Да си се помириш со судбината хахаха. Мојава 5 ќе прави, од четврти скок сме исто така или во мене или во маж ми. Штом ја спуштам отвара очи. Надвор тераме една дремка секој ден, другите во раце ама тоа е. Нема вечно да сака да спие во мене, уживам во секој момент зашто кога ќе порасне ќе ми фали ова. Сите поткасти ги изгледав, сега ќе барам серија некоја хаха
Нас педијатар ни ја препорача Биодерма цикабио за црвенила. И официјално сме со атопична кожа сега користиме Биодерма. Ни ја препорача и кремата на Скендер, ама овде читав дека и таа содржи кортико. На два ума сум дали да ја земам или не. Кога се воспалува, користиме Декотал, кортико.
Индивидуално е зависи од бебе искрено, моево е мало ми рече педијатар барем до два месеци да не го изнесувам, и не сме вакцинирани и тоа ќе чекам, 2кг дете е, здравје ќе биде све. Ти ако се осеќаш добро, може да прошетате.
Атодерм Биодерма мислам е подобра опција @nikja , исто Орхидеја ама пробај со цикабио чим ти го препорачале, побарајте имаат примероци да пробате во аптекиве па ќе купите сепак се скапи а може нема да одговарат, од две до три користења треба да има подобрување. Внимавај кортико само колку што ти пишале пример 3 дена, и не користи често на своја рака. Може да направи стрии промени на бебешката кожа. Не го лечи го ублажува и ако прекинеш се враќа.
Да атодерм користиме, емолиентен балсам и масло за туширање. Цикабио за црвенила ми рече да ставам за да не користиме кортико. Декотал ставам само кога е ептен воспалена, рани. И претходниот пат се јави после вакцината и сега пак. Додека ја средиме, третата вакцина ќе дојде
Ако доите избегнувате цитрусни овошја, портокали, лимуни, грејпфрут итн. и тие мн знаат да направат такви промени атопични дерматитиси на кожа кај бебиња. Колешка многу јадела и на крај бременост и после додека доела вика само тоа и сокови и овошје така жедна бев и вика со бебево мака кожата катастрофа атопичен дерматит и егзема додека една докторка не и кажала да исклучи тоа све од храната. Вика после 2 месеци се среди све.. чисто ако може да помогне и кај вас.
на нас ни помогнаа колиеф и еспумисан (3 пати дневно и давам пред доење во измолзено млекце) + вежби за ноџиња да и помогнам да се испрди и искака ( собирање накај стомак и пуштање ) . Исто така ако приметам дека повеќе плаче и помага топло на мешето - јас имам од тој појасот од локо кроко што е со семки од цреши кои се загреваат во микро https://lococroco.mk/produkt/po-as-antikolik-mint/ исто викаат ако доиш помага и чај од анасон да пиеш, јас иако го исфрлив сега почнав пак со лактамикс бар пола доза и гледам уште подобра е со грчевите
Bebe zadutre pravi 6 meseci I treba da pocneme so kasicki a jas nekako ne sum psihicki spremna, ne znam sto mi e
Не не искрено сестра ми ми го кажа она го имала користено за децата и го пробав, сега после бањање со него и го мачкам лицето само
Јас ја користев од скендер за големото. Дур ја најдов од скендер кремата користев секакви креми, спрејој чуда ништо не му помогна . Имаше премногу беше нервозен се чешаше плачеше кортико ми дадоја зошто рани беше цел. Ни кортико не му помогна колку што од скендер. Пробај види некакви креми ама за нас само скендер беше спас. И ден денес ја имам за секој случај . Гледам и бебушка сега и се прави ама уште е мала и не е толку кај нас алармантно во моментов.
Да, само на доење сме. Од цитруси ништо не јадам баш поради тоа што бебе е само на доење. А и во фамилија немаме никој со атопична кожа, па да речам од тоа е. Дали се појави пак? Кога е воспалено и моево се чеша, посебно навечер, и уште полошо станува. Декотал засега му помага, за 2-3 дена се чисти. Ама не сакам да ја користиме често.
Доручек околу 10ипол, 11,зависи од дремката. Ручекот и на мојот му е тоа време отприлика, оти ми преспива до кај 3,3ипол. И јас мислам дека му е доцна. Чекам да смени на 2 дремки моето не цица, на ад сме. Наутро кога ќе стане пие млеко, па кашичка. Втората дремка заспива со млеко, па кога ќе стане ручекот. После тоа околу 6 пие пак млеко, и уште едно шише млеко за заспивање навечер.
Може ради тоа. И јас имав такво безвезно чувство со првото кога требаше да почнеме со дохрана и мислам дека тоа беше причината.