Моето на два или три месеци кога беше вака имаше па можеби и повејќе слуз онака баш како шлајм. Го однесов на док.ми кажаа дека малце настината е и дека е нормално . Немаше температура немаше ни мрсулки . Немаше ни во секоја кака и за два три дена и помина. Прати види ден два.
Денеска беше прегледана дека и правеа лапизација на папочето ја наслуша докторката не рече ништо, ја прашав за слузот во каката ми рече да следам до петок па да се испита ако треба, ја прашав и патронажната сестра таа ми рече да не се секирам дека се чистело бебето, а гледам плунка имат така густа леплива па си викам можеби од плунката е
Мамички едно прашање не знам за каде е,моево бебенце веќе 3 дена навечер се буди и писка едвај ја смирувам два месеци сме,совет или некаде за помош од уплав,уроци што помага?
Како се манифестираат грчеви, како знам дали ги има/нема, што најмногу може да помогне, од која недела најчесто се појавуваат, и макс до кога траат?
Јас имав проблем со запек и од 03 мај сменив од ваја во линекс бејби ...Верувај дека се среди ...еднаш во денот оди ама без проблем ни плачење ни напнување со плачки... Секогаш е така на два дена или?
Бебето се грчи, се витка, ги собира ноџињата и ги пушта и неутешно плаче. Почнуваат различно кај секое бебе и различно траат. Викаат дека почнувале од 2 рата недела ама сум слушнала кај некои дека имаат од самиот почеток. Ние почнавме со Colief капки, тие можат на секој оброк по 4 капки да се ставаат мислам дека беше 60 и нешто капки дозволено за 24 часа. И термофорче на стомачето исто помага. Немаше некои јаки грчеви или може превентивно и ги ублаживме со капките. Исто и Espumisan капките се доста добри. Има и адаптирани млека исто против грчеви со AC се означени anticolic. А траат обично до 3 тиот месец ама и тоа е инвидиуално. Јас не дојам активно освен некогаш за заспивање или смирување, па викаат дека има врска и мајката што јаде може да предизвика грчеви ама искрено не знам многу за тоа. Некоја мајка што дои нека сподели искуство. Беба има грчеви?
Леле немој со тоа баење, подобро помини ја на лицето со светена вода ако веќе мислиш дека е до тоа. Јас имам уплав од такви работи, а за жал во таква средина дојдов каде што секоја работа е поврзана одма со такви работи. Од тоа што бегаш тоа ќе те снајде. Може да се грчеви, да не му е топло/ладно на бебето, да не има запек или едноставно така се буди.
Па искрено не знам зашто сме на адаптирано млеко. Ама супер што можеш се да јадеш уште таа мака фали да ти е ограничено менито. И тоа малку време што го имаме да мора да пазиш што јадеш хаха
Јас го користам од 3м кога беше,на сабајле највеќе кога ја носиме големата во школо ми е најзгодно,оти испаѓам за кратко,а во зграда сме,па да одам во подрум,додека средам количка,со него ми е многу брзо,ама многу ми е тешка уште сега,цел грб ме боли кога ја носам во кенгур.. Мажот ми обожава да ја шета со него,а за жешко,да жешко е и на бебе и на тој што го носи.. Ако ти седи во количка може и немаш баш потреба..
Има и тоа премногу. Не може да сврзе ни саат време сон. Ни ден ни ноќ ни се знае дома, мн лошо чувство стварно. И редот за млеко и се поремети од замор што плаче. Ако некоја мајка има совет за поминати грчеви, нека пише што и помогнало.
Не знам веќе колку пати пишав за тоа нас што ни помогна, ама еве пак ќе пишам. Откако почнав да давам инфакол капки и чајчето на Бекутан, магично престанаа. Како друго бебе да имав, буквално. Има шеќер во чајчето да, ама очајна бев за нешто да му помогни, а уште што нѐ пробавме. Давав може неполн месец и толку. Пробај мајка , може ќе помогни и кај вас.
Само моето не го пие чајчето? Буквално прави фаци како да му е гадно. И јас почнав со Инфакол, мислам дека е подобро.
Не знам, јас еднаш го пробав и мене убаво ми беше, благичко така. Може не му се свиѓа на бебо твој, мојов прцул го цоцаше со мерак. Ќе помогнат капките, сигурна сум.
Како го приготвувате чајчето, јас имам земено од то што не е филтер, во гранули. И по колку мл му даваш во текот на денот, за бебе од 3 неделк
Можеш да си го земеш тоа во кесички што е, попрактично е. Не се сеќавам колкави точно бевме кога почнав да му давам, ама му правев како што пишува упатството, 100мл вода со една кесичка чајче и го давав во текот на денот по малку. Ако мислиш дека му е многу 100мл, направи 50мл со пола кесичка и види како ќе биде.
Синко буквално цело раче си го бута во муце и му се згадува, вади звук како да сака да повраќа хахах. Исто ли е со вашите бебушки?