Јас од Пики од Струмица го нарачав, со кофа и сад за посипување е комплет (исто на склопување е)и плус едно како подлога пластична. Мене ми е супер, еве 3 месеци го користиме и воопшто не пропушта вода.
Како да се тресе ? Знам дека кога е в раце си претка со ноџињата со рачина и главчето го врти .Како да се тресе ? Имам забележано кога напнува за какање така цел се стега Требало да објасни што би значело на што да внимаваш...докторите само за паника правење се
Се сеќавам и јас тој период се исплашив, прашував тука...кај мојава се покажа кога и се спиеше така правеше.
Не, не ни имав помислено дека е нешто бидејќи од кога знам за мене имам така. Само приметив дека најчесто ми се појавува на лето кога ми е многу топло
Мајки кои се индикации дека сигурно треба да се промени АД формула? Во кој случаеви вие би/сте ја промениле? Малава е целосно на АД исхрана хип комбиотик 1, има 26 дена. За целиов период педијатар вика дека добро напреднала. Пие максимум 60 мл, ретко повеќе, на 3 часа. Исто се случува и да бљуцне. Последниве ден два има проблем со какање, значи не може да се искака, кака и тврдо. Не кака секој ден, некогаш и преку еден ден, и тоа кога кака ептен се мачи, а колку што знам на АД треба да какаат барем еднаш во денот. Има мака тоа сум сигурна со какањето, исто има и многу грчеви. Дали мислите дека треба да се промени млекото?
Започнавме со Вкусови и вчера и денес пробуваме по малку банана и во изметот имаме како црни кончиња. Можно е да е од бананата? Ваши искуства? Инаку имавме проблем со столицата поради алергија на млечен протеин па ми е страв пак да не е од тоа (претходно немавме такви црни ленти, само дијареа).
Пак си се будиме на 2 саати Не можам да издржам колку ми се спие значи на никој друг начин не презаспива освен на цицка. И еве сабајлево во 6 стана. Во најслаткото што се вика хахаха аххх барем до 8 да поспиеше. Пробав и порано да ја легнувам џабе исто е се
И ние сме на Хип и не кака секој ден. Некогаш и преку еден ден. Како што ми кажа педијатар, тоа е нормално. Немора да значи дека е од млекцето. Ама спомни на доктор, па види што ќе ти каже. Не е грешка да пробаш и со друго млекце, ама не е страшно ако не се искака еден ден.
Исти сме и ние, немам живци веќе, точно 3 недели како трае оваа сага. Вчера до 12ипол што спиеше, после почна на 40мин да станува, 6 пати цицаше и во 6 и 15 стана финално спремна да го почне денот…Знам дека не трае вечно фазава, ама од сегашна перспектива ми личи дека нема крај
Мајки дајте совет како да подобриме дневни дремки? 8 недели е малата можда е и прерано да се обидувам за денските? Ноќното спиење е супер, си има рутина и заспива после бањање со доење од околу 8 и спие сама во креветче со 2 будења за цицање до 8 сабајле ама денски многу немирно дреме и кратко - најчесто во раце кај мене, штом ја префрлам одма отвара очи и не презаспива.
Чајот од стакленото шише 2 дена викаш го чуваш во фрижидер или? Дека јас од ден за ден правам не чувам за 2 дена, и на собна темп ми стои. Не знам како е најпаметно да и го давам/чувам...