симплекс, инфакол...) Реално ништо не помага значително, само олеснува. На мојава еспумисанот и помагаше фино да може да исфрли гасови. Пробиотик кај првото Ваја одлично делуваше, кај второво страшни грчеви прави. Ставај топло на меше и contact naps. Тоа ги смирува најмногу. @baguf4e отприлика за еден месец очекувај од стомак на грб. Е после како пропелер мојата си се движеше