Мајка, пробај направи и 60мл и види како ќе реагира. Може и гладна да е. Ама ако и е вишок ќе го бљуцне секако и ќе видеш одприлика колку и е доволно. Тогаш син ми пиеше 60мл, ама без доење бевме.
Ние сме 4 месеци и уште сме со проток 2 зашто со 3 ката повеќе тече, а она лакомо и така голта и повеќе бљуцкаше. Така да зависи како ви одговара според бебето. Направи и 60 мл па колку испие, испие. Бебе пиеше тогаш од прилика 40 мл преку сила нешто повеќе другото го фрлавме. Ама тогаш ич не цицаше, покасно фати. И во болница ни рекоа на 2 максимум 3 часа да и даваме и обично на 2 и пол часа и дававме.
30мл после подој се доволно само ако да речеме приближно иста количина и цица. Пробај направи и 60мл и види колку ќе испие, ако испие повеќе од 30 можеби е стварно гладна и не и е доволно. За количина, на секое ад има табела по килажа колку се пие.
Мајки кажете ми памперси што не пропуштаат.Значи пробани pampers active baby, pampers premium i baby love од DM..
детско оделение сега веќе е затворено во охрид каде можам да ја однесам на друго место папочево не и е во ред се плашам некој од охрид да ми пиши
Со ништо. Јас мислам сум единствена во светот што не перам ни делови од количка, ни релаксатор, ни транспортер. Тетра чиста одозгора врз се и шибај. Ништо не и било досега. Апсолутно ништо немам испрано, дури ни тоа што се вади од ниеден реквизит освен кенгурот цел што го пикам во машина.
Исто. Коа ќе ми текне дека е во ноември родена и мириса надвор на отров, ништо нема да и е од количката. На муабетот кенгур, дали и летно време ги ставате во кенгур, со оглед на тоа што е 500 степени? Да знам дали да купам.
Не можам стварно да се замарам да вадам да перам 500 навлакк пошо знаејќи се себе нема да знам да го составам назад ко што било првично и ќе ме фати нервоза. Вака со тетра и ајт. Не перам реквизити, не стерилизирам, ретко вријам, цуцли на чешма мијам. Единствено што исправ беше од корпата навлаката од душечето ама тоа беше како навлака со патент прелесно (испрано еднаш и тоа е све народе).
Здраво, бебе деновиве има пролив, примаше вакцина пред 5 дена шестовалентна + рота, денеска забележав многуу слуз во каката ама стварно полно, не сум сигурна дали и крвче малку ама и како некои мали црвени точки да имаше, исто така и забчиња ќе вади многу се лигави. И кажав на матичната ми кажа дијастоп да давам ама давам веќе неколку дена.. Не знам дали да одам на уште едно мислење или што да правам..
Мајки во 5ти скок, бебето почна да сака да заспива само во мене.. за други не сака да чуе. Јас не можам сама да излезам од дома, не сум отидена нигде оти вреска ако проба друг да ја заспие. Дали е до скокот или така и ќе си продолжи? и мнооогу тешко заспива значи ја друмкам 30 минути за да спие 20
Кад-тад ќе почнеш. Ќе почне да прља, па ќе мораш... Ќе почне да фрла играчки на секое, ќе переш играчки еднаш неделно барем, кои во машина за перење кои во машина за садови... И така.
Колку дена имало бебе кога прв пат излеговте од дома? Ми треба мислење од оние кои не чекаат да поминат 40 дена за да изнесат бебе надвор. Јас мислам не би можела толку да чекам, посебно не на вакво време. Знам дека на почеток е кратко, 10-20мин но не сум паметна од кој ден.
Ние од 4ти ден од кога не пуштија дома почнавме да шетаме по малку надвор, дека бев со царски тогаш прв пат осетив дека можам да поодам 15тина минути и накачував секој ден. И одтогаш секој ден гледаме да ја изнесеме, си ужива надвор и многу поубаво спие кога сме надвор. едит: И за тебе како тазе мајка верувај многу помага да искочиш да те фати сонце и воздух. Дури и педијатарот ми препорача да излегуваме секој ден.
Јануари е родена. На 2.5 недели првпат ја прошетав 20 минути пред зграда. На 3 недели првпат седнавме на кафе надвор на сонце, она спиеше во корпата и после шетавме во маало. Од 4 недели натаму скоро секој ден сме излезени. После 40 дена и по 3 саати се случува да шетам.