Можно ли е од омегата да повраќа бебето? Втор ден и ги давам, после 5мин обилно повраќа низ нос и уста, лом прави. Ќе ги прекинам, на брат и давав само Д3+К1 до 3 м, после само Вигантол. Така и сега планирам.
Мајки од кога ги седнувавте бебињата? Мојава 5 месеци, сама станува од скроз лежечка положба се подига со стомачните сама. Чим и го фатам рачињата пак се крева сама. Некогаш за да ждригне малце ја потседнувам кај мене во скут, смеам вака или не? На 45 ја возам во количка исто сама се крева нагоре нонстоп
Можно е. Мојава и грчеви имаше од омегата, па и ги прекинав едно време. Сега ми бљуца по секое капсулче и престанав да и давам.
Како ги даваш? Јас во шишенце со молзено млеко со сите други капки што ги прима и не сум имала проблем. За прекинување ме знам најискрено, викаат дека е многу битна омегата за развој на бебе
Дефинитивно е од тврдата столица или ако сте примале доза рота у скоро. А можно е и нешто ново за јадење ако си дала. Секако следи си... И нуди вода...ние имавме мака со какушки тврди, само вода е спас ^^ само еднаш беше таква каката?
Да и од сабајле не е искакана пак. Рота примано на 4 месеци сега сме 6. Јадење немам ништо ново дадено , ама зачестив со просо и гриз на утро.
До сите мајки што ги разбудуваат за јадење ....Мене така ме учеа разбудувај го нема да напредува нема да биди од ова дете ...Го разбудував сега не сврзува сон од 2-3 часа ...Сега ни вела мора да спие навечер 4 часа минимум...е нема спиење така е навикнато ... Затоа кажав за второ дете ни го будам ни го малтретирам да го штипкам за да цица да пие АД...Не мора по 1500 гр да напредува нека напредува по 500 гр. Ама сон барем ќе има и бебето и јас
Не е точно ова, и јас ја будев па еве сврзува. Мораш да го будиш, битно е да напредува. Со небудење ни 500 нема да напредува, навечер можеш и на 3-4 да го будиш, јас така ја будев, преку ден на 1и пол-2 ја будев.
Ако ти напредува па по малку, тогаш ќе сакаш да го будиш за да накачува повеќе, искуство од паталец И јас така се радував уште од прв ден дома сврзуваше и по 7 саата (а тогаш ја "легнував" во 11), ама прв преглед малку накачена, па ајде само денски зголемивме подои, втор преглед ослабната и почнав и да ја будам и по 3 пати Кога се оправивме со тежината и останаа 2 станувања (а почнав во 8 да ја легнувам), околу 2-3 и околу околу 5-6. Еве последните 5 дена станува само во 6, а легнува во 8 до 8 Така да нема врска будењето, а е многу значајно
Јас сум задоволна од напредувањето....ама јатрва ми не го сокривање малку напредуваше искрено не беше многу уплашена за тоа па ене 3 год е ...и викаше педијатарот домашните ама не се грижеше многу
За седнување од 6 месеци, мене така ми беше кажано од педијатар, а исто од 5 почна да сака сам да седи, исто се виткаше. Сега 8м е, сам си седи
Додо и мојава од 3ипол-4 така прави, ја дига цела глава во вис мислам кај и да е стомачните ќе почнат да и се познаваат. Многу е смешна, цел ден се дига и само нежно да ја фатам за рачиња се исправа цела. Се вежбаат, ама сепак им е рано ептен за седење. Јас ја шетам исто на 45 и дома ја седнувам да вежба потпрена исто на 45 со перници. Ама педијатар ми рече да ја седнувам тек од 6 месеци.
Да ја приметувам дека и е рано за скроз да седне ама мислев така повремено дека ја потседнувам, ете за да ждригне и слично да не направам нешто лошо се подзамислив
Дали може да се става чепче при никнување заби? Нема температура ама многу ја боли. Во упатство пише дека може да се користи при никнување заби ама не е напоменато само ако има качено температура