И како ти се буди после тоа кратките дремки, расположено или кенкаво? Мојава после 45 мин сака да спие уште ама не може да презаспие и после кенка
Расположен е после секоја дремка. Кенкав знае да биде после дремка ако стане гладен само. Сите бебенца се различни мајка. Ние сме во 4ти скок. Преку ден е добар сега за сега, ама навечер немаме сон. Се буди цело време. Хаос е мал збор.
Мојава скрати од 5 на 4 дремки, веќе 10тина дена сме само со 4 во слично време. Спие од 30-50 минути, најчесто 3 и се по 30-40 минути и една да има така подолга од 50 минути, ретко ретко 1 саат. Ама вкупно 3-3.5 часа и се дневните што е океј собрано. Сите до една во раце.
Мајки вие што доите, периодот од доручек до ручек, што давате како замена за цицка кога тргнавте на работа?
Ако уште некаде прочитам за прозори на будност ќе се мрднам начисто.Само кај мене ли нефункционира тоа бе...бебе јаде па спие па игра и се таја во круг Е сега не требало да се заспива со јадење туку да се поигра.Ајде пробавме ,заспа после 15 мин игра,ајде спиеше 15 мин па се пробуди,во раце пак заспа,спушти го се буди за кратко.Абе живци искинав ем ја капната ем него му се спие,џабе гледам саат пратам прозори чуда џабе.Уште па да треба да искочиме око не склопува освен кога се вози во кола.Па кај ќе искочам кутрото око нема да склопи заробена дома ќе останам.Тек сега навечер кога ќе е убаво он мора да спие во 20 часот ноќното.Што тогаш.А да не зборам дека кога спие преку ден мора тишина и затемнето завеси иначе љубопитниов нема шанси око да затвори.Не знам како не израснале нас ама јас не сврзувам крај еве...3 месеци за 1 недела ко 3 години ми се.
Слично сме и ние, ќе влезиме во шема не се секирај. Зошто да не заспива со јадење? Моето најчесто со цицање заспива.
Нѐ израснале така што не читале све и свашта (добро не ни имале многу од каде), туку нас нѐ следеле - му се спие - ќе спие, му се јаде - ќе јаде. Заспало на цицка - најголем дел од доени бебиња така заспиваат и заспивале, зошто тоа да е погрешно, а ова новоизмисленово eat, play, sleep да е правилното? Сами си го отежнуваме периодот, а толку прост е, следи го бебето, нема универзална шема за бебиња исто ко што нема ни за возрасни.
Да бе и нашите сигурно прателе прозори на будност и не знам што глупости... по 'книга' да се гледа дете е тешко посебно ако се замараш да фаќаш ред како што кажуваат или пишуваат. Секое дете е различно и секоја мајка си го познава своето дете. Немам искуство којзнае какво прво дете ми е ама правам како што сака тој и како што ни одговара фаќаме ред. Некои заспиваат во 20ч моето заспива во 00ч може не треба така и не е нормално ама така тераме и засега добро функционираме. Како што растат ќе се кратат дремки ќе има поголем прозор на будност ќе фатиме ред. Прави како што тоа сака и гледај да не ти ствара дополнителен притисок за да можеш да одмориш и ти, не се сите деца исти, споредби нема.
На 5, ама не сакаше, па на 6 дадов пак и сакаше. По неколку лажички два дена по ред, сабајле и попладне, после тињ два дена нов вкус и така цело време дур не ги испроба вкусовите, па после почнав со житарки, и веќе полека воведувам доручек.
Така правам и јас, ама другарка ми рече дека требало 3 дена пауза, па да си прашам да не мора така да се прави.
Да бе, така до година нема доручек да има. Пауза се прави ако прима вакцини или некоја реакција има од храната, иначе нема зашто.
Ја мојава во раце ако ја држам по 2 саати знае да спие. Сега спие сама во спална последно 45 минути макссс
Па некои почнуваат од 4ри ама со причина, ние почнавме од 5, не сакаше ништо, доено бебе, строго цице. И паузирав до 6ти, па почнав и сега за сега се сака, се надевам и така ќе остане. Ама можеш од 5.
Татјана ви рече од 5 ? Мене ми рече со полни 6 и 2 недели отприлика да почнеме. Зашто толку касно ми вика?
Не, на моја иницијатива на 5. Иначе со полни 6 ми рече, зашто дојам. Дека до 6 месеци е ексклузивно доење. Не знам зашто плус две недели ти рекла.