на нас прва вакцина на 2 месеца т.е пред 12 недела ради ротата а втора на 4 месеци, прв пат слушам за ова, исто ми беа закажале во картонот
@blala Благодарам @thinkerbell пијам лактамикс ама филтер не знаев дека има за процедување. Савам топло смирува кратко исто и contact naps, давав биогаја некој ден и бетар беше со нив одвај се опорави, ги баталив. Не сум ни јас за чај давање фан ама ако ептен дојде ситуација да дадам да знам што можам. Искрено после ова што го видов со гајата скептик станав за пробиотик.
Земи друг пробај, треба да прима пробиотик. Биогаја на мојава и се супер, на првото ужас, ваја и одговараа на неа. Ама има и други пробиотици, прашај во аптека. Јас секаде го зборам лактамиксов, ептен е добар. Ако си од Скопје, во билна аптека продаваат мешавина од 5 ќеси и за цел месец имаш. За жал ништо не прави магија, грчевите мора да поминат, нормални се, иако изгледа лошо.
Уште пиеш? До кога планираш? Со првото некаде до 4 месеци пиев, исто и со ова сега планирам. Ама навика ми стана, и мене добро ми доаѓа на желудникот и ме смирува.
Даа, ама не секој ден. Ама си пијам, кога ќе приметам дека имам премногу полни гради не пијам. Два пати ми се запуши канал од премногу млеко и уплав имам да не фатам мастит, па избегнувам тогаш да пијам.
Точно на 2месеци ја примивме првата па следно на 4месеци (значи 2месеци после првата)ни е закажано за втора доза.Како ви пишале во картон така терајте. Сепак тие се педијатри и си ја знаат својата работа.
Ние бевме пред 2 месеци, а следните ни ги закажаа на 4, значи повеќе од два месеца подоцна. тоа со 40 дена колку што јас знам е дека треба минимум да има поминато меѓу двете дози, а не дека треба точно на толку време да се примат, но не смее да биде порано од 40 дена.
Не ми е јасно за вакциниве можи да ми кажите Значи првите 2 ги прими на болница дури беше сега следно кога треба да прими мене ништо не ми кажаја ... Дали треба сами да одиме кај вакцините или треба да ни се јават? Инаку сме 7 недели дали каснам со вакцини?
Добро мајки, до кога ќе му бидат затнати носињата? Секоја ден прскам физиолошки, вадам со аспиратор, некогаш и инхалации правам, влажноста ни е супер имаме навлажнувач кој цело време работи и упорно пак има мрсули.
Се прима на полни два месеци. Не ви се јавува никој треба да го однесете сами во здравствен дом каде што се примат вакцини за деца.
И кај нас веќе долг период има затнато носе, некогаш кога ќе повлечам излага секрет. Диши по цел ден од уста, мислам и навика и стана од уста да диши.
На мене ми се јавија за БСЖ. Кога му ја ставија, ми пишаа дата за наредната. И знаев кога да одам. Сега за Мрп не знам дали ќе ѕвонат или картонче ќе стаса.
4 месеци е, секој ден има мрсули. Болна не била никогаш, не е затната, не се зелени. Само и се полни носето со бели тегави мрсулчиња, вадам со физиолошки и носко пред спиење, некогаш само со чепкалка за уши и го вадам. Исто имаме навлажнувач, од него не хрчи ама мрсули има. Мислам дека и се враќа и од млекото.