Јас по 40 дена ама во март, поладно беше, само еднаш до лекар излеговме ама да е вака времето после 1 м би ја изнесла
Може да ми кажеш како го даваше сирупот дали цело време во тие 3 месеци или со прекини јас сега почнав да и давам и и давам околу 2 недели цело време по 5мл по два пати во денот и нас ни е подобро откако почнав да и давам не знам дали може цело време да и давам
Мајки дали е нормално бебе од 3 недели да се задавува при цицање и да губи воздух, па и посинува цела уста, нос? Малку цица дали 5-10мин, прави често паузи додека цица и потоа заспива па се буди на секој саат зошто е гладна. Што мислите што би можело да биде проблем?
Да, и кај нас, околу 10 ден. Со плачки докај 3 месеци, со гасови и кркорење црева, мачно меше докај 7.
Зависи и положбата како е ...И моево така прави ама со сина уста не ...Јас го легнувам на спална или на кревет до него и јас и така не ми се задавува а кога е в раце за доење секогаш затоа и само на спална почнав
12ти ден .... еве 2м+ сме има ама не е како порано...Ние се мачевме со запек ама сменив пробиотик и е подобро
Се задавуваат често, смени и положба на цицање, а тоа што и помодрува устата и останува без здив прашак педијатар најдобро.
Зеленчук и прави многу запек, а не може само на овошје да биде. Како се справувате со запек? Еве пола ден плаче кога и доаѓа да кака и по малку само какнува. И давам чај на хипп секој ден
Нормално е, суви сливи сварете ги и блендирајте со јаболко или крушка... Можете и водичката од што се вареле да ја понудите.
Јас давав до 2 месец без престан и пробав сабајле и вечер му го прекинав ама пак полека му почнаа грчевите до наредното сабајле особено после цицање и продолжив да му го давам до кај 3ти, наредно кога пак му го прекинав веќе немаше гајле и престанав
Здраво мамички да прашам малата какат по 5 6 пати на ден на мајчино млеко е и на ад, дали каката треба да изгледа жолта и имат како бели топчиња во неа, додека ја пресоблакав сега 4 пати ми се покака страв ми е да не е пролив, иначе нормално си пие се буди за млеко на 3 часа
вака изгледа извинете што сликав ама не ме држи место секако сме утре на доктор за папочето ќе прашам ама сакам и ваше мислење
Од мајчино е поретка столицата и треба да е жолта и има бели топчиња да. Можно е и да е доволно само да цица
Јас се измолзувам и така и давам не сакат да цицат, зависит колку ќе се измолзам па и давам и ад, сега имав само 40мл ги испи и беше пак гладна и напрајв уште 30 ад и се засити ама се уплашив кога ја пресоблакав 4 пати ми се покака а имат само 16 дена мислев да не е пролив