Јас не ставав, можеш или со два памперси еден обратно поставен т.е наопачки или со оние кои ги има по аптекиве, мислам во Ани фарм имаше. Кај нас на контролата на 2 месеци беше се во ред со колкчињата, само вежби и правев.
Не, помина све во болница додека беше на неонатологија, и жолтица и пупачето падна.. нема сила и заспива и се буди ја штипкаме чепкаме и кога ќе се разбуди вдишува се закашлува.. од вчера од 12 почна да хрчи додека диши ме фати страв ај викам на мм пали колата и до козле ја гледаше докторката и крв ацидобазна све испита вика има рефлукс ставај ја на перница да спие.. а како се лизга главчето и паѓа, денеска мм да купи перница за рефлукс па да пробаме и сега после јадење 20 мин ми рече држи ја исправено. ох стресови Не едно боди по кратки и тенки шпиркозни, не ја покирам со ќебе дури навечер спие само во тетра свиткана за да не се штрека, ја расоблеков дури ај викам да видам како ќе јаде и струја пуштив над нас точно да ја подразбуди.. ништо не помага, кома.
Фаќа она Кала на града сама некако ја наместив одма и на двете ама немам млеко и почна да се трга да се љути.. и ако поцица на града.. после еднаш цицнува од шишето и толку заморна несака да пие.. а неможам да ризикувам да падне во килажа 2200 ја пуштија, и таму само сонда и ставаа зошто еве вака не се замараат тие на толку деца, нив им треба да качи килажа и сега дома борба, млитава е. Ќути си плачам некогаш кога ќе се задави едвај душа собира.. и си се нервирам.
Пијам феникс лактил чај, таблети лактил, сокови од јаболко, ајс теа, што не од болница кога дојдов и све на пумпа 3ипол недели.. ама многу сум под стрес дури желудников ми се активира гастритот од завчера почнав фамосани да пијам и со раната се оправав еве нема 3 дена како не ми тече се затвори после толку време и све тоа е капак. Знам дека е мала и све што е до неа она фаќа на града осеќам дека влече, голта еднаш два пати и се трга несака кенка, и ако продолжам почнува да плаче, уста затвара стегната несака да отвори. А и пумпата кога почнува да влече не иде млеко.. на почетокот капеше баш сега на најјако и да стискам градата па да почне нешто тие празни се меки.
М цуцли имаше дека со шишињата и се давеше ај викам сменив С цуцли сега повеќе се заморува и заспиваа пак се дави. Баш вчера со мм збориме дали пак да и вратам М цуцла. Не сум паметна.
Тоа од мам ми препорача исто една мајка од форумов, ајде денеска ќе купи мм. се надевам ќе сме подобри.
Душа мила, многу е малечка, нема сила да трга, ако сакаш да доиш мора да ја ставаш да стимулира млеко, ниту една пумпа не може да истрга како што може детето. Малку по малку ставај ја да се навикне, после ако треба дај и и дохрана, молзено/АД. И мојата истото го правеше и на почеток давав малку на града, малку молзено, додека да се навикне. Пробај и со шприц како што им даваат на ГАК, може нема да се дави, и така давав јас првите неколку дена оти не фаќаше цуцла.
Сокот не помага, не се полни со шеќери, јаболко да даваше млеко ќе го јадевме, немаше сокови со шеќер полни да пиеме, тоа е зашто е бистар сок, за побезо да ја исфрлиш анестезијата. Колку можеш ставај и плус молзи, да стимулираш, ќе добие сила, ќе влече сама, се учи на шише, затоа не сака да цица, и мојата така правеше.
Ај и овде да прашам може некоја знае да ми каже поминаа 7 нед од царскиот рез и вчера имав како црна крв а денес црвена т.е. свежа крв онака по малку си течи можно е да е циклус олку рано ? Иначе на доење сме а минатава недела целово лице со акни ми се направи и се отепав од благо јадење што мислите?
Истото ми се деси, не беше циклус кај мене, до 8 недели крварев еднаш неделно, како спотинг фала богу тоа беше последното.
Дали е време за мачкање со гел на непцата? Бебе е скоро 6 месеци. Постојано се чеша со глодалката, става прсти и многу се лигави. Гингевал гел или?
Привери ги непцата, и мојата исто прави, ама нема ништо. Лигавчиња немам доволно од што се лигави… не стигнуваат.
Мајки дали и од кога ставате широк повој кај бебињата, конкретно за женски деца прашувам? Каков совет сте добиле при испис од болница, ако се одлучи да се става дали одма или после месец два?
Премногу суплементи на толку мали бебиња. На 3 деца само вит д давам и сум давала. Ништо друго не им треба. Страшно е кај нас што се се дава. @Ladyme исфрли го чајот. 50мл непотребни празни калории се многу на толку мало бебе. Плус само штета водата може да направи на недоволно развиени бубрежиња за вода. Остави ја и да покенка на града малку, стварно не е страшно, а само бенефит ќе има. И да немаш млеко, за вежбање на нејзината мускулатура е добро и за учење да диши правилно дур јаде и за правилно голтање и ујачување на вилицата и јазичето. Ќе го изрегулира и моментот со давење побрзо. Еве го мојов, многу е подобар овие денови, а како се давеше страшно. Цуцла давај само при грчеви, иначе не ти треба тоа. Нема сериозен дентист или ортодонт што такво нешто би препорачал, ако има, смени го. Кај мене како по книга, најсилните грчеви почнаа само што направи 4 недели. Сега се занимавам и со witching hour. Секоја вечер од 19 до 19:30 почнува и трае до 22 - 22:30. Само вришти и се трза. Ништо не му е погодено. Нејќе па сака во раце, сака па нејќе цицка, нејќе на меше, нејќе на кревет, нејќе да го шеташ, нејќе да стоиш.. па сака, па нејќе…. и се така цели 3 саати си го подаваме дома сите дур реши да спие. Секој ден без исклучок. Да не беше толку сладок ќе го седнев во кошница пред некоја црква до сеа. I said what I said. Цуцла за шише да видиш нук, со едно мало дупче на средина. Такви видов овде им даваа додека моето беше на неонатологија. И не се стресирај мама. Се ќе си се среди и вие ќе си фаќате ред со секој ден се повеќе.
Мајки што ви помага за ептен потпарено? По препорака на педијатар користам мешано белоген и канестем но нема подобрување
Јас досега нанав проблем за спиење навечер и дневни дремки,ама 2 дена деца пореметени скроз,башка заби исто ги мачат,затоа помислив да не е можеби некој скок
за хрчењето и мојава прави така дури и грофта како прасе и баш ја прашував педијатарот рече дека се случува од млекото дека и останува некаде. Чаре обавезно кревање за ждригање после секој подој и спиење на малце повисоко - ваљда ќе ти помогне рефлукс перницата чим ти ја препорачале. За цуцлата чим викаш тешко влече ама и се задавува треба ваљда некоја златна средина на некоја со ок проток ама да не е преголем - јас од старт и давам од Филипс авент натурал 0+ и за шише и за лажливка и супер се навикна дека сега е најмногу на доење но на почетокот и давав често и молзено па читав тие биле ок за да не одбива цице а кај мене се потврди тоа. Сега веќе е месец па ќе менувам на авент натурал 1+ за кога и давам молзено.
Сакам да ти кажам за крчењето и закашлувањето, и на мојот константно му се случува. А голем, силен батко е. Се закашлува и од плунка, а навечер додека спие обавезно, дури и се буди од што сам ќе се задави… сега правевме и крвна слика супер си беше, јас се плашев да не има некој вирус. Така да нормално е претпоставувам, тројца педијатри ми рекоа од млекото е.
Мајки дали мора после секој подој да ждригни бебето. И како успевате во тоа. Мојата кога сака ждрига кога не. Секако пробвам ама џабе не ждрига насекое. Цица како млеко да нема видено дури не голта толку колку шо цица, не знам дали не е донајаденс што не ждрига или што е работата. Има две недели дс напоменам