Со нив... ах па мајка ми мислам дека од кога се породив е сменета или пак јас сум ... порано дали повеќе трпев или помалку се мешала не знаам ...
Немој да ја малтретираш ако е нервозна за јадење, барем јас не би чекала многу да се изнервира. И мене ми е прво и искрено ми беше чудно кога почна подолго да е буден, сам си покажа не знам ни која недела беше.
Исто беше и кај мене, зошто со сила сум го заспивала, зошто ова зошто она. Зошто сега млеко, зошто сега плачи не знам шо. Од ваквите непотребни секирации и нерви кои си ги правев, ми прекина млекото. А ИМАВ. Ама секој ден со плачки и нерви бев. Ама ќе помине, само да знаеш да искулираш и да си го гледаш бебето како сакаш ти. Мало е и нормално дека ќе му е најубаво во раце, уште не знае каде е. И брзо ќе ти порасне, уживај со бебето.
Јас затоа и не викнав никој ни мајка ни свекрва, а и ми рече мене и на мајками првиот ден демек ти немаш потребаа ее јатрвати е со две неа треба да и помогнам и океј. Решив сама најдобро, мм беше дома две недели јас како така се снаоѓам, желудникот само почна да ме мачи затоа што не јадам редовно и немам време ни желба да готвам моментално. Др све сама пеглам средувам... ќе биде здравје. Подобро вака него да трпам такви коментари кога можам да избегнам.
Од сама поубаво нема. Раатот нема цена. А не некој да ти соли памет за секој можен чекор. Во врска со не јадење, исто беше и кај мене. Еднаш во ден успевав да јадам, и тоа на брзина од нога што се вели Сега вака кога ќе си го вратам времето ми е криво што гледав да ми биде се под конец, средено и наредено.абе гледај си бебе таму, него си му најпотребна.
Викај си ја мајка ти за пеглање, што се замараш со коментарите од свекрвата. Ако не сака нека не помага ич.
Значи ќе мораш да научиш да ги игнорираш тие коментари. И јас нонстоп добивам посебно кога сме кај свекрва ми на ручек. Ти им викаш треба да спие малата, еее вие ни ја носите само кога е за спиење намерно за да не ја гледаме, па еве видете ја не и се спие она кога ќе сака сама ќе си заспие (а бебево жар во очите). Среќа маж ми ги сече во корен да бе им вика вие повеќе од нас знаете ај дајте сега бебето да си го успиеме. Значи не знам коментариве.. или свекрва ми кога ќе земе да и се дере во фаца и малава почнува да вришти од нервоза. Ти и викаш не и прави така ја збеснуваш, неее она си игра со мене видете како вика. Е тогаш маж ми иде го зима бебето и го крие во друга соба. Ама јас не можам да вратам, го оставам него он да врати на неговите а јас на моите. Ама коментарите, со тек на време научив од едно влага од друго излага.
Потешко е сам, ама мирот нема цена. Мене еднаш на гости свекрвата ми кажа дека касно заспивала, а беба со грчеви на раце нишкање по 3/4саати секоја ноќ. Се молев да заспие порано и кога ми го кажа ова му кажав на маж ми да и каже да си ги чува забелешките од тука натака за себе. Затоа и доаѓа еднаш месечно да ја види и не дозволувам никаква тема за одгледување дете да се започне, одма вртам на заебанција цица ли не бе и даваме сеа сладолед дека топло, а колку мењаш памперси аа не ставаме она си кажува више за вц. Покажете и малку став не прикажувајте дека сте несигурни и исплашени пред такви солачи на памет. За секоја недоумица си има педијатар, патронажна сестра, консултант за доење па дури и форумов е покорисен од некои вакви роднини.
Разбирам да сака да даде совет, ама претежно не е совет, туку солење памет. И те тера на нејзин начин да одгледуваш ТВОЕ дете. Аууу колку иритирачки. Не те оставаат, буквално не те оставаат, да си поуживаш со бебето. А форумот да не беше, мислам уште ќе страдав од постпородилна депресија
Лелееее, од збор до збор истово "еее вие ни ја носите само кога е за спиење намерно за да не ја гледаме, па еве видете ја не и се спие она кога ќе сака сама ќе си заспие"
Абе не се секирај ама не можам капнав.Бебе само во тишина заспива како ќе искочиме некаде.Кенка му се спие ама нејке љубопитно е.Скроз уморна сум и налет прозори и врати и што не.
Не знам како е прост овој процес на растење дете јас полудев.Пробувам да фатам некој ритам али не бре.Капнав луѓе
Кога е тој дел со одмарање?Спие 15 мин ако не сум до него да го презаспијам толку.Зборам за денските дремки.Еве сме во раце спие.Како стигате жени и ручеци и куќа бре.Он заспива ноќно во 20 часот ја трчам во 21 да легнам да поспијам ,ако не стане во 23
Се што ти се случува. Дека е нормално, бебе е ќе менува цело време, бебињата осеќаат, а ти цело време си под стрес, тебе те осеќа највеќе. Се што поминуваш е многу нормално, тоа треба да го прифатиш.
Тие 15 ми дур спие и си до него одмарај одмор не е само ако лежеш и спиеш барем не за мене, се одмарам и ручек дур правам или пеглам на пример. Убаво и Фрникс кажала тоа што сакав, прифати ситуација и тоа е тоа. Нервозно, тешко ама што фајде кога си нервозна осеќа и тоа уште толку. Бебе е не знае ништо и зависи од тебе... плус период е нема секогаш да се така мали, нема секогаш да сакаат да сме до нив или да спијат до нас... не знам може ваквиот муабет ве нервира ама јас така си ставив во глава дека е и тоа е тоа. Мојот спие во галама, некогаш се штрекнува во сон ама и усисавам пред него, и ручек праам, и садови раскревам и се, тв е пуштен... се оваа е уште од почеток дур дојдовме од болница. Некогаш кенка плаче дур е во количка а јас работам нешто ама зборам 24/7 устата ми се суши од зборење, брмчење, шшкање, ама ете така некако успевам да го занимавам Заспива во раце и го оставам ако се разбуди го земам пак заспива пак го оставам, како инаку ќе се научи.
Колкаво е бебе? Моето 8ипол месеци е, уште дремам до него на дневните дремки оти обавезно се буди, да го презаспивам и јас. Јас се помирив дека е такво, со немирно спиење.а има бебиња што спијат, топ не ги буди. Порано кога беше помал, дури спиеше, јас трчај по соби да средам. Ама сега не. Тој спие, јас до него, ако ништо друго, нозете да ги одморам. Средувам низ куќа дури е буден, го ставам на подлога па на брзинка средувам. Навечер иста сум го заспивам во 21, и легнувам и јас да преспијам, оти некогаш се буди мноооогу често. Мислам дека веќе отрпнав од се. Со тек на време и кај тебе така ќе биде. Само издржи