Нема, јас ја спуштам полека, и ја сум залепена до нејзе, ја држам за раче и шшкам и продолжува, ја така успеав, мислев нема да спие она куфер
Ма пробано е се, и легнувам со неа додека ми е во раце и лежам така со неа, па спуштам стапала прво, нозе, газе, на крај глава. Спие едно добри 2 минути и отвара очи..
Јас прво газе со ноџињата заедно, па после главата, ја вадам раката под, и шшкам и продолжува, цицката у фаца и е
Мене некогаш ми успева да ја заспијам легната на стомаче на спална, главата свртена на страна со цуцла, ја држам за глава со една рака, а со другата рака и го држам едното раче. Лежам до неа и јас на стомак. Прво прета, кенка, мрда, ама не се откажувам и заспива за 10тина минути. Денес првпат се деси сум заспала со неа саат ипол и двете кома. Инаку максимум 45 минути спие и тоа само врз мене или татко и. Ова со стомаче на спална кога ќе ја фатам во добрите..
Леле мојава на стомак урла.. никако, умре тоа време хаха, ко бебе ми спиеше така на мене на меше, сеа не сака ни да ја легнам да ја гушнам така. Нешто сега на страна спие, само на страна се врти и си продолжува, и на грб не сака веќе.
Ова потврдува дека стварно секое дете е различно. Мојава преку ден исклучиво на меше дали врз мене или вака на спална еднаш на 2 дена, а навечер спие на грб. Преку ден нема спиено на грб ми се чини од новороденче. Инаку и јас спијам на стомак секогаш, може има трефнато некој ген.
Јас изгорев за на стомак, цела бременост не спиев и сега пак не можам заради градите…. Ќе пукнам… а само така ми е најубаво.
Во бременоста многу ми фалеше да се плеснам на стомак како бубашваба. После царскиот уште 3 недели не можев ни на стомак ни на страна, цркнав на грб мислам. Од кога престанаа болките од раната, секоја вечер на стомак спијам. Нема поубаво.
@Feniksgirl @baguf4e удобно ви е спиењето на грб после царски? Јас цел живот спиев на стомак. А сега ако спијам на стомак, утрото се будам со болки во половината, како прекршена да сум
Немам избор, ама повеќе на страна спијам, свртена накај ќере. Ама вака да океј ми е и на грб. Ама одвај чекам на стомак да легнам.
И јас обожавам на стомак, до трет месец не можев додека не ми се среди лактацијата ама затоа сега уживаммм. Малце ми е нелагодно на градите ама ставам раце под мене притисокот повеќе на рацете да е. Најмногу тоа ми фалеше во бременост
Не бе, запушив канал, се изнамачив дур го средам, тоа е.. ќе мора да истрпам, и онака од се се откажав..
Со бебе удобно ми е да спијам кај ќе ме ставиш таму. Шала на страна, на грб не ми беше удобно ни пред, ни за време на бременоста ни после царски. Ме гуши некако. На стомак или евентуално на страна спијам, а инаку не ме боли ништо. Некогаш малку ги осеќам внатрешните резови кога ме мава ќерка со нозете, ама вака од спиење не.
Син ми заспива свртен накај мене со стомак, потпрен на рамо и со цуцла, најчесто со пеење или шшкање и цуцла дур заспие кога ќе се комира ја пушта, па го спуштам во креветче. Вака заспива од скроз мал, мислам откако дојдовме од болница. Јас спијам на страна после пораѓај, а претходно само на стомак сега уште ми е шубе од што се пазев дур бев бремена да не се свртам
Мајки како ги стерилизирате шишињата,цуцлите (ако не користите стерилизатор) .дали прво ги миете со сјај па после ги превривате или обратно? И од како ги стерилизирате како ги чувате?
Јас ги вриев само. Убаво се исушат и складирав во шкав. Претходно ги плакнев само со вода, да нема трега од млекото, без сјај.