Па што знам, јас не би можела така опуштено да се понашам како јатрвата а имам препорака од ДОКТОР за будење.
Да се надоврзам, јас моево го потседнувам многу кратко за да подригне и тоа не секој ден така ама во текот на денот знам два три пати кога ќе го видам дека се запнува да седне и се исправа да му допомогнам и да го задржам седнато 5 6 секунди зошто инаку се нервира што не може да се исправи скроз па плаче Инаку е 4ипол месеца. И јас се помислувам да не грешам да не му наштетам ама па не верувам се на се нема ни пола минута во тек на цел ден а не па повеќе..
Не дека нема да напредува, него ради жолтицата ако ја има. Денски кога сака и колку сака а навечер барем на 3 часа. Ако ти е прво дете да знаешш дека сон нема да имаш најмалку до 3 години
Исти сме и ние, ни рекоја да ја ставаме на 60 степени. Кога е легната сама пробува да стане и го крева главчето
И мојата исто прави, и од релаксатор и од количка сама пробува се крева. Ортопедот ми рече да не ја ставам на 90 сеуште дека е рано.
На бутчето приметив има како мало лишајче како егзема, до сега не сум приметила да има нешто на кожата. Од што може да е и со што се третира?
Мајки да ве прашам дали има решение некако малава да ја одвикнам инаку 2м утре ќе прави спие само ако ракава моја и е под главче стсвена и цврсто да е заспана ако ја извадам одма секундарно се буди
Јас дојдов пак да се жалам.. Две членки ми проверија, не сме во 5ти скок ни според датум на раѓање ни според термин. Луѓе на саат ипол ми станува, цица се тегне, не спие мирно ја држам за гради цело време, не сака да презаспие со цуцла. Не можам веќе душа немам. Вчера заспа во 9 и 15, прво будење во 11 и беше. Ми се слоши кога видов. Значи преку ден ја занимавам и помагам да совлада вештини, играме на подлога буквално се, прозори на будност пазам дремки пазам рутина пазам. Не знам што е, преку ден е весела се смее супер е. Навечер не заспива на цицка, цица па ја нишкам и така си заспива, а преку ноќ презаспива со цицање. Спие во креветче залепено до мене значи исто како заедно на спална да спиеме, близината ја има. Не знам што да правам веќе преморена сум
Која недела сте? Значи од 22ра има скок, 5ти скок. Исто ама баш истооо како што пишуваш е. Еве исто поминавме, од дата на раѓање не фати. Види кај dr.goodnight исто е.
Еве утре правиме точно 5 месеци. Ама ми проверија две членки вчера, според термин од 1ви јуни сме во 5ти скок, а според дата од 23ти мај. Секако не сме во скок ја не знам што е овааа полудев
Кај нас памтам 1 скок почна една недела порано, наместо во 5 недела, крај на 3та почеток на 4та. Нека кажат поискусните дали е можно порано да почне..
Каде ги следите скоковите во развој? Со синко ја имав купено Вондер вика апп, ама тогаш беше мн ефтина, некои 4 долари. Сега 39 долари е, ја имате купено? И уште нешто, каква мека подлога имате, и од каде? На ваква мислам:
Мајки, ставате ли широк повој? за женски бебиња прашувам посебно. Нас одкако не пуштија патронажната ни рече, педијатар не спомна нешто посебно. Ортопед сме сега на 1 јуни, кога термински ни е втор месец.
Мене дека мало ме подоветуваа најобичната, што има убав проток за да не се мачи и да не се уморува и заспива. Калмата нова млеко не пројде низ неа хаха џабе пари фрлени. Гледај ако е само на шише а не комбинираш, таман е двојка, после и брзо ќе зголемуваш прток.
Јас ставам кај бебка, баш вчера мислам ставив слика, од овие купечките. На прв преглед кај ортопед сме пред неполн месец да направи бебла, па ќе видам што ќе ми каже.