Што има тоа врска? Не сум слушнала до сега дека нешто има врска. Што ти појасни педијатарот? И ние сме со атопична.
Затоа што сакам побрзо да ја одбијам, ама тешко, не ми прифаќа ад никакво. Внесувам полека преку оризови и овесни каши, ги јаде, ама вака не сака, ќе видиме.
Заради можни алергии, кај бебиња со атопичен дерматит се почнувало со полни 6 месеци со воведување храна.
И мојава е со атопична, не знаев. Ама нема до сега ништо. Мене не ми спомна така, ми рече дека ексклузивно доење е до 6, немало потреба порано да се почне.
И ние сме само на доење, баш праша кога го носевме. Па може и тоа е причина плус. Ама ми напомена за бебиња со атопичен дерматит со полни 6 месеци се почнува.
Е иста бев, не му се секирај. Ништо не следев, а и не се ни интересирав искрено оти и јас како тебе со прво бебе, јаде, спие, плаче од грчеви, кенка од скокови и таман лудница да фатев. После 6 месеци фативме ред со дремки. До тогаш кога му се јаде ќе јаде, кога му се спие ќе спие и така...
Педијатар така предложи, додека проба, наполни 5 и воведов доручек. Млекото веќе не го заситуваше, ни како бебе не минеа 3 саата за да јаде, а не пак поголем. Беше лакомо бебе, и голем се роди 3870 и затоа почнав порано.
Колку скокови се ??? Втор сме не можам повеќе ми се плачи не можам да издржам ....Ќе си пукнам вакцина скок гости вака треба така треба ова она оди чоек остајте ме рајат ...Нервно попуштам и од притисоци ....Сега со вакцината сака в раце така и спие ...Така си го научила кога ќе слушнам така ми иди упм да пратам се ...
Кажи им: Да го седнав бебе на стол и му кажав: Од сега само во раце ќе седиш! Јас вака одговарам. Не дека и не беше држена мојата во раце, особено од мм. Ама па и да си научила, што ги боли бре газот? Иначе има скокови уште. Па други вакцини, заби… Ама се е период и ќе помине. Стави ја оваа реченица во глава и полесно ќе ти биде. Ама најозбилно ти кажувам.
Ние уште поголеми 4300 се роди беше лакомо на почеток многу сега веќе не. Цица на 2.5 - 3 часа ама добро напреднува и затоа ми кажа на следна контрола со 5 месеци полни ќе почнеме со вкусови инаку само на доење сме.
Да јас пробувам преку ден да зголемам, сега читам 7ма недела сме треба да е будна од 60-90 мин, ние по 40 мин и со млекото е заспано, последните 20 мл ги пиеме со чепкање, штипкање итн... а како се буди бара млеко и ајде пробувам да одолжам со пацифер малку некоја картичка со контраст бои да гледа ама нервозна е за јадење и јаде и заспана е... нема време за вежби
Јас на почеток бев очајна мислам дека заробена бев, ама имав и многу болки кога дојдовме дома, тешко беше ама по некое време си ставив во глава дека тоа ми е работа и на тоа бебе му треба мајка што не е нервозна. Зависи само од мене, јас ако не го гушкам и држам кој, јас ако не му дадам да цице кој. Ми велеа не го држи враце ќе го научиш, ама не слушав никој, тоа дете со години го чекав и сонував за него за некој да ми кажува што и како, не знаев ама правев и правам како што чуствувам дека треба. Имам среќно, насмеано и најадено бебе и друго не ми е важно ич Тргни на страна се и направи периодов да ти е уживање оти времето лета. Заеби и работа низ дома и ручеци и баби и гости и се. Немора да идат секој ден и гости одложувај ако не ти влијаат позитивно оти само лошо си правиш.
Како така ...Мене ме прашуваат што има за ручек ... ми иди се да баталам не можиш ништо на му речиш на се одговор има ...експерти за гледање деца имам .. па уште ако кажиш нешто оооо готово проблем е ...Ми иди со се дете да заминам на некоја планина ни телефон ни ништо рајат да бидам... оти ќе пукнам дефинитивно Едит само се грижам од нервоза да не снемам млеко е тука болката ми е
Јас немам мака со бебе се снајдувам преубаво ми е со него не се бунам и кога ќе плачи гледам да го смирам и в раце го држам се значи најадено ќе прошетаме вежбаме сега гугаме...Проблем е што не можам од околината да издржам значи сите се знаат освен јас ... Го тераш да спија ако не спие е вознемирен кемчи значи сега се го интересира ако не заспие плачи бара да го заспијам е се јас намерно го успивам... Со вакцината одбиваше храна не можам така да го оставам ти со сила му даваш не треба така то си знај кога му треба ... ужас
Живееш со нив или не? Ако не, не отварај врата и не кревај телефон. Ако сте во иста куќа, влези во спална и заклучи. Крај краева, ќе спискаш малце. 8 ипол месеци е мојата, па други мислат дека знаат повеќе за неа де. Такви муабети ќе имаш постојано. Само ќе научиш да ги игнорираш или дрско-културно да одговориш. Јас на секој муабет се вртам или коментирам гласно. Станувам и излагам или тргам од кај што сум. Среќа па сами сме со мм на спрат, свеки кога ќе се качеше или еве сега, ако каже нешто и давам одговор. Со мајка ми е полесно. И да се скарам, мајка ми е. И она не е баш некое цвеќе де.