А да си го земеш бебушот до тебе на спална? Видов пиша дека залепено креветчето до спалната, но какви сензори имаат сѐ знаат и осеќаат. Мојава само на почетокот спиеше во креветче, упорна бев викам нема шанси со мене на спална има да си се научи таму. Али како поминуваше време станува на саат време, цицка бара и веќе немав сила стани легни, префрлија и еве ја до мене на спална, дури и купив ограда која ја монтиравме на спалната Не дека сега не се буди, ама барем јас не се расонувам со префрлање и вадење од креветче, него во полусон вадам цицка и тераме хаха.
На окцето му помина најбрзо, некаде по 2 месеци. На тилот уште му е жар црвено исто како кога се роди, а тоа на челото уште го имаме, ама е прилично избледено. Сега е 8м. Доаѓа до израз кога вришти хахха Ама не е ништо страшно за да се третира посебно. Обично мислам кај бели бебиња го има ова
Ама навечер спие во креветче без проблем. Денски спие во раце па сега пробувам да сменам. Не можам нонстоп да ја држам не можам ни да се измочам на раат што се вика хаха
И јас го носам свртен напред, цврст е и главата му е цело време исправена, разгледува се радува повеќе од 30-40мин не бил во кенгур... мене ми е шубе дали му е удобно во делот кај нозете само се преиспитувам
Мајки, што ви се покажало ефикасно за против опаѓање на коса постпартум? Знам дека е процес кој мора да помине , ама Боже мој цели топки коса ми паѓа. Колку-толку нешто барем го скрати малку опаѓањето.
Биотин на jamieson таблети секој ден по една шмукам, roots третманот на lush и шампон оливал од пискавица. Значително имаше подобрување кај мене, уште ми паѓа ама далеку од тоа што беше.
Капсуливе може доилка? Може линк и за ова на лаш? Хормонски е знам, ама што викаш, малку барем да ставам нешто.
За биотинот искрено не сум сигурна, не дојам. Ама сестра ми ги пиеше од 4 месеци кога и беше бебето, од нејзе ги знам, а доеше до 16 месеци. За лаш еве линк: https://www.lush.com.mk/Roots-Третман-за-скалп
Здраво. Дали некоја од вас има бебе со речиси затворена фонтанела на 6 месеца? Друг педијатар ми го кажа ова, не матичниот. Кога бев на преглед кај матичниот го прашав и тогаш рече да, се затворила порано. Се нервирам што претходно не ми го кажаа тоа, можеби ќе прекинев д витамин. Имаме закажено преглед во систина на крај на месец, а веќе сум избезумена по читање се и сешто на нет. Дали имате познавање на ваков случај и што да се прави?