Wow машала 120мл, баш гладна за толку мало. Буцка ќе биде. Највеќе стимулира бебе на града, мене исто доста ми надоаѓа од лактамикс чајот, ама бебе на града е најголем стимулатор. Обично по 60мл појат тогаш, ама сега секое бебе различно.
120мл? Ова од доктор ви е кажано? Ставај ја цело време да стимулира и јас бев иста по цела ноќ не спиев. Ќе надојде млекото со стимулацијата. Прочитај за cluster feeding да ти е појасно што се случува.
Полни 2 месеца денеска. Утрово ги прими првите вакцини. Колку денови се ризични за можна реакција? Можно е да е олку многу успан толку брзо ради вакцините?
120мл на 11 дена бебе??? Од кај тоа дека не и стига? Цица постојано за да стимулира не постои бебе родено големо што му требаат 120мл на 11 дена, ќе направиш проблем ќе му го прошириш желудникот прерано, ќе го товиш на кратко кажано со формула. Си направила грешка, не давај повеќе такви бесни количини, сигурно спие многу после прејадувањево. На денот бебе му се нуди 30мл ако е гладно уште 30 ама 120ка никако. И секој пропуштен подој е сигнал за телото дека тогаш не треба да произведува млеко. Телото е попаметно од нас, произведува колку е потребно, НО се додека ти соработуваш. Нема комплетно празнење гради постојано се произведува млеко се додека се троши, чај и суплементи не даваат резултат на копче треба континуитет. @Yowannty одма се успа кај мене по првите само што стасавме дома се комира. Цел ден беше поспана, реакција до три дена, ама кај нас само од ротата грчеви имаше, друго не.
120мл е премногу и за бебе само на адаптирано млеко, а не па комбинирано. Ние сме само на ад уште од старт, на таа возраст околу 45 пиеше на 3 часа. Сега на 4+ месеци пие толку, од 120-150мл.
Деновиве ја осеќам затната, особено од сабајле. Вчера кога влечев со ноското беа проѕирни, денес се малку зеленкасти. Дали да ја носам на доктор да ја види? 4м сме
@Noemi Цел ден е на града, ноќеска на 3 саати. Ако тоа не е стимулација не знам што е. Плус се измолзувам и тоа и го давам. Преку ден 60мл на 3 саати и се доста ама навечер многу бара не се смирува додека не се најаде убаво. Приметувам дека не и стига зошто е нервозна и упорно бара да цица. Ми рекоа да и ја распределам формулата во текот на денот на 3 саати а мајчино млеко да пие кога сака и да се измолзувам па така може навечер помалце ќе бара. Ќе пробам така па да видам дали ќе успее. Бабицата рече едноставно има голем апетит.
Не мора да значи дека бебе е гладно. Прогуглај кластер фидинг. Штом веќе си фаќа убаво и цица да знаеш дека со секоја дадена дохрана ти се намалува млекото. Мојава втората недела по цели ноќи висеше на цицка, па и цели денови, па не се сомневав дали имам или немам млеко. Телото наше и доењето се извонредни и функционираат точно спрема потребите на бебе.
Ставај на града кога сака и колку сака! И јас не знаев зошто така се однесува, @Noemi ми се најде во тие тешки моменти. Со такво цицање за еден месец накачи 1.5кг, а мислев гладен е затоа бара цело време да цица.
Ама доено бебе не бара да цица само од глад. За утеха, смирување, близина. На 3 часа за 11 дена бебе е екстра на 2часа е премија на таа возраст не па 3. Како знаеш дека нема млеко поради меки гради или пумпа? Тоа што бебе може да извади пумпа никогаш не може. Просто е cluster feeding период нормален е.
Цело време е со мене спие со нас не во креветче. После цел ден цицање со пумпата вчера вечер извадив само 5мл.
Најди си удобна позиција, серија, намести бебе, одмарај додека цица не фаќај друго, тежок период е, изгледа дека никогаш нема да се одлепи од града ама ќе помине верувај. Додека трепнеш ќе почне да цица по 10мин на оброк. Пиј си чај, јади протеини и пиј многу вода, полека намалувај формула, имаш млеко.
Оваа мојава што од 11 саат е на цицка, на колку саати да рачунам дека цица, еве го 14:30 е ?! Уште е конектирана . @arwen93 пред некој ден цицаше што цицаше, заспа, ај викам да доизмолзам со пумпа, извадив некои 40 мл, за кратко се разбуди, ја ставив на цицка - продолжи да цица . Гради ни еднаш не ми се стврднаа откако дојдовме од болница, бидејќи нема кога. Не се сомневај дека немаш млеко, буквално се создава според потребите. Штом само цица преку ден, не е можно да немаш навечер. Си бара близина едноставно, имаат скокови во раст (growth spurt), ги мачи стомаче... АД е покалорично, ги прејадува и затоа поцврсто спијат. Мене ми е второ цицалче , по цел ден е в раце и на цице, ама познато ми е веќе, брат ѝ беше ист ко бебе. Го зезам маж ми да одиме на трето, може тоа ќе цица под саат, ќе знае колку му е доста и ќе спие во креветче, ама не му се слуша некако .
Знам дека имам млеко ама мислам дека не и е доволно. Не може да е цел ден на цицка и навечер се корне од плачење и се јаде. Со царски сум и покасно ми надојде млекото. Буквално спие на мене цица и заспива на мене и маж ми ја зима додека да завршам јас нешто друго работа или кога треба да подригне така да не е ни до близината пак ја има. Не знам веќе…
Исти сме, скроз. Еве ја сега спие во раце, 5 пати од сабајле пробувам да ја спуштам во креветче не и не. Се буди и одма на цице, вака е мирна. Едвај дочекав мм да дојде да ја земе, да се измијам бе. Уште немам доручкувано .
Грчеви има многу се нервирам, а таман овие денови почна помирно да спие. Колку денови имаше грчеви твоето памтиш?
Од која маслена купка сте задоволни за сува кожа. Конкретно дали можи слика да ми пратите вие што користите на еуцерин маслената купка оти гледсм има поќе. И дали користите некое лусионче/масло за после капење за сува кожа кај бебче од еден месец
Ние од Еуцерин ги користиме оваа маслена купка и лосион за после бањање. За купката, сменета е амбалажата, моментално е ваква, инаку беше исто со бебенце и количка како кај лосионот.