Da , sam Simplex kapki.Celo vreme eso nozete nagore nadole, pa kje se tegne,pa pak od ponovo ,i taka celo vreme.
Да пробаш со еспумисан или nurse harvey's сирупот. Можеш и сосем малку чајче, јас му давав чајче, и тоа му помагаше
Феникс тотално исти сме сме и ние како што опиша, цела е утоп од тоа брмчење цело време. На земја нема шанси да ја налегнеш, туку мојата не е уште толку стабилна да седи сама без надзор, дали и имаш купено некое столче тие со потпора при седење што се?
Бебиња се 6+ се лигават цело време,ставам и по 2 чигавчиња со мушамка одоздола цело време се утоп околу вратчето мокри дневно по 7,8 пати ги пресоблакам.Забчиња ни на повидок не се,што ќе правиме додека никнат
Дали овај крем може да се користи на лице кај бебе ? Или кажете што да земам на челото и стана сува кожата како со корупки
На 3 месеци првпат во празен мол на кратко ради пазарење не на шетање, во кафич на затворено не сум. Теменица е тоа, не е сува кожа. Масирај со масло пред бањање имаш и шампон за теменица, зависи колку е изразена.
Јас имам масло од веледа што е за масажа на стомаче против грчеви дали може со тоа или треба посебно масло да земам за теменица
Мајки дали им давате цуцла на вашите бебиња. Ние сме веќе 1 месец и патронажната сестра ми вели уште да не и давам цуцла ама она нонстоп бара да е на цицка. На секој саат цица и заспива со неа. Па таман сум ја ставила во креветче се буди и пак на цицка. Веќе не можам да издржам.
Како да не...моево одма со цуцла од Philips avent имам одма ја прифати и си тераме ...некогаш ако го заспива друг му ја дава цуцлата а ако е со мене мора да поцица ...Ако е многу со плачење цуцето и се смирува ...Од која причина да не даваш,?
Биди среќна ако цица и прифаќа цуцла, кешки мојава да сакаше . И првото и второто после две недели од раѓање да можеа ќе ме гаѓаа со цуцлата ко им ја давав.
И јас дадов од сам старт цуцла Авент. И во болницата му ставаа, ама не заприметив каква беше. Само за заспивање ја сака, онака воопшто не.
Дали кога ќе преминат од 5 на 4 дремки на 4 месеци значи дека регресијата завршила или нема врска едното со другото?