Да не ме мислите еве сме пак станати. Брадавиците ме болат од цицање веќе. Жими се ќе славам ноќта кога ќе преспие барем до 3 саат. Ај одам да ја префрлам и да дремнам пола саат.
Здраво женски! Не знам дали темава е соодветна за ова прашање но освен ланолин мачкате ли нешто друго? Едната брадавица ми е разранета, и скоро секој подој ме здоболува. Мачкам кантарион и ланолин но сеуште не заздравува. Дали можеби има нешто друго што би помогнало?
Мене па на стомак ич не ми е убаво после царскиот. Мислам, убаво ми е додека спијам. Ама кога ќе станам осеќам на раната како да било оптегнато местото цела вечер, и кога ќе станам од кревет наутро како да почнува да се собира и многу ми е непријатно чувството. Можеби само кај мене е така. На страна некако најмногу ми одговара...
Здраво, дали прашам дали има некој искуство со ваков белег, ова го има од раѓање, сега е 4месеци и стои уште, но намалено е секако дека бебе, лице расте. Докторите ништо конкретно не кажаа, да се следи и слично. Сакав тука да прашам дали имала некоја вакво искуство. Дали постои некаков третман или слично?
Не знам дали се работи за истото, моето има на челото, на едното окце и назад на главчето. Stork bite или Angel Kiss. Е сега не знам дали е ова тоа, ако е такво, со тек на време ќе исчезне.
Ние вчера на саат и 15 минути. Таман ќе заспие пак, ќе задремам еве ја будна. Ама цица бре луѓе како гладна да е, можно е да е скокот ова или нешто не е океј со доењето? Сегде ми оди паметот веќе
Жени, јас дојдов да прашам, што се прави во овој случај? Па дали е ова можно, цели 15 минути спие во спална Што пие кафана??????? Јас кафе (читај бокал кафе) после цела ноќ неспиење ама нема везеее мали победи секој ден
Заби се изгледа, мене ми рече педијатарот дека најверојатно забите почнуваат, може нема ништо вака на изглед, ама почнува да си работи процесот. Пак почна да се лигави и сама се чеша со играчки, ги трља.