Му излезе негде на 6 месеци и не беше ништо ,како лишајчиња малку.почнав со еуцерин колекцијата, па ред др креми . Најмногу имаше на места кои се поти(вратче,позади колената, на подлактици)и на лето беше ужасно. Кремата од скендер ја открив кога имаше 2 год. Од кога почнав со користење од второто мачкање веќе се смири. После 1 месец користење се исчисти скроз и потоа му се појавуваше само пред настинување кога беше со слаб имунитет само едно лишајче на лицето и знаев дека ќе настине. Ден денес има сува кожа 10год е . Ама не е ништо страшно.
Мајки на бебиња кои ви заспиваат 19:00/19:30ч , како ќе правете летото за шеткање? Сите знаеме дека кај нас е пекол па пред 19ч не се излегува. Како да му подместам рутина кога едвај и на оваа го научив?
Моето така заспиваше. Сега е веќе 10 ипол, зголеми прозори на будност, скрати на 2 дремки и заспива околу 8, 8 ипол. Покасно нема легнато, некогаш кога сме денски излезени, па не може да заспие, ќе му се поремети се и уште потешко му е така. Му се пореметува и ручек и 2 дремка. За шетање колку можеме толку.
Сабајле рано пред 10 или навечер да спие во количка дури шеткате. Првото ми е родено во август, не спиеше никако во количка па дури од средина септември почнавме попладне со шеткање кога подзалади.
Малава се вртеше од меше на грб уште од пред еден месец. Сега си седи на меше, исправа лакти ама не се превртува туку се врти во круг 360. Зашто вака прави?
Исто, се врти во круг, а од меше на грб уште се нема свртено. Често истовремено раце и нозе крева и само на меше се потпира и почнува да плаче. Еден месец секојдневно мачкаше? Читав овде дека се користи до 7 денови најмногу. @Lady*Bug истиот сет го имам. Со 2ка, иако давав само чај за грчеви на почетокот. Бебе е 5 месеци, сега користиме 3ка за кога сум излезена, па да му дадат од шише. Земав и 6ка, ама му тече многу. @Feniksgirl има и 4ка? Јас не најдов.
Здраво ја будиме малата на секои 3 саати за да цица а има скоро 3 недели. Од ваше искуство, до кога треба да се будат вака? Педијатарот ни вика да продолжиме за сега
Мајки со бебенца од 2ипол-3 недели што се на доење, колку грама качија вашите бебиња откако излеговте од болница до сега?
Мајки едно прашање, имам бебе од две ипол недели, до пред три дена често полнеше пелени, последниве три дена само еднаш во денот е искакан, течна златно жолта боја, иначе редовно си мочка. Иначе сме на ексклузивно доење, немам сменето исхрана, а бебе има грчеви често. Дали има простор за загриженост?
Нас ни рекоја да не ја будиме воопшто за цицање.. секој различно кажва. Не дека спие многу мојата пак се буди на 3 часа, ама знае и до кај 3,5 -4 часа да сврзи сон, ретко е ама се има случено. Имам приметено дека ако претходно се најади многу и подооврати најчесто спие поќе. Прашав и јас дали да се станва од спиење ми рекоја нема потреба чим си напредва добро.
Моето еднаш дневно кака од како е родена, и тоа во исто време сабајле кака и се буди Не се грижи, во ред е
Дури не ви каже педијатарот што го следи. Нас после еден месец ни рече “сега веќе не треба да го будите”, ама тоа зависи од напредокот на бебето.
Да околу еден месец го мачкав. Кога се јавив на бројот што ми го дадоа ми се јави еден човек и ме праша прво симптоми да му кажам и му објаснав ми рече грав,риба и уште нешто беше да не му давам додека го мачкам и да го мачкам ептен тенок слој. Ова беше пред 8 години .
Ех колку сакам некогаш да го оставам син ми на неколку саати кај некоја баба и да си го видам мм како што треба… ама немам доверба. 2 месеци ми е старо бебето, уште е многу мал, знам, ама толку ми треба да го оставам на “сигурно” некој саат, толку ми фали да се почувствувам релаксирано… ама еве и да го дадам на мајка ми, што секогаш вика остави го кога сакаш, не ми дава нешто од внатре да го оставам повеќе од пола саат. Знам дека е кенкав, дека плаче ако јас не го држам, и само замислувам како никако не можат да го смират… и како да излезам сама со мм на раат?
Моите ќе полнат сега 6 месеци и ни со маж ми не сум ги оставила дома сами,научени се само со мене и само кај мене се смируваат ако јас не сум дома.Многу е напорно и лошо за нас како мајки неможам никаде да си дозволам да искочам.
Луѓе дома двајца ноќе се менуваме и не можеме да постигнеме. Бебе старо 2 недели преку ден е помирна спие, не дека не ја нишкам ама пак мирна е, а дојде ноќе зависи после 7,8,9 она е невозможна. Грчеви има тоа сигурно и потврдија. Кенка, плаче, се стиска, се грчи не сврзува ни 1 саат сон. Буквално по 4,5 саати ноќе ја нишкаме. Да се помирам дека е вакво бебево, нормално е, до кога ќе трае? Кога почнуваат да сврзуваат ноќе сон и да не пијат формула на 2,3 саати? Вк.ни 2 саати не можам да преспијам ноќта
Дали некоја од мајките имала бебенце со пренатално дијагностицирана изолирана унилатерална mild вентрикуломегалија 12мм? Ако може да ми пишете во лична порака искуства
Слично беше и моето на 2-3 недели, почнаа грчевите, цела ноќ буден, уште памтам какви ни беа лицата на мене и мм потечени со подочњаци. Ама накај 5та недела почна многу да се менува и еве сега е 10та и навечер врзува 5-6 саати, па ќе стане, ќе се најаде и продолжува уште 2. Сите бебиња се различни ама има надеж сега е премало за рутина ама колку е возможно толку внесувајте, макар и да е една иста приспивна песна или бањање пред спиење или што и да е.