Да ама кога тогаш ќе мораш да излезеш. Јас бев на свадба, ги оставив и двете баби, да се дружат. Се вративме во 1 и сабајлето за Охрид тргнавме со нејзе. Екстра поминав, да ја мислев цело време ја гледав на камера, ама не можам да се затворам дома и никаде да не излезам. А не би мачела бебе по свадби со толку луѓе.
Ние мака немавме никако, супер поминавме. Секое бебе различно. Ротата треба да се прими до 11+6 најкасно.
Да не ти спие многу денски, или да не е преморена навечер? Мојата кога е преморена така вришти на цел глас и се фрла наназад. Пиши ми ако сакаш порака
Сосема нормално, фаза е и мојава така беше и нормално прво кажа баба хахс и бабиве радости Иако зборов не им значи баба нормално, уште не разбираат него се во фаза што ја викаат бабалинг, каде испуштаат звуци ба ба, та та, да да, ма ма, па па . Нека вика па ти јачаат усни мускули и јазик, души мили
Мајки да ве прашам дали е нормално или да ја носам на доктор да кажи Шареницата на левото око е нормална додека на десното низ шареницата има како црна дамка нормално е или не... Што да правам?
Да се смириш, и да прекинеш да паничиш. Ако вака продолжиш кај ти е крајот, женска. Очите на бебињата до година оформуваат боја. Немаш потреба од грижи, каде што нема. Уживај малку, ајде свари кафенце и гушкај бебе.
Јас имам зелени очи, а на десното око од раѓање имам три кафени дамки, па фала богу супер гледам Без грижи, се формира бојата на очите, не туку трчај по доктори, ќе закачи вирус некој бебе.
Во втор скок сме ваљда и не знам како ќе го издржиме… 8 недели од раѓање - 7.5 од термин. Ноќе до вчера спиеше ок (станува на 3 саати) ама затоа дење денес и вчера како роб се осеќам. Не можам ни да се измочам од што само кај мене во раце бара и блиску до цицка… Цел ден и е: малку ќе поцица, ќе задреме 10-15 минути, ќе се разбуди растревожена и ќе се расплака, ќе ја смирам, пак ќе поцица и така во круг… Префрлање во креветче нема шанси одма се буди. Плус и грчеви има и на секое прдење плаче… Ах кажете некој совет и утеха како да и помогнам и да не полудам дур трае ова. Се осеќам немоќно и преморено… Мочање ми е луксуз а не па да одам да се избањам…
Како да ти кажам, стегни заби и издржи, проаѓа. Иста бев не можев да се измочам на раат камоли да се избањам. 24/7 на цицка дремеше значи дури низ магла го памтам тој период од што бев преморена. Пушти серија, гледај нешто и бебето нека ти е приоритет. За дома да не се замараш ич, некој ако имаш викни си да ти помогне а вие гушкајте се. Мало е уште
Леле тој втор скок… Од сите скокови досега што биле, јас тој најмногу го осетив. Еве четврт пројде, ништо не осетив како тој вториот што го осетив. Ништо живо не и беше погодено. Еден ден дури на педијатар ја однесов, мислев дека не и е добро нешто. Кај нас не влијаеше на ноќното спиење, ама преку ден да се издишам погрешно плачеше. Добра работа е што не трае долго (иако изгледа како вечност). Кај нас беше недела ипол, почна од 7.5 и траеше до 9 недела. Стегни заби и издржи, уште малку.
И ние сме во втор скок ... сметај дека потполно те разбирам па и вакцина примивме температура омалаксан не јади ... Не верував во скокови ама поверував....
Тие што имате по 4, 5 дремки, по колку ви траат? Мојава некако едвај 4 и ги стиснувам и тоа на последната протестира..
Совет нема, колку и да изглед тешко сега ќе помине. Јас се истрауматизирав од тој скок за сите наредни само дремам и бројам денови не смеам ништо да испланирам во предвидениот скок, а за среќа после тој скок сме немале ни приближно таква драма. Остави се друго да врши маж/помош, седи си со детето, храни се да имаш енергија и диши, ќе помине.