Според мене таман го облекуваш мајка. И јас го облекувам син ми на боди по долги со хеланчиња/панталончиња или боди по кратки со шпикозни. Обично шпикозните за спиење му ги облекувам, а за преку ден ми е на боденце по долги и хеланчиња, со чорапчиња. Јас сум сега на кратки па се водам по мене, на него еден слој плус.
Секој ден различно пошо и времето е различно. Еве за денес конкретно (за Скопје) хеланки по долги памучни, боди по кратки ракави и шеширче за сонце. Претопло беше и пукаше сонце, во долги ракави не ја облекувам никогаш кога е над 22-3 степени.
4ипол месеци е ќерка ми, ама јас отворив сезона на кратки ракави уште на Велигден (тогаш беше 3+ месеци). Искрено, ако ме прашаш мене, јас не практикувам тоа бебето да ми е еден слој плус од мене (можеби само додека е ептен мало до кај 1 месец да речеме). Мене ако ми е жешко и сум по кратки и нејзе ја соблекувам по кратки и обратно. Досега никогаш не била болна ни настината. Еве денес само моево бебе го видов по кратки, сите по долги, а некои и со ќебенца. Мене ако ме прашаш ќебе на 24-5 степени ми е нонсенс. Ај долги ракави ок, ама да го покриеш ми нема логика. Ама добро, секој си знае најубаво за своето дете. Моето си е с’клетџиче од новороденче, не трпи топло и се нервира, плаче ако е наоблечено.
I moeto e skletdzija,celo vreme go frla kjebenceto navecer,ja dezurna sluzba za da go pokrijam. Samo edno tenko kebence i toa go kloca a go naseti. Gledam preeska go setam neli toplo on se nervira. Ke probam na kratki eden den vaka ako e pak toplo pa ke vidime kako ke se odnesuva
Јас уште го немам соблечено на кратки оти цело време ветре дува, некогаш и седнуваме некаде и свежо ми е кога сме во место. Еве денес беше потопло 22степени ама со ветар... носеше боди на долги, памучни тренерки долу и памучно елече одозгора ова ми е таков комплет. Или боди на кратки и блуска потанка на долги. Не го покривам и моето е склетџија.
Мајки да ве прашам дали има нешто гајле Денес околу 9ч ги прими тие вакцини сите шо се за 2 месеци и ми рекоја околу 30 мин ништо да не јади така направив ништо не јадеше и сега околу 10:30 јадеше и ми врати малку има нешто гајле од вакцината таа што е за преку уста или е во неа веќе ?
Нема гајле. Мојата првата доза кога ја прими таму ја исплука пола па ништо.. ми рекоа тоа е, не можеме да знаеме колку испила
Ај да ве прашам,спиеше околу 40 минути, се подразбуди ама одма ја земав да ја презаспијам. Околу 10 минути се бореше па заспа пак. И сеа ова како една дремка се рачуна или две?
Никако да презаспие сама после првиот циклус на спиење. Чим поминат 40минути се буди, а и се спие уште, па морам со помош
Нека нана, сега со вештиниве што ги учат, се будат, мозочето 300 им работи, мојава навечер така прави, а ја запријам за 40 минути станува и одма ја презаспивам и продолжува, веќе 2 и пол месеци ми прави така.
По дома само по боди по долги е и хеланчиња доле, така и спие. За надвор боди без ракави и тенка блузичка одозгора, доле исто хеланки. По кратки не сум ја облекла до сега, но планирам да почнам прво исто како по дома што е, само по боди по долги па полека да преоѓаме на кратки ракави и горе и доле.
Дали е нормално столицата на бебка да и е многу течна? Само на доење сме, по 3-4 пати на ден кака и во поголем дел од какањето ги нема тие белите како семиња што се специфични за доени бебиња. Многу прди плаче и се грчи пред секое какање
Па таква е столицата. Плус не се секогаш со белите зрнца, ние сме на доење 6+, па само на почеток и беше со зрнца, после не. Грчеви има и плус гасови, помогни и со вежбички да ги извади гасовите. Избегнувај зрнеста храна.
На која возраст почнавте да ги изнесувате бебушите во затворен простор - молови, кафичи? 7 недели сме и освен во паркови не сум го носела во затворено