Мајки не знам кај да прашам, знам во бременост се појавува кај многу трудници. Значи навечер таква нервоза ме фаќа со нозеве буквално две секунди не можам да лежам во иста позиција, нешто ме тера да мрдаж нонстоп не можам положба да си најдам. Како да ме чешкаат од внатре не знам како да објаснам. Што е ова? Пијам магнезиум
Јас имав вака пред бременост, цел живот и мислев дека сите имаат хаха многу неубаво чувство, се додека не прочитав дека се викало синдром на немирни нозе. Инаку, станував и ги ладев нозеве со вода, без да ги бришам, така легнував и ми беше многу подобро
Мајки дали пиете кафе додека доите, пошо прочитав дека може грчеви да прави, а јас едно еспресо на ден ми е обавезно.
И јас сум иста, ми иде да ги откорнам. Најчесто одам под туш и со најладна вода стојам колку можам подолго. И маж ми сирот скоро секој вечер ми ги масира и така ептен ми се смируваат. При крај на бременост почна овс и не се изгуби. Со првото немав нешто вакво. Ама нели се е тоа нормално, хормонски
Restless leg syndrome, боже колку исцрпувачко нешто. Јака доза магнезиум цитрат/бисглицинат + Б комплекс или Б6 повисока доза, тоа би требало да помогне. Исто провери си хемоглобин и железо, многу често и тоа е тригер.
По две а некогаш и 3то пијам, нејзе и нема влијание ни на сон ни на грчеви. Како што сум на 2саати сон со скоков и 5 би испила. Додека имаше грчеви до 3ти месец ништо не јадев и пак си имаше сеа јадам се и нема проблем.
Јас пиев едно турско од 30 мл, ама мојава имаше страшни грчеви со саати секој ден до 3 месеци. Ако твоето нема мака, пиј си ама сепак не претерувај, еспресото и појако е сепак.
Здраво мајки - доилки. Бебчето е 5+, денес 4ти ден како нема какано. Знам дека нема потреба од загриженост, на ексллузивно доење сме. Прашањето ми е можам ли нешто посебно јас да направам/јадам/пијам? Фала ви
Масажи на мешето на бебче со кружни движења (има на нет побарај) и можеш сливи да јадеш штом го доиш. Ако сте само на мајчино млеко, ми кажаа дека и до 14 дена може да не се искака.
Мене ми се појави почеток на бременоста. Страшно неубаво чувство, мислам скоро 2 месеци траеше. Исто, ноќе станував под туш со камен ладна вода и си легнував. Кај мене испадна од железото, ниско ми беше. Почнав со суплементи и одма се среди.
Пијам, и во бременост пиев. Едно турско насабајле (во огромна шолја, може и како две да се бројат) и нескафе со млеко попладне.
За среќа во бременост немам (засега), барем еден симптом да промашам Железото ми беше дури на горна граница, а и претходно не сум имала мака со ниско железо
Мајки, ова коритцето со собирање што е од гума во мапет е 1250 со се сунгерче. Дали е практично ? Мал простор имам и многу мало купатило па сакам да земам нешто за првите месеци што ќе го користам ама читам некаде по форумов коментари дека пропуштало вода ...
Па за толку ми треба, после се селиме во странство ќе си земам од таму. Ќе го зирнам во живо па ќе видам како ќе ми фати око
Јас имам такво ама од енци менци го зедов. Практично е многу и не зафаќа простор. Досега се покажа супер, еден месец го користиме.