Кај син ми грчевите беа денски, ама навечер се будеше. Скоро 11 месеци е, уште се буде на 3 саата за млеко. Јас се помирив дека е такво детето. Додека го мачеа забите кенкаше и на 15мин. Сега заврши тоа и скокот, ама пак се буде. Кога ќе сврзе цела ноќ, ќе славам. Ама, јас немав рутина со него од мал, може и тоа има врска, не знам.
Здраво мајки следна недела треба да ги примиме првите вакцини по завршени 2 ипол месеци.Поим немам ни што вакцини треба знам само дека треба крвна слика утрото па потоа на вакцинален пункт.кажете ми искуатва што се треба да очекувам,што е нормално што не е,што треба да си купам дома за секој случај,за бањање со бањање сите работи што ќе ви текнат.Претпоставувам дека ќе ми кажат во вакциналниот пункт ама може да ме фати паника од целиот момент па да изумам што кој зборел.
Ништо страшно, до 12 та значи 11+6 треба да се примат. Ова за ротата важи. Може да е поспано, може грчеви малку од ротата, и ќе треба да пазиш на каката барем една недела, дека може да се заразите од вирусот. Може и температура малку да крене, ама ќе ти кажат дали сирупче да дадеш ако има потреба. На боцнатото место, авиди борици облоги ставав јас. Се ова што набројав од прилика, ама и не мора да значи. Мојата ништо немаше, супер помина.
Епа така, кога сакаше спиеше, не следев прозори на будност или број на дремки. После 6 месеци фативме некој ред со заспивање во одредено време.
Мајки ај хелп. Два дена бебушка не ми беше какана , денес се искака и низ каката имаше крв свежа. Едвај се покака и многи суво се искака. Почнавме се јадење пред извесен период. 6+ е имаме појадок и сега скоро ручек воведов . После 2 часот раб. док ќе мрднам дур чекам да отвори да прашам.
Мајки, веќе сме 3 недели и почнаа да и се појавуваат мозолчиња на лицето мали ситни црвени и исчезнуваат па пак се појавуваат. Од што можи да бидат и како да се повлечат целосно
Исто и ние сме пред вакцини. Извини не те сфатив што мислиш под тоа да пазиме на каките една недела дека може да се зарази од вирусот? Фала ти!
Жив вирус е ротата, можеш ти или сопругот кога менувате пелена какана ако не измиеш раце и се пипкаш да се заразиш. Лош вирус е, така да миење раце обавезно или со ракавици. Ќе ви кажат во диспанзер.
За 3 дена 10м е беба, на доење. На рака можам да избројам колку пати спиела повеќе од 2ч без да се разбуди.
Мајки, ми треба мислење. Бебка е 13дена, по совет од матичната, до прв преглед на ехо кај ортопед треба да ставам широк повој. Купив Белуга пелени за широк повој, на нив пишува да се ставаат врз памперсот, ама бодито па и шпикозните се многу мали некако, не се закопчуваат. Дали може да ја ставам пелената врз алишта, најодозгора? Дали имате искуство? Според мене битно е да се стави, дали одоздола или најгоре, нема врска, брашно е нозете да и се раширени од неа.
Јас користев исти вакви, мене педијатарот и ортопедот ми кажаа да ги ставам врз шпихозните, така и правев. Додатно ги однесов на шнајдер да ми стават една лепенка врз таа постоечката, зошто на почетокот ни беа големи.