3 месеци ко 3 вечности.Срам ми е вака кога се жалам се осеќам како помалце мајка ама па ако не тука каде.Кога гледам и читам како бебињата им преспиваат се ,љубоморам искрено.Мојов клучеви да тропнат надвор ќе слушне.Абе бирав папучи доле да не тропаат.И како да го тренирам да спие у бучава кога и тие 15 мин ако не заспие ќе изгинам.
Бел шум, ама гласно пуштен. Ќе ги камуфлира другите звуци. Шумиш, од јутуб, апликации, јас на спотифај си пуштам. И телевизор обавезно пуштен да врти најчесто некоја серија за да има дијалог. https://open.spotify.com/episode/3ZsQfE4n9Ct05vONjAFbAp?si=_0ZxOunKTAO72E92O5TGNg
Јас овде колку се имам жалено охооо. Не е дека некоја е помалку мајка. Сите сме уморни, посебно првите месеци Ако ти е за утеха, и мојот не спие во бучава. Нема шанса. Само White noise, и дење и ноќе Сега му се малку подолги дремките, па можам да кажам дека малце од малце сум одморена. Ама ќе смени со дремките, верувај. Мојот до 5 месеци спиеше по 20 минути. Не можев да седнам 5 минути. Сега е подобар. Ќе сменуваат.
Колку ми е криво кога ќе прочитам вакво нешто си снемала млеко ради недолични и не побарани коментари. А тие нормално, бираат да се нај паметни кога жената е нај ранлива, после породување. Јас откако станав мајка, се сменив тотално. За детево, мислам можам да утепам некој(не во буквална смисла) ај да речеме да му покажам на тој некој каде му е местото. Имав среќа да немам вакви личности покрај себе, ама да изгубам млеко поради 3ти особи...тешко тоа! По природа сум ќутлива, срамежлива ама кога добив дете се смени тоа. Не сакам ни да знам како им е на еве тебе и слични на тебе со мајка/свекрва/стринка да слушаат коментари и да се прават паметни. Тоа е стрес а на бебето му треба среќна мајка. Решение има, ако некој почнува прв, се враќа на тоа. Они своите деца си ги изгледале, ред е ние нашите да си ги гледаме. Тука треба и мажот да им го покаже местото посебно ако свекорот и свекрвата се тие паметните. Јас немав убаво детство, ниту родители за восхит и затоа сега сум родител нај пожртвуван на цел свет на моето дете. Жртва во смисол сè ќе направам за детето да ми е среќно и пуштено на прав пат. Се распишував...ама искрено, сочувствувам со секоја што поминува низ вакво нешто. Кога ќе се добие дете, нај важни сте си вие и детето, се друго, пријатно! Ти посакувам со второ(надевајќи се дека си го тргнала личностиве на страна) веќе искусна, да си бидеш по опуштена и ако сеуште имаш желба, да си доиш
После пораѓај секоја жена е хаос со хормоните. За што сум плачела кога ќе ми текне Секој збор во срце ме гаѓаше. Ама почнав да си играм на моја музика. Среќа па и сами сме. Свеки ќе се качеше ретко ретко. Со мајка ми полесно ми беше да се справам.
Не знаеш колку многу ми беше криво. А со кеф си го доев Ама тоа е. Некои луѓе се такви, без осет, посебно во такви ранливи моменти. Секој збор ти е на место. Мислам дека сега нема нешто што не би направила за своето дете! За со второто ( здравје Боже) ќе знам што и како со секој. Те гушкам
Е сигурно на 2 години нема на цицка да заспива. Ајде не читај многу убаво ти кажаа другиве, ќе менува.
Ова ти го зборат некои што не знаат каде им е местото и што зборат, ако слушаш експерти, деца до 5-6 месеци не можат да створат лоши навики како заспивање во раце и сл., а заспивање сами е можно дури после 5 зошто тогаш веќе почнуваат да развиваат вештини за самосмирување мојата нема поспиено повеќе од 40 минути еве веќе 4 месеци од кои 20 ги спие вл раце, и тоа е тоа кога ќе и дојде време ќе пробам да ја учам да заспива сама и подолго, засега ќе си ја гушкам и бакнувам додека ми нанка во рацете ЕДИТ: Исто што дојдовме до заклучок и тоа заедно со сестра ми е дека ретко која мајка - освен ако не станала скоро мајка - а најчесто коментираат тие што станале мајки пред 30 години - не памти ништо точно кога и како неговото дете правело, особено не што правело во првите месеци, а верувам и ние така ќе бидеме. зошто сестра ми ќе ми спомне нешто и ќе ја прашам "а тоа на 3 месеци" и ќе се замисли и ќе си рече, "па не, поголем беше". така исто свекрва ми ме убедува дека мм не плачел ама баш ич, ни кенкал ни ништо уште од кога се родил, yeah right
Леле морав да пишам. Исто свеки, маж ми пред 30 години не плачел, не кенкал, спиел од новороденче по цела ноќ, немал бебешки акни, не му растеле толку брзо ноктињата, не се гребел по лице. Ми се повраќа коа ќе земе да кажува. Изгледа кукла на батерии чувала
Абе јас знам дека ќе менуваат и секое дете си е приказна за себе ама па тешко ми е.Кога ќе видам др мајки исто време породени искочиле јаделе се нашминкале средиле.Јас со ѕверов 1 на ден јадам.Косава не се сеќавам кој датум беше кога ја исчешлав,пунџа заштитен знак и тоа заплеткана.луѓе нејкам да ми дојдат и да трошам време на глупи муабети безвредни.Ужас се осеќам.Покрај мене и аопругот иста рутина фаќа со тоа што он на работа иде,бар ќе смени
Кога ќе ми кажат се се заборава а ја кутрата утепана ова нема да го заборавам...не дека не вреди за таа фацичка ама леле немам сила
Да де. Па нормално тие пред 30 години биле совршени мајки со совршени бебиња. Ние сега новите мајки изведуваме и ништо не ни се докажува.
Ве читам и ми оди таква нервоза што сум премолчила многу работи. Исто и мм бил кукла на батерии како бебе. Многу ме повредуваше кога ја споредуваше мојата со другите внуци, тие биле мирни како бебе, спиеле повеќе, цицале...И кога ќе и речеше лелее на кого си ваква лошка??? Многу пати сакав да и речам на мама, на кого да биде.
Имам пишувано и порано. Да не гледаш средени, нашминкани, сите сме различни и не се споредувај. Еве за мене ќе ти кажам. Немам мајка и свекрва, маж отиде на пат 2 месеца беше син ми. Кога излеговме од болница: Садови куп. Алишта куп. Дете плаче, доење не успеав, ад прави де јас де маж ми. Првото бањање кога се вративме косата ја исчешлав после 4 дена. Се немам налакирано година и пол. 2 пати досега на фризер, чекав мм да дојде од пат да го чува. Маскара, пудра, кармин се отиде во ѓубре, што се исушило, што минал рок. Не можам да излезам, ретко ептен оти сите се со поголеми деца и обврски и додека се договореме ќе дојде Нова Година. Не одам на работа, дадов отказ, нема кој да го чува кога сум 2 смена и викенди и да оди во градинка, така што ни колешки, ни пријателки, ни шминка користам, ни нови алишта имам желба да купам. Луѓе и празни муабети нејќам ни јас, ни сега ни пред бебе. Сега е 11, моментално сум со мокра коса оти мора да го заспијам и немам време за фен, со несечени нокти, недепилирана Се уште лежам денски до него да го презаспијам, 2 дремки има, ноќе кенка од забите... Така да ако си немаш помош ко мене ќе си бидеш трпелива и полека ќе се среди се, ама дека ќе бидеме како претходно, тоа нема никогаш. Твоето е ептен мало, си сака мајка, има грчеви сигурно уште, скокови може поизразени. И јас бев многу нервозна, ама ништо со тоа нема да постигнеш. Кога ќе си влезеш во шемата полесно е, ама кај нас тоа се случи после 6 месец.