Јас и ти иста свекрва да не имаме И јас тоа си мислам, зошто ќерка ми ја вика кукличка (мн ми е одвратен тој надимак не дека е од неа туку општо ме нервира ) ваљда баш очекува да е кукла
Па не знам, внук ми беше мн тешко бебе исто, башка е роден во корона, во зима, со 4 годишно братче. Сестра ми скроз се промени со него. Ама еве денес памти дека имала лоши периоди со него, ама не до толку во детали, и не им придава значење толку. Може секој различно, не знам, ама верувам дека кога се ќе помине само ќе бидеш среќна што си го имаш бебчето, и ќе те радува кога ќе го гледаш како си расте
Ќути од такт ме вади жената. Ќе заплаче малава леле ама што ти е што те мачи сега сине (така и вика) леле мешето сигурно и се кака, да не е гладна, да не ја боли нешто лелее оток. Викам не, бебе е тоа и е работа да заплаче на моменти не може цело време да е насмеана. И иде тука коментарот дека син и не плачел. Ама научив да не ги регистрирам коментарите веќе, и така еднаш неделно се гледаме на 2 саати..
Кај мене нема коментари дека е гладна/жедна и слично. Кога плаче обавезно имам коментар дека е настината пошо ја шетам по кратки ракави. Или дека плаче пошо од негде дома кај нас и дува.
Свеки пред некој ден ми рече сакала да го прошета низ двор. Беше 25 степени и ми беше облечен само по боди на долги и хеланчиња. Без да ја видам земала и му облекла дебело тренерче и плус капата му ја ставила. Кога ја прашав зошто, страв ѝ било да нѐ настине. Ме изнервира многу. Се осетив како негрижлива мајка и дека детето голо си го шетам, а надвор пукаше сонце. Море и повеќе од 25 степени имаше. Бог да чува па да ми беше по кратки, скафандерот ќе му го облечеше.
И мене стандард ми коментира за хеланките дека и биле мали и се кревале нагоре. Како да и објаснам дека тоа е од што ја држат и им се лизга надоле. Ај да не се распишувам нервоза ќе ме фати пред спиење хахаха.
Јас стварно мислам дека иста свекрва имаме, значи се што кажа е баш исто, од збор до збор Јас од почеток не и ги регистрирам многу многу, освен кога плачев два дена од неа зошто кога беше бебка 2 недели (рачунај сме биле дома една недела), индиректно ми го плесна дека „Мајките требало да знаат што им е на бебињата во секој момент, со секоја фаца што ќе ја направеле, она знаела точно што му било на мм„ а го даде зошто почна да плаче ама онака повеќе кенкање отколку плачење и она ме праша што и е и реков па не знам (искрено не знаев, сега повеќе знам, ама пак има моменти кога не знам). А рачунај хормоните ми беа уште ептен хаос тој период, се породив царски ме болеше раната...... Иначе кај нас покрај тоа што кога ќе заплаче го прави тоа, секоја фаца според неа треба нешто да значи. Кога беше ептен само што родена, знаеше да си ја прави устата како О и она константно ме убедуваше дека тоа морало да значи нешто (спроед неа нормално нешто негативно). Сега кога гука бебка, а ептен си гука и збори, сигурно нешто сакала да каже дека и е (нормално пак е најверојатно нешто негативно дека и е)...
Бебе е 5 месеци. Некогаш заспива со вриштење и со нишкање, некогаш со цицање, некогаш така држејќи го гледам заспал, некогаш сам заспива на кревет. Ова што ти кажале да не слушаш. Јас неполни два месеци после породување доживеав свекор ми да не брка од дома затоа бебе не го виде три недели. Сега е "најгрижлив" дедо, пред народ посебно. Од тогаш наваму си добива одговор на секој негов коментар за бебе. Секогаш е - сине ти се јаде, сине ладно ми ти е. Каков син му велам, па син на мојот син е. Аха, викам, значи внук. На стомак. И кога не пуштија од болница, и на контролата после 6 недели. Потоа кај матичната на редовен преглед отидов, вагинално ме гледаше.
Како тоа да ве брка?? Леле какви луѓе постојат господи... Некои се само да се пуфкаат пред народот, а кога ти требаат, никаде ги нема. Се се враќа на своја глава..
Кога рандом баби (па и дедиња) во продавница ми се убацуваат за кратките ракави, цуцлата лажливка, гладот, жедта и останати непобарани советчиња, за свекрва (па макар и мама и баба) па што останало… Во маркет многу често ја носам малата, ептен сака да пазари госпоѓата, нема продавачка што не ја знае. Е тука баби стално ми почнуваат муабет со како нивната снаа/ќерка не правела вака како што правам јас *insert непобаран совет за облека, цуцла, степенажа на количка”. Или и се обраќаат на ќере со “леле оваа мајка ти кај те шета без чорапи”. Јас скроз отрпнав, дури некогаш не ни слушам, а се правам дека слушам и се смеам со заби бледо, а мислам што да нарачам од волт на пример. Да ме препрашаш што ми рекле нема да знам да ти одговорам. И на сите им викам “важи”.
Кај нас сега е врвот зошто рачињата му се ладни. Ааа и ако ика, значи ладно му е. И одма почнува со ,,ее бабе што се разика, да не ми ти студе бабино” . Или па ,,многу е мал инаку капни му малку лимон и одма ќе прекине да ика” . Не знам колку пати се потрудив да ѝ објаснам на женава дека едното со другото нема врска, ама веќе се откажав. Тогаш за тогаш добро ќе ми рече, утре иста песна. Ај почнав да се нервирам. Спиете ми убаво хаха.
Грчевите на најјако или ова млеко не одговара, гомца камен јано камен душо... и се разбуди за сат и 20 мин.. и ја фати нервоза буквално ни да лежи ни во раце положба и одговара се удираше со главчето во мене како што неможе да го контролира, и ајде цуцлата и во мене ја стави главата и шмука шмука шмука.. може 15 минути и подзаспа рано и беше за јадење немаше ни два часа од последен оброк и ајде го спремив млекото (чекам колиеф да делува) за да стане да јаде одма да не чека се буди кај 12 ипол пак нервозна да јаде и давам одма значи од 90 мл испи 30 и заспа.. абе ништо не ја буди, раце паднати, не реагира ни на штипење ни на зборење... ја однесов кај мм го разбудив да ја чепка јас да ја ранам и ништо не успеа и сега во креветче... и почна се грчи сега да видам во кој правец ќе иде кон спиење или кон будење и да заспие колку ќе ја држат овие 30 мл..
Е така, секакви ги има. Овие се посебно страшни, неостварени и сите им се криви и лоши, само они жртви. Не знам свекрва ми како го трпи цел живот. На коментар му се јаде почнав да враќам со дај му. Деде ладни ти се рачињата, готово викам замрзна детево. И така.
Колку сум лер за коментари од страна, дури не ми се верува. Со големата се нервирав, сега само викам аха, важи или да, така е. Е има едно бабе во населбава и партал се направив со неа зошто и сметаше што сум и помагала на ќерка со точакот на угорница, сама требало. Жено ај бркај си работа во двор, не туку мавај забелешки кој што прави на улица. И минатата недела од такт се извадив. Знае големата дека со непознати не смее да зборува без мое или на татко и присуство. Шетаме бебе, она на тротинет подалеку од нас, ама сепак да ја гледам и да можам да ја слушнам. Локалниот пијаница ја застанува, па почна да ја прашува како се вика, каде живее. Дете се штрекна и летачката накај мене. Па овој кога ми се пушти детето некултурно било. Па јас кога му се пуштив дека детето не разговара со непознати. Можеби он тука живее, ама од кај да знам јас колку е он опасен или не. Па почна да се дере. Леле ќе го замавав за малку. Само му реков ај друже бркај работа, пивни си пивце, ќе ти се стопли и да не си се обратил на мое дете веќе. Коментари за облечено/необлечено, јадено или не, нека не ве допираат. После ќе дојдат коментари околу дохрана, па околу тантруми, па околу пелени фрлање... секогаш се наоѓа по некој што ќе му засмета нешто. За мир на душичката само игнорирање, доколку нели не се работи за нешто што веќе ве загрозува.
Здраво женски еве и јас прв пат во оваа тема, бебето ми е 11 дена ја дојам ама не и стига. Голема е многу бара да цица преку ден цел ден е на града а навечер пошто немам веќе цела ме цеди и давам дохрана 120мл спие и на 3 саати после ја дојам. Качува килажа се е ок ама колку треба волку мало дете да јаде? Како да ми надојде повеќе млеко? Зошто и тоа преку ден ко да не и е доста… станува нервозна. Се пробав, чаеви, витамини, пиво…