Мајки прво дете ни е, 5 месеци имаме у последно време многу вреска ама се и е на смеење кога е расположена. Некогаш ќе гугне другото и е се на врескање не знам дали покажува возбуда или не знам што е. Help
Леле мојава исто прави како мачка вреска, почна негде пред да направи 4 месеци. Ама не и е нервозно врескање. Ваљда си го осознаваат гласот и интересно му е.
А зошто непробаш со систем за доење,да си го зголемиш млекото ем ќе цица,ем ќе си го пие адаптираното.
Купивме ние ама не помогна, плус веќе тогаш почна да се врти во спиење и само се маваше од креветчето. На АР млеко е уште на 14 месеци без разлика што веќе нема толку многу изразен рефлукс, како совет освен да го храните подигнато немам што да кажам, ќе го надрасне полека како ќе поминува време.
Не успевав да ја ждригнам на секој подој. Многу ретко успевав. Мислам дека дури после 2 месеци почна да ждригнува. Пробај преку рамо, ако не успее не се стресирај понатаму сама ќе ждригнува
Јас по првиот царски кратко крварев, мислам 3 недели. Добив после 2 месеци, а на ексклузивно доење… Сега со вториот царски сум 8 недели по пораѓај и уште крварам. Со тоа што на 6тата недела имав бенорнално обилно крварење со партали/грутки, а и толку обилно и болно што мислев ќе се онесвестам. Докторот што ме пораѓаше ми реле дека ми е циклус. Таква и ми беше болката, ко за циклус. Сега еве уште имам крв ко за добиено, малку, но постојано.. матичниот рече нормално е, се чистам, да одам кај него кога ќе сум скроз чиста за дс направиме пап и брисеви. Пак сум на ексклузивно доење… Очигледно нема да ме поштеди циклусов да одморам малку…
Добро бре жени излеговме од четврт скок, поминавме и регресија, што е сега ова, некој полускок, меѓускок? На саат ипол, 2 ми станува навечер, цуцла нема шанси не отвара уста, сака да цица. Убаво цица, активно. Ќе се нацица и ќе си презаспие. За една недела 5 месеци ќе прави. Што е работава, може да не ја држи толку млеково мое? Ќе скренам веќе жива вода се правам од крени спушти голи цицки насекаде па уште ако не е цврсто заспана знае и да ми се расони, сабајле од 5 до 6 будна си беше во креветче.
Која недела сте… 5ти скок е таков… цркнав веќе… уште некој ден ни трае.. ако има у весник паднала некоја на улица, јас сум…
Ама само што излеговме од четврти.. не знам не ни бројам веќе недели хахаха. 21ва од раѓање броено сега пресметав
Од 22ра почнува 5ти, и нас по дата на раѓање не фати… ужас е мал збор… и ние излеговме од 4ти и директ во 5ти.. пошо едниот од термин, другиов од дата..
Нас така не фати. Станува цела вечер по 100 пати, многу немирно спие.. и лесно, одма се буди ако дишеш цуцла со очи не сака да види, цело време кенка, ама цело време, во раце само или да седи, мојава само да седии се срола неколку пати и толку не и е интересно само да седи да се занимава, иначе урла.. и ај малку денскиве дремки ги зголеми, на 40 мин.. иначе 30 мин и беа